ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bi12 стр. 1689-1691
  • 5 „Тартар“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 5 „Тартар“
  • Свето писмо — превод Нов свет
  • Сличен материјал
  • Обрни внимание на Божјата пророчка реч!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Избрани стихови од Посланијата на Јаков и на Петар
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Постојат ли злобни ангели?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Повеќе
Свето писмо — превод Нов свет
5 „Тартар“

5 „Тартар“

2. Петрово 2:4 — „Ги фрли во тартар“
Грчки: тартаро́сас; латински: detractos in Tartarum (детра́ктос ин Та́ртарум); сириски: ʽagen ʼenun beThachtayathaʼ (аген енун бетахтајата)

Зборот „тартар“ се наоѓа само во 2Пе 2:4. Се јавува како дел од грчкиот глагол тартаро́о, па затоа тој глагол е преведен со изразот „ги фрли во тартар“.

Во поемата Илијада, античкиот поет Хомер го користи зборот та́ртарос како назив за подземен затвор кој се наоѓал толку длабоко под Адот колку што е земјата далеку од небото. Во него не биле заробени човечки души, туку нижи богови, духови, односно Кронос и други титани кои се побуниле против Зевс (Јупитер). Значи, тој затвор митските богови им го намениле на духовите кои ги исфрлиле од небото. Се наоѓал под Адот во кој, наводно, по смртта биле заробени човечки души. Во митологијата, та́ртарос бил најмрачниот и најдлабокиот дел на подземниот свет. Го опкружувал целиот подземен свет како што небото го опкружува сето она што се наоѓа над земјата. Затоа во паганската грчка митологија та́ртарос бил познат како затвор во кој биле затворени и понижени титани, односно духови, а не човечки души.

Во Јов 40:20, во преводот Септуагинта, за нилскиот коњ (вехемот) пишува: „Кога ќе се искачи на стрмна планина, ги развеселува четириножните суштества во длабочината [ἐν τῷ ταρτάρῳ („во тартар“)]“. А во Јов 41:23, 24 (во преводот Нов свет тоа се стиховите 41:31, 32) за крокодилот (левијатанот) пишува: „Од него длабочината врие како бакарен котел; морето му е како лонец со маст, а најдлабоката длабочина [τὸν δὲ τάρταρον τῆς ἀβύσσου („тартар на бездната“)] како затвореник: тој смета дека длабочината е негова“. Начинот на кој изразот та́ртарос се користи во овие стихови во Септуагинтата јасно покажува дека тој збор означувал длабочина, односно најдлабокиот дел на бездната.

Според вдахновениот библиски текст, во та́ртарос не се сместени човечки души, туку само духовни суштества, односно ,ангелите кои згрешиле‘. Фрлањето во та́ртарос ја означува нивната состојба на најдлабоко понижување, во која се наоѓаат додека сѐ уште се живи. Тоа е казна за нивната побуна против Севишниот Бог. А со нивното понижување апостол Петар ја поврзува темнината кога вели дека Бог ,ги предал во мрачни јами за да бидат чувани за суд‘ (2Пе 2:4).

Во своите митови и легенди за Кронос и за бунтовните титански богови, паганите, всушност, на искривен начин го опишале понижувањето на бунтовните духови. Спротивно на тоа, со глаголот тартаро́о (,фрла во тартар‘), Петар не сакал да каже дека ,ангелите кои згрешиле‘ се фрлени во некаков Тартар, како што го прикажува паганската митологија, туку дека Семоќниот Бог ги исфрлил од небото и им ја одзел почесната служба што ја имале, и дека ги фрлил во симболична бездна на потполна душевна темнина каде што до нивниот ум не допира духовната светлина и не ги разбираат Божјите намери. Нив ги очекува мрачен крај бидејќи Библијата покажува дека ќе бидат уништени засекогаш заедно со својот водач Сатана Ѓаволот. Според тоа, зборот тартар ја означува состојбата на најдлабоко понижување на тие бунтовни ангели.

Во вдахновениот библиски текст, тартарот не се поврзува со адот, односно со симболичното заедничко место (гробот) во кое одат мртвите луѓе. Библијата не вели дека грешните ангели и душите на мртвите луѓе се наоѓаат заедно во тартарот, како во место каде што суштествата страдаат во вечни маки. Тартарот ќе исчезне кога Врховниот Судија ќе ги уништи бунтовните ангели кои сега се наоѓаат во таа состојба на пониженост.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели