ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mrt статија 134
  • Насилството не е решение

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Насилството не е решение
  • Разно
  • Поднаслови
  • Што кажал Исус
  • Што правел Исус и што ќе направи во иднина
Разно
mrt статија 134
Исус поучува група луѓе во која има мажи, жени и деца.

УЧИ ОД ИСУС

Насилството не е решение

Сѐ повеќе луѓе денес сметаат дека насилството е решение за проблемите и несогласувањата. Но, таквиот начин на размислување е сосема спротивен од учењата и примерот на Исус Христос. Размисли за некои работи кои тој ги кажал и ги направил.

Што кажал Исус

Во неговата позната Проповед на гората, Исус поучувал дека гневот и насилството не се решение за несогласувањата. Еве неколку примери:

  • „Сѐ што сакате луѓето да ви прават вам, правете им го и вие ним“ (Матеј 7:12; Лука 6:31). Овој совет, кој честопати е наречен Златното правило,a нѐ поттикнува да постапуваме со другите онака како што сакаме другите да постапуваат со нас. Бидејќи никој од нас не сака другите да постапуваат насилно со него, зарем не треба да се трудиме да постапуваме со сите луѓе љубезно и со почит — дури и кога не се согласуваме со нив?

  • „Ако некој ти удри шлаканица по десниот образ, сврти му го и другиот“ (Матеј 5:38, 39; Лука 6:29). Со овие зборови, Исус не сакал да каже дека треба да им дозволиме на другите да се однесуваат лошо со нас. Наместо тоа, тој го исправил погрешното верување дека е во ред да се одмаздуваме, за кое очигледно поучувале некои верски водачи. Исус им кажувал на своите следбеници дека не треба да се одмаздуваат, туку да се трудат со благост да им возвратат на оние што постапуваат лошо со нив.b

  • „Сакајте ги своите непријатели“ (Матеј 5:43, 44; Лука 6:27). Исус поучувал дека треба да бидеме љубезни со оние што нѐ мразат и постапуваат неправедно со нас. Тој не сакал да каже дека треба да го одобруваме нивното погрешно постапување.c Но, кога сме љубезни со оние што нѐ мразат, можеме да им помогнеме да се смират, па дури и тие да бидат љубезни со нас.

Што правел Исус и што ќе направи во иднина

Исус поучувал дека насилството не е решение — и живеел во склад со она за кое поучувал. Ноќта кога бил уапсен, еден од неговите следбеници сакал да го одбрани на насилен начин, но Исус рекол: „Врати го својот меч на неговото место, зашто сите што ќе се фатат за меч, од меч ќе загинат“ (Матеј 26:52). Исус им покажал љубов на своите непријатели така што им простил на оние кои постапувале лошо со него, па дури и се молел за нив! (Лука 23:33, 34; 1. Петрово 2:23).

Библијата ветува дека Исус — како Кнез на Мирот — наскоро ќе му стави крај на сето насилство (Исаија 9:6, 7). За да дознаеш нешто повеќе за оваа прекрасна иднина, прочитај ја статијата „Како ќе им дојде крај на војните и конфликтите“.

a За повеќе информации, прочитај ја статијата „Шта је златно правило?“.

b За повеќе информации, прочитај ја статијата „Шта значи правило ’око за око‘?“.

c За повеќе информации, прочитај ја статијата „Шта значи волети непријатеље?“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели