ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 57
  • Зошто да не се карам со брат ми или сестра ми?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто да не се карам со брат ми или сестра ми?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Де се караме де се сакаме“
  • Две добри причини да се сложувате
  • Како да се сложувам со брат ми (сестра ми)?
    Разбудете се! 2010
  • Како да се сложувам со брат ми или сестра ми?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Како да излезам од сенката на брат ми (сестра ми)?
    Разбудете се! 2004
  • Зошто брат ми го добива сето внимание?
    Разбудете се! 1998
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 57
Брат и сестра заедно прават пица

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Зошто да не се карам со брат ми или сестра ми?

  • „Де се караме де се сакаме“

  • Две добри причини да се сложувате

  • Што велат други млади

„Де се караме де се сакаме“

Можеби и ти би го рекол ова за односот меѓу тебе и твоите браќа или сестри. Ги сакаш, и знаеш дека и тие те сакаат тебе, ама на моменти баш и не се поднесувате еден со друг. „Мојот помал брат ужасно ме нервира“, вели 18-годишната Хелена. „Точно знае што ме вади од кожа и токму тоа го прави!“

Некои несогласувања можете да ги решите ако разговарате околу тоа и се договорите што ќе правите. На пример:

  • Меѓу двајца браќа што делат иста соба можеби доаѓа до расправии околу просторот и личните работи. Кое е решението? Научете да си попуштате и договорете се кој што ќе направи. Применете го советот од Лука 6:31.

  • Две сестри можеби „позајмуваат“ облека една од друга без прашање. Кое е решението? Зборувајте отворено и поставете си разумни ограничувања. Применете го советот од 2. Тимотеј 2:24.

Понекогаш, проблемите меѓу браќата и сестрите се посериозни и можат да водат до несакани последици. Да земеме за пример две ситуации од Библијата:

  • Маријам и Арон му биле љубоморни на својот брат Мојсеј, и тоа лошо се одразило врз нив. Прочитај го извештајот од 4. Мојсеева 12:1-15. Потоа прашај се: „Како да не им станам љубоморен на брат ми или на сестра ми?“

  • Каин станал толку гневен на својот брат Авел, што на крајот го убил. Прочитај го извештајот од 1. Мојсеева 4:1-12. Потоа прашај се: „Како да се исконтролирам кога брат ми или сестра ми многу ќе ме налутат?“

Две добри причини да се сложувате

Колку и да ти е тешко да се сложуваш со брат ти или со сестра ти, има најмалку две причини поради кои вреди да се потрудиш.

  1. Тоа е знак на зрелост. „Двете помали сестри знаеја за секунда да ме извадат од такт“, вели младиот Алекс. „Ама сега сум многу посмирен и пострплив со нив. Мислам дека тоа е затоа што сега пораснав.“

    Библијата вели: „Кој е бавен на гнев, многу е разборит, а кој е нестрплив, покажува глупавост“ (Изреки 14:29).

  2. Тоа те подготвува за животот како возрасен. Ако не можеш да преминеш преку маните на брат ти или сестра ти, како ќе се носиш со маните на твојот брачен другар, колега, работодавач или кој и да е друг во иднина?

    Животна вистина: Колку ќе бидеш успешен во односите со другите понатаму во животот ќе зависи од твојата способност да разговараш и да се договараш. Семејството е најдоброто место да научиш да го правиш тоа.

    Библијата вели: „Ако е можно, колку што зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе“ (Римјаните 12:18).

Ти треба ли помош за да престанеш да се караш со брат ти или сестра ти? Прочитај го делот „Што велат други млади“, а потоа пополни го работниот лист „Како да се сложуваш со брат ти или сестра ти“.

Што велат други млади

Џесика

„Имам три сестри и мора да признаам дека не е секогаш лесно да не се спречкаме. Но, во исто време сфаќам дека токму тие најдобро ме познаваат и секогаш ќе бидат тука за мене“ (Џесика).

Тајлер

„Знам дека на моменти на брат ми му одам на нерви, како што и тој ми оди мене. Ама сепак го сакам. Тој најмногу ми ја јакне самодовербата. Му се восхитувам на одлучноста — никогаш не се откажува и секогаш е спремен да направи за другите и повеќе од она што се очекува“ (Тајлер).

Камео

„Сакам да сум со луѓе и убаво ми е што имам две помали братчиња. Бидејќи се машки, имам прилика да учам како да се однесувам со оние што се поинакви од мене. Имам среќа што имам толку добри браќа“ (Камео).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели