ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/10 стр. 26-29
  • Како да се сложувам со брат ми (сестра ми)?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да се сложувам со брат ми (сестра ми)?
  • Разбудете се! 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Симптом или корен на проблемот?
  • Научи да решаваш и да избегнуваш несогласувања
  • Како да се сложувам со брат ми или сестра ми?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Самоубиство на брат или сестра — како да се справам со загубата?
    Разбудете се! 2008
  • Како да излезам од сенката на брат ми (сестра ми)?
    Разбудете се! 2004
  • Зошто да не се карам со брат ми или сестра ми?
    Младите прашуваат
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 8/10 стр. 26-29

Младите прашуваат

Како да се сложувам со брат ми (сестра ми)?

Како би го опишал твојот однос со брат ти или сестра ти?

․․․․․ Најдобри другари

․․․․․ Најчесто, добро се сложуваме

․․․․․ Се трпиме некако

․․․․․ Постојано се караме

НЕКОИ браќа и сестри се многу блиски меѓу себе. На пример, Фелиција (19) вели: „Мојата 16-годишна сестра, Ирена, ми е една од најдобрите другарки“.a Карли (17) дава сличен коментар за својот 20-годишен брат Ерик: „Многу добро се сложуваме. Никогаш не се караме“.

Други, пак, се во сличен однос како Лорен и Марла. „Се караме за сѐ и сешто, колку и да е безначајно“, вели Лорен. Или, пак, можеби се чувствуваш како Алис (12) која за својот 14-годишен брат, Денис, вели: „Ми оди на нерви! Упаѓа во мојата соба и ‚позајмува‘ од кај мене работи без да ме праша. Навистина е едно големо дете!“

Дали брат ти или сестра ти ти оди на нерви? Се разбира, твоите родители се одговорни за мирот во куќата. Меѓутоа, порано или подоцна, ќе треба да научиш да се сложуваш со другите. Тоа би можел да го научиш уште дома.

Размисли за што најчесто се караш со брат ти или со сестра ти. Разгледај го списокот подолу и означи со ✔ една од наведените опции или напиши во кои ситуации ти доаѓа да пукнеш!

□ Лични предмети. Брат ми/сестра ми си „позајмува“ од мене работи без прашање.

□ Судир на карактери. Брат ми/сестра ми покажува себичност и безобѕирност или се обидува да ми го контролира животот.

□ Приватност. Брат ми/сестра ми ми упаѓа во соба без да тропне или ми ги чита пораките од интернет или од мобилниот без да ме праша.

□ Друго.

Ако брат ти или сестра ти постојано те нервира — ти се прави шеф или ти се меша во приватноста — може да ти биде тешко да не држиш лутина. Но, една библиска изрека гласи: „Кога ќе се удри носот, потекува крв, а кога се истура гневот, доаѓа до караница“ (Изреки 30:33). Според тоа, ако држиш лутина, еден ден можеби ќе избувнеш. Но, тоа само би го влошило проблемот (Изреки 26:21). Што можеш да сториш за нешто што ти пречи кај брат ти или сестра ти да не стане повод за остра препирка? Првиот чекор е да го препознаеш вистинскиот проблем.

Симптом или корен на проблемот?

Проблемите со брат ти или сестра ти се како мозолчиња. Она што можеш да го видиш е една грда рана, но причината за таа рана е инфекција. Слично на тоа, грдото несогласување со брат ти или со сестра ти честопати е само показател дека има подлабока причина за несогласувањето.

Би можел да се обидеш да го отстраниш мозолчето со тоа што ќе го стиснеш. Но, така само ги напаѓаш симптомите и ризикуваш да ти остане лузна или да ја влошиш инфекцијата. Подобро би било да ја лекуваш самата инфекција и да спречиш да ти излегуваат нови мозолчиња. Истото важи и кога имаш проблеми со брат ти или сестра ти. Научи да ја препознаеш вистинската причина и концентрирај се на коренот на проблемот, а не на симптомите. Така ќе го примениш советот на цар Соломон, кој напишал: „Разбирањето го спречува човекот да се гневи“ (Изреки 19:11).

На пример, Алис, која беше цитирана претходно, вели дека брат ѝ Денис упаѓа во нејзината соба и „позајмува“ од кај неа работи без да ја праша. Тоа би бил симптомот. Но, според тебе, што е коренот на проблемот? Најверојатно има врска со почитта.b

Алис би можела да му каже на Денис никогаш да не ѝ влегува во собата и да не ѝ зема работи. Но, таквото решение е само обид да се отстранат симптомите и најверојатно несогласувањата би продолжиле. Меѓутоа, ако Алис успее да го убеди Денис да ја почитува нејзината приватност и нејзините поседи, нивниот однос сигурно ќе се подобри.

Научи да решаваш и да избегнуваш несогласувања

Се разбира, не е доволно само да го препознаеш вистинскиот проблем што го имаш со брат ти или со сестра ти. Како да го решиш овој проблем и да избегнеш несогласување во иднина? Тоа може да го постигнеш ако ги направиш следниве шест чекори.

1. Заедно поставете правила. „Намерите пропаѓаат таму каде што нема доверлив разговор“, напишал цар Соломон (Изреки 15:22). За да не се разочараш, види што штиклираше како причина за несогласувањата меѓу тебе и брат ти или сестра ти. Размисли дали би можеле да си поставите одредени правила со кои и двајцата се согласувате и кои ќе помогнат да се отстрани коренот на проблемот. На пример, ако до судири доаѓа поради лични предмети, прво правило би можело да биде: „Секогаш прашај пред да земеш нешто туѓо“. Второ правило може да биде: „Почитувај го правото на брат ти/сестра ти да каже: ‚Не, не можеш да го користиш тоа‘“. Кога се договарате околу вакви правила, имај ја на ум Исусовата заповед: „Сѐ што сакате луѓето да ви прават вам, правете им го и вие ним“ (Матеј 7:12). Тоа ќе ви помогне да си поставите правила што ќе можете да ги следите и двајцата. Потоа прашајте ги родителите дали го одобруваат вашиот договор (Ефешаните 6:1).

2. Следи ги правилата и самиот. Апостол Павле напишал: „Зарем ти, кој учиш други, не се учиш самиот себе? Зарем ти, кој проповедаш: ‚Не кради‘, крадеш?“ (Римјаните 2:21). Како можеш да го примениш ова начело? Ако сакаш брат ти или сестра ти да ја почитува твојата приватност, тогаш и ти треба да тропнеш пред да влезеш во неговата/нејзината соба или да прашаш пред да прочиташ некоја негова/нејзина порака на интернет или на мобилниот.

3. Не навредувај се брзо. Зошто овој совет е добар? Бидејќи, како што вели една библиска изрека: „Навредливоста почива во пазувите на безумните“ (Проповедник 7:9). Ако се навредуваш лесно, постојано ќе се чувствуваш бедно. Да, брат ти или сестра ти повремено ќе направи или ќе каже нешто што ќе те вознемири. Но, прашај се: ‚Сум направил ли и јас нешто такво?‘ (Матеј 7:1-5). Џени вели: „Кога имав 13 години, бев убедена дека моето мислење е најважно и дека другите мора да ме послушаат. Сега сестра ми е во таа фаза. Затоа се обидувам да не се вознемирувам кога ќе каже нешто“.

4. Простувај и заборавај. За сериозните проблеми треба да се разговара и тие треба да се решат. Но, дали мора да правиш спор од секој пропуст на брат ти или сестра ти? Јехова Бог цени кога си спремен да ‚преминеш преку престапот‘ (Изреки 19:11). Алисон (19) вели: „Јас и сестра ми Рејчел обично можеме да ги решиме несогласувањата. И двете сме спремни веднаш да се извиниме една на друга, а потоа да утврдиме зошто сме се скарале. Понекогаш намерно го одложувам разговорот за наредниот ден. Честопати, следното утро ми е многу полесно да ѝ простам и да заборавам. Не чувствувам ни потреба да зборуваме за тоа“.

5. Побарај помош од родителите. Ако имаш некое сериозно несогласување со брат ти или сестра ти, би можел да им се обратиш на родителите и тие да ви помогнат (Римјаните 14:19). Но, запомни дека способноста да решаваш конфликти без помош на родителите е мерило според кое ќе процениш колку си зрел.

6. Цени ги добрите особини кај брат ти или сестра ти. Најверојатно тој или таа има особини на кои им се восхитуваш. Запиши која особина ти се допаѓа кај секој од нив.

Име Ми се допаѓа...

․․․․․ ․․․․․

Наместо да се преокупираш со нивните слабости, најди начин да им кажеш дека ги цениш нивните убави особини? (Псалм 130:3; Изреки 15:23).

Факт: Кога ќе се осамостоиш, понекогаш ќе бидеш опкружен со луѓе кои ќе те нервираат — на пример, колеги кои ќе бидат груби, бесчувствителни и себични. Домот е најдоброто место да научиш да ги решаваш ваквите проблеми. Ако имаш брат или сестра со кого тешко излегуваш на крај, гледај позитивно на тоа. Тој или таа ти помага да стекнеш скапоцено животно искуство!

Библијата признава дека братот или сестрата не се секогаш најмилото друштво (Изреки 18:24). Но, би можел да го зајакнеш пријателството со брат ти или сестра ти доколку ‚се поднесувате еден со друг‘ дури и кога со право ‚имаш жалба‘ против него или неа (Колошаните 3:13). Ако го дадеш својот дел, можеби брат ти или сестра ти повеќе нема толку да ти оди на нерви. А можеби и ти помалку ќе ги нервираш нив!

[Фусноти]

a Некои имиња се сменети.

b Дополнителни информации ќе најдеш во рамката подолу.

РАЗМИСЛИ

● Зошто е важно да правиш разлика помеѓу симптомот и вистинската причина за едно несогласување?

● Кој од овие шест чекори е неопходно да го направиш?

[Рамка на страница 27]

УТВРДИ КОЈ Е КОРЕНОТ НА ПРОБЛЕМОТ

Сакаш ли полесно да ја увидуваш вистинската причина за недоразбирањата со брат ти или сестра ти? Тогаш прочитај ја Исусовата споредба за синот кој си заминал од дома и напразно го потрошил своето наследство (Лука 15:11-32).

Размисли подлабоко за реакцијата на постариот брат кога помладиот се вратил дома. Потоа одговори на следниве прашања:

Зошто постариот брат реагирал така?

Според тебе, кој бил коренот на проблемот?

Како се обидел таткото да помогне?

Што требало да стори постариот брат за да го реши проблемот?

Обиди се да се сетиш на некое недоразбирање што неодамна си го имал со брат ти или со сестра ти, и запиши го својот одговор до следниве прашања:

Што беше повод за тоа недоразбирање?

Според тебе, кој е коренот на проблемот?

Кои правила би можеле да си ги поставите за да го расчистите овој проблем и да избегнете недоразбирања во иднина?

[Рамка/слики на страници 28 и 29]

ШТО ВЕЛАТ ДРУГИ МЛАДИ

››Бидејќи сакам цел живот да градам пријателство со моите сестри, мислам дека е добро да почнам уште сега‹‹

››Имаме заеднички семејни активности и тоа нѐ обединува. Сега не се караме како порано‹‹

››Во некои работи сме различни како небо и земја. Сепак, сестра ми е посебна. Не би ја менувала за ништо на светов!‹‹

››Моите најдраги спомени се поврзани со брат ми и со сестра ми. На оние кои имаат браќа или сестри би им порачала многу да си ги ценат!‹‹

[Слики]

Тија

Бјанка

Саманта

Мерилин

[Слика на страница 27]

Проблемите со брат ти или сестра ти се како мозолчиња — за да ги отстраниш, треба да ја лекуваш вистинската причина, а не само да ги нападнеш симптомите

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели