ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g93 8/1 стр. 10-11
  • Под притисок во борба за живот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Под притисок во борба за живот
  • Разбудете се! 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Компликации за време на операцијата
  • Под притисок
  • Декомпресија — успех!
  • Хемоглобинот — дело на врвен инженер
    Разбудете се! 2010
  • „Сега остануваат само Миа и Јехова“
    Разбудете се! 1995
  • Квалитетни алтернативи за трансфузијата
    Како може крвта да ти го спаси животот?
  • Вистинската вредност на крвта
    Разбудете се! 2006
Повеќе
Разбудете се! 1993
g93 8/1 стр. 10-11

Под притисок во борба за живот

„ПОДГОЛТНЕТЕ! Морате да подголтнете за да ги одзатнете ушите!“ Тоа беа првите зборови што ги чув после операцијата за отстранување на дел од моето дебело црево. Си мислев: „Чудно — па ја сум оперирана на стомакот. Каква врска има тоа со моите уши?“

Но постепено, како што станував свесна за својата околина, сфатив дека ова не беше обична болничка соба. Се наоѓав во долга, тесна просторија во облик на торпедо — хипербарична комора.

Компликации за време на операцијата

Дознав дека мојата операција била пообемна отколку што првобитно беше планирано. Ракот се проширил на црниот дроб и бев претрпела големо внатрешно крвавење. Кога сум ја напуштила операционата сала, нивото на хемоглобинот во крвта ми паднал на 3,6 (нормалното ниво на хемоглобин кај возрасните е околу 15 g/100 dl крв.) Лекарите биле вознемирени така што го повикале татко ми во болницата. Тој исто така е Јеховин сведок, па одбил да ја поништи мојата одлука да не примам трансфузија на крв (Дела на св. апостоли 15:20, 29).

Под итно, мојот хирург побарал дозвола да употреби хипербарична комора во подводниот нуркачки комплекс во Дис, близу Абердин (Шкотска). Ова можело да помогне да циркулира кислород во малото количество крв што останало во моето тело. Дозволата била издадена. Потоа следело брзо патување од 8 километри, со амбулантата кола од Абердин до Дис каде што ме ставиле под притисок којшто владее на 15 метри под морското ниво.

Ова било ново искуство за сите што беа вклучени во тоа, бидејќи комората обично се користи за декомпресија на нуркачите кои се вработени на платформите во Северно Море. При нејзината прва употреба за постоперативно лечење, две болничарки и еден техничар, сите на возраст меѓу 20 и 30 години, ме придружуваа во апаратурата каде што мораа да останат сѐ додека не беше декомпримирана. Однадвор, специјалисти за натпритисок управуваа со комплицираните контролни апарати.

Под притисок

Додека пумпаа воздух во комората, внатрешниот притисок растеше. Дишев преку маска во која притисокот беше два и пол пати поголем од нормалниот атмосверски притисок, а тоа значеше дека ги исполнував своите бели дробови со два и пол пати поголемо количество кислород во однос на нормалното. Принудното растворање на гасот во течните компоненти на мојата крв (сега потпомогната со експандери на волуменот) придонесе за изедначување на хемоглобинот.a

Следните неколку дена беа прилично тешки. Можеа да влезат само посетители кои поминале задолжителни медицински тестови, и тоа во соседното одделение каде што притисокот можеше да се намали. Еден мал отвор во предниот дел на торпедото им овозможуваше на другите посетители да ме видат, но сѐ што јас можев да видам беше едно око!

Брат ми, кој исто така е Сведок, накратко ме посети во комората. Тоа мошне ме поткрепи. Истото го сторија и сите поштенски картички што љубезно ми ги испратија многуте мои браќа, искажувајќи ја во нив својата љубов и библиски мисли. Се чинеше дека сите овие пораки дојдоа во време кога се чувствував особено слабо.

На петиот ден во комората ми пријде лекарот кој ја надгледуваше апаратурата. Очигледно беше загрижен, па ми објасни: „Сега имате премногу кислород во крвта“. Како последица, мојата коскена срж, очигледно, повеќе не функционираше. Рече дека мојата крв поприма хемофилични својства и дека се очекува онаа мала количина крв што останала да избие надвор заради откажување на механизмот за згрутчување. (Дотогаш, мојот хемоглобин беше паднал толку ниско што не можеше да се мери со инструментите. (Беше околу 2,6.)

Болничарките одеднаш се расплакаа. Сторив сѐ што можев за да ги утешам, а исходот го оставив во Јеховини раце.

Декомпресија — успех!

По наредба на докторот, веднаш се започна со процесот на декомпресија. Кај болничарките почнаа да се покажуваат првите последици поради тоа што толку долго беа под притисок; три дена беше најдолго што дотогаш некој останал во комората. А ова беше веќе петти ден за сите нас! Сега моравме да чекаме уште два дена за притисокот постепено да се спушти.

Следниот пат кога влезе, докторот изгледаше многу позадоволен и ми соопшти: „Од некоја непозната причина, нивото на Вашиот хемоглобин дури по малку и расте“. Тој веруваше дека коскената срж повторно почнала да функционира. Јас бев вон себе од радост.

Една седмица после операцијата, конечно излегов од комората со ниво на хемоглобинот од 4,6 и ме пренесоа во соседната соба за да ја почекам амбулантната кола која требаше да ме однесе на одделот за интензивна нега во Абердин. Додека бев таму, влезе една од нашите сестри во верата со списанијата што ги добила во Царската сала претходната вечер. Насловната статија, „Медицински одлуки — Кој треба да ги донесе?“ (Разбудете се! од 8. јули 1984, англ.), дојде токму во право време! Ја употребив за да ја покажам причината за ставот што го бев зазела.

Хемоглобинот постепено ми се покачи над 5, па ме избришаа од листата на критично болните. Не добивав никакво друго лекување освен добра здрава храна. Сега моето тело самостојно извондредно напредуваше. Ме отпуштија следниот ден со ниво на хемоглобин од 7,8.

Бидејќи после една ваква операција е потребно подолго време за рехабилитација, на работа ми дадоа тримесечно боледување за да си ги вратам силите. Вредноста на хемоглобинот на мојата крв сега достигна 15,3, а јас се поправив за 9,5 килограми.

Колку бев задоволна изминативе години што можев да ги користам новите животни сили за да продолжам да ја споделувам својата вера со другите! Мојата најдлабока благодарност му ја упатувам на Јехова, Поддржувачот на животот, како и до љубезниот медицински персонал кој толку успешно ми пружи такво невообичаено лекување. (Раскажала Дорин Страчан)

[Фуснота]

a Од теоретска гледна точка, заменувањето на телесните течности со солен, декстрозен или декстранов раствор заедно со хипербаричен кислород е реална процедура при непосредно итно лечење на акутна анемија поради губење на крв. Но, како и кај секое друго медицинско лечење, и овде може да настанат компликации, а за безбедно управување со хипербарична апаратура е потребна голема вештина и внимание. (Види ја статијата со наслов „Животоспасувачко ново лечење“ во Разбудете се! од 22. мај 1979, англ.)

[Слика на страница 11]

Дорин, една седмица по отпуштањето од болница

[Извор на слика на страница 10]

Со љубезна дозвола од Grampian Health Board

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели