ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g93 8/4 стр. 29-31
  • Дали ќе бидам како брат ми?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали ќе бидам како брат ми?
  • Разбудете се! 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • По истите стапки?
  • Избери поинаков пат
  • ,Ме избегнуваат‘
  • Разговарај за тоа
  • Можеш да бидеш поинаков
  • Како да излезам од сенката на брат ми (сестра ми)?
    Разбудете се! 2004
  • Самоубиство на брат или сестра — како да се справам со загубата?
    Разбудете се! 2008
  • Како да се сложувам со брат ми (сестра ми)?
    Разбудете се! 2010
  • Како да се сложувам со брат ми или сестра ми?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
Повеќе
Разбудете се! 1993
g93 8/4 стр. 29-31

Младите прашуваат . . .

Дали ќе бидам како брат ми?

„ЌЕ БИДЕШ исто како брат ти! Внимавај, инаку ќе завршиш како и тој!“

Ако имаш брат или сестра кој отишол по погрешен пат — кој можеби бил истеран од дома, ставен во затвор или исклучен од христијанското собрание — овие болни зборови можеби не еднаш си ги слушнал. Родители, наставници, добронамерни роднини, па дури и некои од твоите врсници можеби секогаш одново ти ги повторуваат. Можеби понекогаш чувствуваш дека некои пријатели те избегнуваат.

Се разбира, да имаш брат или сестра кој оди по своеволен пат самото по себе е болно искуство. Една девојка која се вика Керол, чиј брат бил исклучен од христијанското собрание, се сеќава: „Со брат ми бев поблиска отколку со било кој друг. Кога повеќе не сакаше да биде христијанин, тоа длабоко ме погоди“.a Беки, која имала 15 години кога нејзината постара сестра била исклучена, исто така се сеќава: „Сѐ уште се сеќавам на денот кога ми кажа дека е исклучена. Ми причини голема болка и бев многу повредена. Се чувствував измамена. Како можеше да ни го направи тоа?“

Болно е да се изгуби и слободното комуницирање кое постоело со постариот брат или сестра. Беки се жали: „Бевме многу блиски. Ми недостасуваа разговорите и работите што ги вршевме заедно“. Покрај таа загуба, разочарувачки е да се види неуспехот на некој на кого си гледал како на пример. Еден младинец Марвин за својот постар брат вели: „Со почитување гледавме на него. Но сега повеќе го немаме“.

Сепак, најболниот дел од сето тоа може да биде долготрајниот страв дека можеби си одреден да завршиш на истиот начин.

По истите стапки?

Во една анкета, 64,9 отсто од младинците признале дека биле под силно влијание на постариот брат или сестра. Една девојка рекла: „Мојот постар брат . . . многу влијаеше на мојот живот. Секогаш покажуваше посебен интерес за мене. Ме носеше секаде со неговите пријатели, ме научи да пишувам, да си ги врзувам чевлите, и секогаш беше тука кога имав и најмал проблем“ (Adolescents and Youth од Дороти Роџерс).

Затоа кога почитуваниот брат или сестра наеднаш ќе се побуни, „можно е тинејџерите да ги обземе паника“, вели писателката Џој П. Гејџ. Таа го раскажува доживувањето на една девојка Линда која се угледувала на нејзиниот постар брат. Кога тој наеднаш ја напуштил неговата жена, „исчезнал“ ценетиот пример на Линда. Џој Гејџ вели: „Тој брат, спрема кого таа се чувствувала толку должна да го имитира, не бил повеќе вреден за имитирање“. Како резултат на тоа, „Линда била бесна. Се нашла дури во паника“. После тоа Линда почнала да пие (When Parents Cry).

Таквото претерано реагирање не е необично. Всушност, книгата How to Survive Your Child’s Rebellious Teens од Мајрон Брентон, наведува дека „повеќе или помалку, другите деца во семејството се секогаш погодени од бунтовното однесување на братот или сестрата“. Брентон објаснува дека другите младинци во семејството понекогаш „се чувствуваат загрозени. Со страв се прашуваат: ‚Може ли тоа да ми се случи и мене? Дали и јас некогаш ќе постапувам толку лудо? Дали сум склон кон такви глупости?‘“

Избери поинаков пат

Но, дали сето ова значи дека ти си одреден да го следиш лошиот пример на брат ти или сестра ти? Никако. Во твоја моќ е сам да одлучиш кој пат ќе го следиш. (Спореди Исус Навин 24:15.) Многу богобојазни младинци во библиски времиња го направиле токму тоа.

Земи го за пример младиот Јаков. Неговиот брат близнак, Исав ‚не ги ценел светите работи‘ (Евреите 12:16, NW). Јаков, меѓутоа, станал беспрекорен човек од вера (1. Мојсеева 25:27; Евреите 11:21). Елеазар и Итамар, двајцата помлади синови на Арон, останале верни во Јеховината служба кога нивните постари браќа Надав и Авиуд биле убиени од Јехова. Тие постари браќа очигледно биле казнети со смрт заради престапување на нивните свештенички должности додека биле под влијание на алкохол. Но ниту Елеазар ниту Итамар не ги имитирале своите браќа и обајцата имале предности како свештеници на Јехова Бог (3. Мојсеева 10:1-11).

И ти можеш да избереш богобојазлив начин на постапување и да избегнеш да нанесеш болка и на себеси и на твоите родители.

,Ме избегнуваат‘

Сепак, Керол се жали: „Сите чекаат да направам грешка. Некои родители дури мислат дека лошо влијаам врз нивните деца“. Можеби и ти понекогаш така се чувствуваш. Но она што можеби изгледа како немилосрдно набљудување, често се покажува како загриженост со добар мотив. Сепак, откако со текот на времето ќе го видат твоето добро однесување, нивните грижи обично ќе исчезнат. (Спореди 1. Петрово 2:12.)

Но зошто некои пријатели наеднаш се оддалечиле? Веројатно не затоа што немаат доверба во тебе, туку поради тоа што едноставно не знаат што да ти кажат. Можеби им е незгодно да ти пријдат зашто знаат дека ти и твоето семејство сте доживеале многу голема болка; можеби се плашат дека ќе кажат нешто погрешно. Зошто не сториш сѐ што можеш за да го скршиш мразот и ти да ги започнуваш разговорите? Обиди се да бидеш смирен и пријателски расположен кога другите ти поставуваат осетливи прашања, како што е: „Што се случи со брат ти?“

Мора да се признае, некои можеби те избегнуваат. И кога луѓето спрема тебе се однесуваат како спрема лош човек, искушение е да чувствуваш дека би можел и да направиш нешто лошо. Но, секогаш имај ги на ум зборовите од Галатјаните 6:9: „Кога правиме добро, тоа нека не ни биде здодевно, зашто во свое време ќе пожнееме, не заморувајќи се“.

Обично, почетниот период на непријатност бргу поминува. Младата Беки вели: „Со текот на времето луѓето почнаа да се однесуваат спрема мене како што се однесуваа и пред тоа“. Таа додава: „Фактот што сите мои пријатели не ме отфрлија беше од голема помош за мене. Секогаш беа тука кога ќе затребаа“. Повеќето од твоите сохристијани ќе бидат тука и за тебе. Тие можат многу да ти помогнат ‚да ги исправиш патеките за своите нозе‘ (Евреите 12:13, NW).

Разговарај за тоа

Вистина, понекогаш можеш да се чувствуваш како младиот Фред чиј брат бил исклучен. „Го чував тоа во себе“, признава тој. „Но сфатив дека ниту мене ниту на моите родители не ни помагаше да ги криеме чувствата“. Да, немој да се изолираш, особено од родителите (Соломонови изреки 18:1). Марвин дава добар совет кога вели: „Разговарај за тоа со некого. Мораш!“

На пример, дали се чини дека некои во собранието ладно се однесуваат спрема тебе? Родителите би можеле да ти помогнат ако им укажеш на проблемот. Или, можеби си разочаран бидејќи родителите целото внимание го насочуваат на твојот своеволен брат или сестра и ги занемаруваат твоите потреби. Немој лошо да се однесуваш за да им го привлечиш вниманието, туку разговарај отворено со нив и нека знаат како се чувствуваш.

Фред ја користел домашната библиска студија за да го стори тоа. „Кога имав проблем, ја користев таа прилика за да разговарам со тато и мама“. Таквите разговори можат да ти помогнат да сфатиш колку ситуацијата била разорна и за твоите родители. Истовремено, тие подобро ќе ги сфатат твоите чувства и веројатно ќе се договорат како можат да ти посветат повеќе лично внимание.

Се разбира, немаат сите младинци богобојазливи родители. Ако е таков случајот, потруди се да разговараш со некој зрел христијанин (Соломонови изреки 17:17). Исто така е од помош ако си зафатен со духовни активности. „Мораш да покажеш дека навистина не сакаш да завршиш лошо“, вели Марвин. „И ако останеш активен и покажуваш дека навистина ја сакаш вистината, поголема ќе биде веројатноста христијанските браќа да те поддржуваат во тоа“.

Во секој случај, секогаш можеш да сметаш на поддршката од твојот небесен Татко (Псалми 26:10). „Отворете го срцето ваше пред Него“, стои во Псалми 61:8. Тој може да ти биде вистинско засолниште. Тој навистина сфаќа каков си одвнатре, па дури и кога другите погрешно те сфаќаат или погрешно те оценуваат (1. Царства 16:7).

Можеш да бидеш поинаков

Една библиска поговорка вели: „Умниот го гледа злото и се клони“ (Соломонови изреки 22:3). Да, ако некогаш паднеш во искушение да го следиш твојот брат или сестра, размисли за плодовите на неговиот или нејзиниот лош пат. Беки вели: „Тоа што ги гледав резултатите од постапките на сестра ми, ми помогна да се чувам од проблеми“.

Фред, Марвин и Беки — за кои се зборуваше во оваа статија — станале поинакви од нивните своеволни браќа и сестри; секој тргнал по своја кариера во христијанската служба. А како е со тебе? Можеби го сакаш твојот брат или сестра, но не мораш да живееш како него или неа. Можеш сам да избираш. Ти можеш да бидеш поинаков.

[Фуснота]

a Имињата се променети.

[Слика на страница 30]

Не мораш да му се придружиш на брат ти во неговиот бунт

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели