ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g93 8/1 стр. 31
  • Писмо до мама и тато

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Писмо до мама и тато
  • Разбудете се! 1993
  • Сличен материјал
  • Како подобро да ги запознаам моите родители?
    Разбудете се! 2009
  • Извонредно христијанско наследство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Кога децата тагуваат
    Разбудете се! 2017
  • Во мир и со Бог и со мајка ми
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Разбудете се! 1993
g93 8/1 стр. 31

Писмо до мама и тато

КОЛКУ е важно да имаш добри родители? Следново писмо напишано од возрасен син до неговите родители, ни покажува од колкава вредност се такви родители:

„Драга мама и тато:

Поминаа околу шеснаесет години откако заминав од дома, и сигурно Ви е необично што Ви пишувам вакво писмо. Но, по зрело размислување, едноставно морав да го напишам. Кога пред години наназад ја напуштив Вашата куќа, понесов неколку работи од Вас, без да Ве прашам. Вие веројатно не ни забележавте дека сум Ви ги земал. Всушност, и јас сум ги зел без да забележам, така што дури пред неколку години открив дека ги имам. Се работи за следново:

„Љубов кон она што е исправно“: Колку многу ме заштити оваа љубов!

„Љубов кон луѓето“: Големината, изгледот и бојата не се важни, туку само она каков е човекот одвнатре.

„Чесност“: Она што е мое мое е, а подобро би било ако се подели со другите. Туѓото не чепкај го.

„Решителност“: Таа ми помогна да ги издржам моите најтешки времиња.

„Трпеливост“: Вие бевте толку љубезни и стрпливи кон мене. Никогаш не се откажувавте од мене.

„Дисциплина“: Никогаш не бевте премногу строги или премногу лабави со мене. Но, тогаш не бев свесен за тоа. Можете ли да ми простите?

„Слобода“: Ослободен од болки, за разлика од многу други деца кои пораснале со болки што им ги нанесувале родителите физички, ментално и емоционално. Секогаш ми го посакувавте најдоброто и ме чувавте од зло. Никогаш нема да Ви го заборавам тоа што го сторивте за мене.

„Љубов кон секојдневните работи“: Планини, реки, сино небо, излети, кампирање. Вие го направивте животот многу забавен. Ниедни други родители не би можеле да сторат повеќе. За вас тоа никогаш не било проблем.

„Претпазливост“: Немој пребрзо да поверуваш во сешто што ќе слушнеш. Но, кога ќе се увериш, држи се, сеедно што е.

„Вистината од Божјата реч“: најважна од се. Тоа е моето наследство. Ниту пари, ниту бродови, ниту куќи, ниту, пак, друг имот не може да се спореди со неа. Таа ми го дава најважното — вечен живот.

Тешко би можело да се спореди вредноста на горе наведените работи. Тие се непроценливи. Ги користев толку многу. И сакам да продолжам да ги користам, доколку смеам да ги задржам. Ако немате ништо против, би сакал да им ги пренесам и на моите синови. Знам дека ним ќе им користат исто како што ми користеа и мене. И секогаш ќе им говорам откаде ми се: од баба им и дедо им.

Вашиот син“

(По лична желба, името се чува во тајност)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели