ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/2 стр. 21-23
  • Зошто брат ми го добива сето внимание?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто брат ми го добива сето внимание?
  • Разбудете се! 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто покажуваат фаворитизам
  • Нееднакво постапување — неправда?
  • Да се научи да се биде прониклив
  • Како можам да се справам со пристрасноста?
    Разбудете се! 1998
  • Дали ќе бидам како брат ми?
    Разбудете се! 1993
  • Како подобро да ги запознаам моите родители?
    Разбудете се! 2009
  • Зошто да не се карам со брат ми или сестра ми?
    Младите прашуваат
Повеќе
Разбудете се! 1998
g98 8/2 стр. 21-23

Младите прашуваат . . .

Зошто брат ми го добива сето внимание?

„Ми смета тоа што кога моите браќа или сестри не се однесуваат добро, добиваат големо внимание — во позитивен или во негативен поглед. Но, бидејќи јас сум склона да бидам послушна, мене ме земаат здраво за готово“ (18-годишната Кеј).a

„На моите браќа и сестри им се дава поголемо внимание и со нив подобро се постапува. Вниманието кое јас го добивам најмногу е во облик на совет. Би се чувствувала подобро кога би знаела дека и тие се советувани“ (15-годишната Рут).

„Мене ми се чини дека моите постари браќа и сестри добиваат повеќе предности и внимание“ (13-годишниот Бил).

ОД ДЕНОТ кога сме родени, на сите ни е потребно внимание од нашите родители. И ако чувствуваш дека не го добиваш делот што ти следува, се разбира дека можеш да се чувствуваш повреден и лут. Особено ако ти се чини дека твојот брат или сестра — најстариот, најмладиот, со најдобро однесување, или дури и најнепослушниот — секогаш е во центарот на вниманието. Можеш да се чувствуваш дури и како Давид кога напишал: „Заборавен како мртовец сум во срцата на луѓето; станав како скршен сад“ (Псалм 30:12).

Може да биде болно да гледаш како твојот брат или сестра го добива вниманието кое ти самиот би сакал да го имаш. Но, дали тоа мора да значи дека ти не си сакан? Воопшто не. Понекогаш младите добиваат додатно внимание затоа што имаат исклучителни способности или отворен карактер. Единаесетгодишниот Кенет вели: „Иако моето помало братче, Артур, е само трето одделение, тој свири во оркестарот за петто одделение. Тој, исто така, е добар во спортот и по математика. Всушност, тој добива петки по сите предмети во училиште. Понекогаш мислам дека луѓето повеќе го сакаат него отколку мене, но јас не сум љубоморен на него. Сепак, можеби по малку“.

Потоа, има младинци кои изгледа дека го добиваат лавовскиот дел од времето на родителите едноставно затоа што се најстари — или најмлади. За младиот човек Јосиф, Библијата вели: „Јаков го сакаше Јосифа многу повеќе од сите синови свои, зашто му се роди под староста“ (1. Мојсеева 37:3, 4). Од друга страна, 18-годишниот Тод чувствувал дека брат му е омилен затоа што е најстар. Тој се сеќава: „Еднаш бевме замолени да донесеме омилена бебешка фотографија за еден школски проект. Можев да најдам само неколку слики од себеси додека забележав многу повеќе слики од мојот постар брат. Тоа ме натера да се прашувам зошто“.

Но, честопати, додатното внимание се дава поради тоа што братот или сестрата има проблеми — можеби проблеми за кои ти не си свесен. „Кога имав околу 16, брат ми минуваше низ тежок период“, објаснува Касандра, сега 22. „Не беше сигурен дали навистина сака да му служи на Јехова и моите родители го сосредоточија скоро целото свое внимание на него. Тогаш, не можев да сфатам зошто. Осеќав дека воопшто не се грижат за мене. Тоа ме правеше да се чувствувам тажна и изоставена — донекаде и лута.“

Зошто покажуваат фаворитизам

Меѓутоа, родителите понекогаш се виновни за отворен фаворитизам. Една мајка признала: „Знам дека син ми Пол е болно свесен за тоа дека многу се гордееме со нашата ќерка. Тој ни кажал јасно и гласно: ‚Ти и тато секогаш се погледнувате еден во друг кога Лиз ќе каже нешто‘. Отпрвин не знаевме за што зборува. Потоа сфативме дека постојано разменуваме погледи од типот ‚зарем не е сјајна‘. Откако нѐ направи свесни за тоа, вистински се напрегаме повеќе да не правиме така“.

Но, зошто родителите, како прво, покажуваат фаворитизам? Еден фактор може да биде нивното сопствено одгледување. На пример, ако мајка ти растела како најмало дете, може поблиску да се идентификува со нејзиното најмало дете. Без да биде свесна за тоа, таа може да биде склона да ја зазема неговата страна. Или, родителот може да има приврзаност спрема некое дете со кого дели слична склоност или заеднички интерес. Размисли за она што го вели Библијата за Исак и Ревека во врска со нивните синови близнаци, Јаков и Исав: „Децата пораснаа: Исав стана вешт ловец и љубител на полето, а Јаков беше човек кроток и престојуваше во шаторите. Исак го сакаше Исава, зашто многу му се свиѓаше ловот негов; а Ревека повеќе го сакаше Јакова“ (1. Мојсеева 25:27, 28).

Што треба да сториш ако се чини дека твоите родители имаат наклоност кон еден од твоите браќа или сестри?b Би можел да се обидеш да разговараш за тоа со твоите родители на еден смирен и необвинувачки начин (Изреки 15:22). Ако ги слушаш со почитување, можеби ќе можеш да ги гледаш работите од нивна гледна точка. Тоа може да ти помогне да ја смириш својата фрустрација (Изреки 19:11). Една тинејџерка вели: „Навистина ми сметаше тоа што мајка ми повеќе беше привлечена кон брат ми отколку кон мене. Кога ја прашав за тоа, ми објасни дека привлечена е кон него затоа што тој е многу сличен со тато. А бидејќи јас сум многу на неа, тато е привлечен кон мене. Исто така, поради тоа што мајка ми и јас сме многу слични, си одиме на нерви. А поради тоа што татко ми и брат ми се многу слични, се доведуваат до лудило. Штом ми го објасни тоа така — иако не бев одушевена од тоа — можев да го прифатам“.

Нееднакво постапување — неправда?

Но, зошто родителите не можат едноставно на сосема ист начин да постапуваат со секого? Бет, сега 18-годишна, вели: „Кога имав околу 13, чувствував дека со брат ми и со мене треба да се постапува еднакво — на сосема ист начин. Но јас бев таа на која секогаш се викаше додека тој се извлекуваше од сѐ. И поминуваше повеќе време со тато работејќи на автомобилот. Изгледаше толку нефер“.

Но, нееднаквото постапување не мора да биде и неправедно. Размисли за тоа како Исус Христос постапувал со своите апостоли. Нема сомнение дека ги сакал сите 12, сепак поканил само 3 од нив да сведочат за извесни посебни настани, вклучувајќи го воскресението на Јаировата ќерка и преображението (Матеј 17:1; Марко 5:37). Освен тоа, Исус имал особено блиско пријателство со апостол Јован (Јован 13:23; 19:26; 20:2; 21:7, 20). Дали тоа било нееднакво? Секако. Дали било нефер? Воопшто не. Зашто, иако Исус можеби бил особено привлечен кон извесни лица, тој не ги запоставувал потребите на дугите свои апостоли (Марко 6:31—34).

На сличен начин, можеби еден од твоите браќа или сестри добива посебно внимание поради талентите, карактерот или потребите. Природно е дека тоа може да биде болно за гледање. Но, прашање е: Дали твоите потреби навистина се занемарени? Кога ти се потребни совет, помош или поддршка од твоите родители, дали тие се тука за тебе? Ако да, дали можеш вистински да кажеш дека ти си жртва на неправда? Библијата нѐ охрабрува да постапуваме со другите „според нивните потреби“ (Римјаните 12:13, NW). Поради тоа што ти и твоите браќа и сестри сте поединци со разновидни потреби, едноставно не е возможно твоите родители цело време да постапуваат на ист начин со вас.

На тој начин, Бет, која беше претходно цитирана, дошла до сознанието дека еднаквото постапување не е секогаш фер и дека фер постапувањето не е секогаш еднакво. Таа вели: „Увидов дека брат ми и јас сме две различни личности и потребно е различно да се постапува со нас. Гледајќи наназад, не можам да си поверувам дека не сум можела да го сфатам тоа кога бев помлада. Претпоставувам дека тоа едноставно има нешто со начинот како гледаш на работите на таа возраст“.

Да се научи да се биде прониклив

Да, „начинот како гледаш на работите“ многу е поврзан со тоа како реагираш на својата ситуација. Како обоени леќи, твоите емоции можат да го обојат начинот како работите тебе ти изгледаат. А емоционалната потреба за родителско внимание и одобрување е силна. Истражувачите Стивен Бенк и Мајкл Кан забележуваат: „Дури и кога родителите би можеле да го постигнат невозможниот сон непристрасно да постапуваат со своите многу различни деца, секое дете би воочило дека родителите имаат наклоност кон едно од другите деца“.

На пример, уште еднаш размисли за она што го кажале тројцата младинци кои беа цитирани на почетокот. Нивната ситуација би изгледала тмурна освен за еден факт: Тие се браќа и сестри! Да, секој си замислува дека другите добиваат повеќе внимание и дека тој или таа е оној кој е игнориран! Тогаш, честопати нашето гледиште на работите е малку искривено. „Човекот кој има проникливост е со смирен дух“, се вели во Изреки 17:27 (NW). Да се биде прониклив значи да се гледа реалистично и објективно на работите, а не емоционално. Проникливоста може да ти помогне да сфатиш дека, иако твоите родители можеби не ве третираат сите подеднакво, ги имаат при срце најдобрите интереси на сите вас! Ако го сфатиш тоа, ќе ти помогне да избегнуваш да бидеш лут и огорчен.

Но, што ако вистински изгледа дека не го добиваш твојот дел од вниманието кое ти следува? Што можеш да сториш? Тоа ќе биде разгледано во некое идно издание на Разбудете се!

[Фусноти]

a Некои имиња се изменети.

b Една идна статија поцелосно ќе ја развие темата на справување со фаворитизмот.

[Слика на страница 22]

Нееднаквото постапување може да се чини нефер

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели