ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 125
  • Романтична врска — дел 3: Дали треба да раскинеме?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Романтична врска — дел 3: Дали треба да раскинеме?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Како да се справиш со сомнежите
  • Како да донесеш одлука
  • Ако одлучиш да раскинете
  • Романтична врска — Дел 2: Што да очекувам кога ќе почнам врска?
    Младите прашуваат
  • Кога може да започнам врска со некого?
    Разбудете се! 2007
  • Романтична врска — Дел 1: Дали сум спремен за врска?
    Младите прашуваат
  • Тајна врска — што има тука опасно?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 125
Една девојка на својот телефон гледа во слика од неа и нејзиниот дечко.

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Романтична врска — Дел 3: Дали треба да раскинеме?

Во врска си веќе некое време, но почнуваш да имаш сомнежи. Дали да продолжиш со врската или да ја прекинеш? Оваа статија може да ти помогне да донесеш одлука.

Во оваа статија

  • Како да се справиш со сомнежите

  • Како да донесеш одлука

  • Ако одлучиш да раскинете

Како да се справиш со сомнежите

Откако некое време се во врска, еден дечко и една девојка можеби ќе сфатат дека не се толку слични како што мислеле на почетокот. На пример:

  • Едниот ужива да оди на плажа; другиот повеќе сака планина.

  • Едниот е екстроверт; другиот е интроверт.

  • Едниот има склоност да лаже; а другиот е секогаш искрен.

Забележи дека секоја од овие ситуации е различна. Првата се однесува на различни интереси; втората се однесува на различни особини; а третата се однесува на различни вредности.

Размисли: Со која од овие три разлики би ти било најтешко да се справиш ако одлучите да стапите во брак? А за која би можеле да направите компромис?

Еден сопруг и една сопруга може да имаат различни интереси или особини, а сепак да имаат среќен брак. На крајот на краиштата, да си одговараат еден на друг не значи да бидат идентични. Во некои случаи, и мажот и жената се учат да уживаат во интересите на другиот, па дури и да извлечат корист од особините на другиот.a

Од друга страна, многу е важно лицето со кое ќе стапиш во брак да има исти вредности како тебе — исти духовни, морални и етички уверувања. Ако ги нема, тоа е дефинитивно црвена сијаличка.

На пример, размисли за оние кои имаат различни верски уверувања. Во книгата Fighting for Your Marriage пишува: „Истражувањата постојано покажуваат дека сопружниците кои не се од иста религија е многу поверојатно да се разведат“.

Библиско начело: „Немојте да се здружувате со неверници“ (2. Коринќаните 6:14, Радосна Вест).

Како да донесеш одлука

Библијата вели дека оние што ќе стапат во брак „ќе имаат телесни неволји“ (1. Коринќаните 7:28). Затоа не биди изненаден ако уште сега, додека си во врска, имаш некоја од тие неволји.

Малите несогласувања не се секогаш показател дека врската нема да успее. Прашањето е: Дали тие несогласувања успевате да ги решите на мирен начин? Несомнено, на двајцата ќе ви биде потребна таа вештина ако стапите во брак.

Библиско начело: „Бидете милостиви еден спрема друг, имајте сомилост, спремно простувајќи си еден на друг“ (Ефешаните 4:32).

Од друга страна, честите или сериозните несогласувања може да се показател дека вие двајца едноставно не си одговарате. Ако е така, подобро да го сфатите тоа сега отколку подоцна!

Слики: Девојката која беше прикажана претходно, размислува за несогласувања кои ги имала со својот дечко. 1. Дечкото гледа во својот телефон и ја игнорира. 2. Тој се расправа со неа додека купуваат облека. 3. Таа покажува кон својот часовник кога тој доаѓа на нејзината врата.

Честите или сериозните несогласувања може да се показател дека вие двајца не си одговарате

Заклучок: Ако имаш сериозни сомнежи за лицето со кое си во врска, па дури и за тоа дали си спремен за брак, немој да ги игнорираш тие сомнежи!

Библиско начело: „Паметниот човек го гледа злото и се трга, а глупавите одат понатаму и ја трпат казната“ (Изреки 22:3).

Сијалица.

Предлог: Ако не си сигурен дали да продолжиш со врската, разговарај со некој зрел пријател кој е во брак. Иако тој пријател не може да донесе одлука за тебе, може да ти даде урамнотежен совет од лично искуство (Изреки 11:14).

Ако одлучиш да раскинете

Раскинувањето може да биде болно. Сепак, ако еден од вас, или двајцата, постојано имате сериозни сомнежи за врската, можеби најдобро би било да ја прекинете.

На кој начин би можел да го направиш тоа? Освен ако немаш добра причина за тоа, најдобро би било да не раскинеш преку порака или преку телефон. Наместо тоа, избери соодветно време и место за да разговарате за оваа сериозна работа.

Девојката разговара со својот дечко во едно кафуле.
Сијалица.

Предлог: Додека разговарате, биди тактичен, но цврст. Нема потреба да ги набројуваш сите грешки на другиот; концентрирај се на тоа зошто таа врска не функционира за тебе.

Библиски начело: „Зборувајте ја вистината еден со друг!“ (Захарија 8:16).

Дали крајот на врската значи дека си чисто промашување? Воопшто не. Имај на ум дека врската треба да ти помогне да донесеш одлука — да стапиш во брак со тоа лице, или не. Дури и ако една врска прекине, сѐ уште можеш да извлечеш важни поуки од тоа искуство.

Прашај се: „Што научив за себе од оваа врска? Дали ова искуство ми покажа на кои подрачја треба да се подобрувам? Што би направил поинаку доколку повторно започнам врска?“

a За подобро да разбереш како овие предизвици може да влијаат врз еден сопруг и една сопруга, види ги статиите „Совети за семејствата — да се живее со разликите“ и „Совети за семејствата — позитивната страна на особините што те нервираат“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели