ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g94 8/1 стр. 20-22
  • Случајот со мајчиното млеко

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Случајот со мајчиното млеко
  • Разбудете се! 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Најдобрата храна
  • Доењето спасува животи
  • Корист за мајките
  • Одлука за доење
  • Мајките кои имаат СИДА се соочуваат со дилема
    Разбудете се! 2000
  • Мајчиното млеко
    Случајно или создадено?
  • Што треба да знаат жените за ракот на дојката
    Разбудете се! 1994
Разбудете се! 1994
g94 8/1 стр. 20-22

Случајот со мајчиното млеко

Од дописникот на Разбудете се! од Нигерија

ЗАМИСЛЕТЕ си кога би постоела бебешка храна која е вкусна, лесно сварлива и би ги содржела сите хранливи состојки што им се потребни на доенчињата кои растат. Храна која би била „чудесен лек“ кој истовремено би штител од болести и би ги лекувал. Храна која не би коштала ништо, а би им стоела на располагање на семејствата насекаде по Земјата.

Невозможно, велите? Е, таков продукт постои, иако не го усовршиле индустриски научници. Тоа е мајчиното млеко.

Низ историјата на човештвото, оваа чудесна храна се сметала како пресудна за нега на детето. На пример, Библијата нѐ известува дека фараоновата ќерка, кога го нашла малиот Мојсеј, ја испратила сестра му да викне „доилка“ за да се грижи за него (2. Мојсеева 2:5-9). Подоцна, во грчкото и римското општество, богатите родители често вработувале здрави доилки да ги дојат нивните доенчиња. Меѓутоа, во последниве децении, практиката на доење изразито беше напуштена, делумно поради рекламите кои наведоа многумина да мислат дека мајчиното млеко било понеквалитетно од бебешката храна на модерната технологија. Денес, тој тренд оди во спротивна насока бидејќи сѐ повеќе мајки почнуваат да сфаќаат дека „доењето е најдобро“.

Најдобрата храна

Дали ја подобриле научниците вградената метода на Творецот за хранење на доенчиња? Тешко. УНИЦЕФ (Меѓународен фонд на Обединетите нации за помош на децата) вели: „Мајчиното млеко е најдобрата можна храна и пијалок за бебињата во првите четири до шест месеци од животот“. Мајчиното млеко ги содржи сите протеини, стимуланси за раст, масти, јаглеродни хидрати, ензими, витамини и елементи во траги што се неопходни за здравиот раст на доенчето во првите неколку месеци од животот.

Мајчиното млеко не само што за новороденчињата е најдобрата туку е и единствената храна што им е потребна. Светското здружение за здравство во мај 1992 потврди дека „во текот на првите четири до шест месеци од животот никаква друга храна или течности освен мајчиното млеко, дури ни вода, не се потребни за да се задоволат нормалните потреби од храна на доенчето“. Мајчиното млеко содржи доволно вода за да ја згасне жедта на бебето дури и во жешки, суви поднебја. Додатното давање со шишенце вода или засладени напивки не само што е непотребно туку може и да предизвика бебето да престане да цица, со оглед дека бебињата обично повеќе сакаат да цицаат од шише со цуцла затоа што им е полесно. Се разбира, после првите неколку месеци од животот, во исхраната на бебето треба постепено да се додава и друга храна и течности.

Никаква замена не пружа таква идеална рамнотежа на состојки кои го поддрржуваат здравиот раст и развој на доенчињата. Книгата Reproductive Health—Global Issues наведува: „Обидите да се замени мајчиното млеко останаа безуспешни. Литературата од областа на историјата на тема хранење на бебињата е преполна со докази дека децата кои не се доени се изложени на многу поголем ризик од инфекции и недохранетост отколу доените“.

Доењето спасува животи

Според СЗО (Светска здравствена организација), секоја година ширум светот би биле спречени милиони смртни случаи кај доенчиња кога сите мајки би ги хранеле своите деца со ништо друго освен со свое млеко во текот на првите четири до шест месеци од животот. Извештајот на УНИЦЕФ, State of the World’s Children 1992, вели: „За бебињата во сиромашните места што се хранети со шише со цуцла во просек е 15 пати поверојатно дека ќе умрат од дијареа и 4 пати поверојатно дека ќе умрат од пневмонија отколку бебињата што се исклучително доени“.

Зошто е така? Една причина е тоа што млекото во прав, освен што е понехранливо од мајчиното, често е преразредено со нечиста вода, а потоа е ставено во нестерилизирано шишенце. Така млекото од шише лесно може да се загади со бактерии и вируси што предизвикуваат пролив и инфекции на белите дробови кои се главни убијци на деца во земјите во развој. За разлика од него, млекото што доаѓа директно од дојката не се заразува лесно, не треба да се меша, не се расипува и не може премногу да се разреди.

Втора причина поради која доењето спасува животи е тоа што мајчиното млеко содржи антитела кои го штитат доенчето од болести. Дури и ако дојде до пролив или други инфекции, обично се помалку сериозни и полесни се за лекување кај доени деца. Истражувањата исто така укажуваат дека бебињата што се хранети со мајчино млеко се помалку склони на забни болести, рак, дијабетес и алергии. А бидејќи изискува енергично смукање, доењето овозможува правилен развој на фацијалните коски и мускули кај доенчето.

Корист за мајките

Доењето не им користи само на бебињата; им користи и на мајките. Како прво, смукањето на дојката од страна на бебето стимулира ослободување на хормонот окситоцин кој, освен што помага да се лачи и да тече млекото, предизвикува контракција на матката. Кога матката контрахира брзо после породувањето, помала е веројатноста за продолжено крварење. Доењето исто така ја одложува следната овулација и менструација, а со тоа и следната бременост. Подолги интервали меѓу две бремености значат поздрави мајки и бебиња.

Друг голем плус за жените е тоа што доењето го намалува ризикот од рак на дојки и јајници. Некои стручњаци велат дека ризикот од рак на дојка за жени кои го дојат своето дете е за половина помал од оној што би бил кога не би го доеле.

При набројувањето на користите од доењето не треба да се превиди поврзувањето на мајката и детето. Со оглед дека не вклучува само хранење туку и орален контакт, контакт кожа со кожа и телесна топлина, доењето може да помогне да се воспостави важна врска меѓу мајката и детето и да придонесе за емоционалниот и социјалниот развој на детето.

Одлука за доење

Скоро сите мајки, ако се исполнети извесни услови, се телесно способни да обезбедат доволно млеко за своите доенчиња. Со доење треба да се започне колку што е можно поскоро и тоа по еден час откако бебето ќе се роди. (Првото мајчино млеко, густа жолтеникава супстанција наречена колострум, е добро за бебињата и ги штити од инфекции.) Потоа, бебињата треба да се хранат кога ќе побараат, што значи и ноќе, а не според некаков утврден план. Исто така е важно бебето да се постави правилно на дојката. Искусен и сочувствителен советник може да пружи помош по тоа прашање.

Се разбира, одлуката на мајката да го дои своето дете не зависи само од нејзината физичка способност да го прави тоа. Извештајот The State of the World’s Children 1992 известува: „На мајките им треба поддршката од болниците ако сакаат да им го дадат на своите бебиња најдобриот можен почеток; а ако сакаат да продолжат со доењето, исто така ќе им биде потребна поддршка од работодавачите, синдикатите, општествата — и од мажите“.

[Рамка на страница 21]

Доењето во земјите во развој

1. Самото мајчино млеко е најдобрата можна храна и пијалок за бебето во првите четири до шест месеци од животот.

2. Бебињата треба да почнат да цицаат колку што е можно поскоро по раѓањето. Скоро секоја мајка може да го дои своето бебе.

3. Неопходно е често цицање за да се произведе доволно млеко од дојките за потребите на бебето.

4. Хранењето со шишенце може да доведе до сериозни заболувања и смрт.

5. Доењето треба да продолжи до втората година на животот на детето, па и подолго ако е можно.

Извор: Facts for Life, заеднички објавено од УНИЦЕФ, СЗО и УНЕСКО.

[Рамка на страница 22]

Доењето и сидата

При крајот на април 1992, СЗО и УНИЦЕФ собраа една меѓународна група експерти за да ја разгледаат врската меѓу сидата и доењето. Потребата од таквиот состанок ја објасни д-р Мајкл Мерсон, директор на Глобалната програма за СИДА на СЗО. Тој вели: „Доењето е клучен елемент за преживување на детето. Ризикот за бебето да умре од сида преку доење мора да се стави наспроти ризикот да умре од други причини ако не цица“.

Според СЗО, околу една третина од сите бебиња што ги родиле мајки што се заразени со ХИВ, исто така се заразени од овој вирус. Иако повеќето пренесувања на болеста од мајката на детето се случуваат за време на бременоста и пораѓањето, постои доказ дека тоа може да се случи и преку доењето. Меѓутоа, СЗО вели дека „најголемиот број бебиња што ги дојат мајки заразени со ХИВ, не се заразени преку доење“.

Групата стручњаци заклучиле: „Таму каде што инфективните болести и недохранетоста се главни причини за смрт на доенчиња и каде стапката на смртност кај доенчињата е висока, на бремените жени, вклучувајќи ги и оние кои се инфицирани со ХИВ, треба да им се препорачува доењето. Тоа е така бидејќи ризикот за нивните бебиња да се инфицираат со ХИВ преку мајчиното млеко веројатно е помал од ризикот да умрат од други причини ако не се доени“.

„Од друга страна, во средини каде што главната причина за смрт во раното детство не се инфективни болести и каде стапката на смртност кај малите деца е ниска, . . . на жените инфицирани со ХИВ повеќе треба да им се препорачува да користат безбедна вештачка храна за своите бебиња наместо да ги дојат.“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели