ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g94 8/4 стр. 26-28
  • Што значи да се оди „предалеку?“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што значи да се оди „предалеку?“
  • Разбудете се! 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дел од растењето?
  • Што има лошо во бакнувањето?
  • Што е „предалеку“?
  • До каде може да се оди?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Предбрачен секс
    Разбудете се! 2013
  • Што има лошо во предбрачниот секс?
    Разбудете се! 2004
  • Дали заљубеноста го оправдува предбрачниот секс?
    Разбудете се! 2006
Разбудете се! 1994
g94 8/4 стр. 26-28

Младите прашуваат . . .

Што значи да се оди „предалеку?“

„Можете ли, ве молам, да ги предупредите луѓето на опасностите кога се оди предалеку? . . . На сето она што се наоѓа ‚помеѓу‘ треба да му се посвети внимание бидејќи тоа е она што води до сексуални односи. Моето прашање е: Каде е границата?“

ТОА прашање го поставила една девојка во едно списание за тинејџери. Но можеби и ти се прашуваш за тоа.

Ако си христијанин, сериозно ги сфаќаш зборовите во 1. Солунјаните 4:3-6: „Ова е волјата Божја: да бидете осветени, да се воздржувате од блудство, и секој од вас . . . да не престапува и го измамува во тоа братот свој; бидејќи Господ за сето тоа се одмаздува“.

Значи, иако можеби сфаќаш дека половите односи помеѓу неоженети христијани се неисправни, сепак се прашуваш како гледа Бог на бакнувањето, гушкањето или милувањето со некој од спротивниот пол.

Дел од растењето?

Како прво, добро е да се има на ум дека Библијата не ги осудува исправните, чисти изрази на наклоност без сексуални примеси. Древните христијани доста впечатливо ја изразувале љубовта едни спрема други. Обично ‚се поздравувале еден со друг со свет целив‘ (Римјаните 16:16; 1. Коринтјаните 16:20). Дури и христијаните од истиот пол се бакнувале и прегрнувале. (Спореди Дела 20:37.)

Во повеќе култури, бакнувањето и гушкањето сѐ уште се сметаат за прикладни начини да се изрази наклоност спрема некого. Меѓутоа, денеска многу млади луѓе наклоност покажуваат на начин што ја преминува разумната дефиниција за она што е пристојно. Една анкета во САД открила дека преку две третини од анкетираните тинејџери рекле дека биле вклучени во некаков облик на милување кое вклучувало допирање на интимните делови. Многумина тоа го започнале уште на 14-годишна возраст. Како што било откриено во една друга анкета, 49 отсто се милувале до степен на сексуална кулминација.

Некои ги оправдуваат таквите сексуални експериментирања едноставно како дел од растењето. Според книгата The Family Handbook of Adolescence (Семеен прирачник за младоста), „сексуалната игра и сексуалното испитување се вообичаени практично меѓу сите нормални млади луѓе“. Некои луѓе дури го препорачуваат милувањето. Книгата Growing Into Love (Растење во љубов), од Кетрин Буркхарт, тврди: „Затоа што престануваат кратко пред половиот однос, голем дел од милувањата може да се доживеат без чувство на загриженост и може да служи како прекрасен вентил за ослободување на сексуална енергија“.

Но, прашањето е: Како гледа Бог на таквото однесување?

Што има лошо во бакнувањето?

Кога се наоѓаш во „цутот на младоста“, сексуалните желби се јаки (1. Коринтјаните 7:36, НС). Затоа, сосема е природна љубопитноста да се дознае како е да се бакнува или допира некој од спротивниот пол. Но The Family Handbook of Adolescence истакнува: „Сексуалната способност понекогаш се јавува многу години порано од емоционалната зрелост“. Навистина, многу млади во потполност не сфаќаат дека еден бакнеж или допир имаат моќ да пробудат силни романтични чувства или сексуални нагони.

Затоа, мораш мудро да ги земеш предвид последиците од впуштањето во постапка која буди сексуални чувства. Што ако си премлад да се венчаш? Тогаш, зошто да се бакнуваш или да правиш било што што сексуално би те возбудило? Од тоа би произлегла само фрустрација. Тоа е затоа што како вистински христијанин не можеш на друг начин тие романтични чувства да ги доведеш до нивниот логичен крај — полов однос. Библијата јасно укажува дека таквите односи се исправни само во рамките на бракот (1. Коринтјаните 6:18).

Земи ја во обѕир и другата личност која можеби е сексуално возбудена од твојата романтична активност. Зарем не е измамнички, па дури и сурово, да бакнуваш или милуваш некого со кого не си во состојба да се венчаш или кого можеби дури и сериозно не го сметаш за потенцијален брачен партнер? (Спореди Изреки 26:18, 19.) Библијата предупредува: „Суровиот го мачи сопственото тело“ (Изреки 11:17, Ст).

Не треба да биде никаква тајна за некој кој ја проучува Библијата дека еден романтичен допир или бакнеж може да пробуди силна сексуална желба. Библијата кажува како една проститутка заведува еден млад човек. Таа вели: „Таа го зграпчи, го бакна“ (Изреки 7:13). Таквиот бакнеж или допир можат да предизвикаат длабока физичка реакција. Како што се развива интимноста, момчето или девојката сѐ повеќе се возбудува. Отворено речено, телото се подготвува за полов однос.

Ако една двојка е венчана, таа може своите страсти да ги задоволи на еден пријатен и чесен начин. Но кога една невенчана двојка ќе се впушти во сексуална игра која побудува страст, сигурно ќе се појават проблеми. Во една анкета, писателката Ненси Ван Пелт открила дека многу млади кои биле вклучени во милување отворено признале дека едноставно, како што се изразиле, „се занеле“. Типичен е случајот со една млада девојка која била присилена да оди подалеку од кога и да било порано. Иако немала сексуален однос, сепак му дозволила на момчето да ја допира на интимен начин. Таа вели: „Сега се чувствувам ужасно“. Дали она што му го дозволила на момчето навистина било неисправно?

Што е „предалеку“?

Некои млади мислат дека сѐ додека не се впуштат во полови односи, не отишле предалеку, дека она што го прават всушност не е неисправно. Библијата покажува дека тоа е поинаку. Во Галатјаните 5:19-21, апостол Павле рекол: „Делата на телото се познати. Тие се: прељубодејство, блудство, нечистотија, бесрамност [распуштено однесување, НС] . . . оние што го прават тоа, нема да го наследат царството Божјо“.

Што е блудство? Оригиналниот грчки збор за блудство е порнеи́а. Тоа се однесува на сексуална активност која ја вклучува употребата на гениталните органи вон брачната врска. Една девојка која е цитирана во списанието Seventeen, му дозволила на својот дечко да ја присили на орален секс. „Се чувствувам многу глупаво“, рекла таа, „бидејќи сите пријателки ми велат дека го прават тоа со своите дечковци и дека ќе го изгубам ако не го правам тоа“. Истражувањата покажуваат дека алармантен број млади луѓе се впуштиле во таков облик на неморал. Сепак, таквите постапки претставуваат порнеи́а и предизвикуваат Божје негодување.

Апостол Павле го поврзал блудството и со „нечистотија“. Оригиналниот грчки збор акатарси́а, опфаќа нечистотија од било кој вид, во говорот или постапките. Секако дека би било нечисто да се дозволат нечии раце да лутаат под нечија облека, да соблекуваат нечија облека или да допираат нечии интимни делови, како што се градите. А, во Библијата, милувањето на градите е поврзано со задоволствата кои се резервирани за венчаните двојки (Изреки 5:18, 19; спореди Осија 2:2).

Сепак, некои млади бесрамно ги омаловажуваат овие божествени мерила. Тие намерно одат предалеку, или лакомо се во потрага по многу партнери со кои можат да вршат сексуална нечистотија. Според тоа, тие се криви за она што апостол Павле го нарекол „распуштено однесување“.

Разни авторитети покажуваат дека оригиналниот грчки збор за „распуштено однесување“ (асе́лгеја) значи ‚необуздани постапки, прекумерна, бесрамна и необуздана страст и ненаситност‘. Младите кои се однесуваат необуздано се како паганите за кои зборувал Павле. Поради „ожесточување на нивното срце“, тие пагани ‚се предале на бесрамност и ненаситно вршеле секаква нечистота‘ (Ефесјаните 4:17-19). Секако, ти би сакал да ја избегнеш таквата осуда!

Тогаш, сфати дека не мора некој да се впушти во сексуални односи за да оди „предалеку“ од Јеховина гледна точка. Ако си премлад за да се венчаш, романтичното допирање и бакнување треба да биде исклучено. А оние кои се додворуваат мораат да внимаваат нивните изрази на наклоност да не станат нечисти. Се разбира, не е лесно да се држат божествените мерила. Но во Исаија 48:17, Бог вели: „Јас сум Господ, Бог твој, Кој те учи на добро, Кој те води по оној пат, по кој треба да одиш“. (Види и Галатјаните 5:16.)

[Слики на страница 27]

Ако си невенчан, впуштањето во постапки кои будат страст може да води до фрустрација, па и полошо од тоа

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели