Како светот ќе биде обединет
НАСТОЈУВАЊАТА на луѓето успешно да владеат самите со себе обично биле бесплодни. Секако ќе се согласите со вдахновената проценка: „Човекот господари над човекот на своја штета“ (Проповедник 8:9). Зошто луѓето толку не успевале да владеат со самите себе?
Библијата ја наведува причината и објаснува: „Не е во власта на оној кој оди, за да ги исправа стапките свои“ (Јеремија 10:23). Не, човекот ја нема привилегијата, односно правото да владее со себеси или со другите луѓе. Тоа е посебно право на Јехова Бог, нашиот Творец, за кого ни е речено: „Господ е наш судија, Господ е наш законодавец, Господ е наш цар“ (Исаија 33:22).
Само кога сите луѓе ќе го прифатат Јехова Бог како Владетел, светот ќе биде обединет. Но дали некогаш ќе се случи тоа? Многу одамна, еден Божји пророк зборувал за „последните дни“ кога многу народи ќе почнат да бараат поука од Јехова.
Проречен светски мир
„Ете, во последните дни“, напишал пророкот Исаија, ‚домот Господов ќе биде поставен на врвот од планините . . . ќе појдат кон него сите народи. Ќе тргнат многу народи и ќе речат: „Дојдете, да се искачиме на гората Господова, во домот на Бога Јаковов; Он ќе нѐ научи на Своите патишта“‘. Ако читаме понатаму, ќе видиме каков е резултатот ако бараме поука од Јехова. „Ќе ги прековаат мечевите свои во плугови, а копјата свои — во српови“, продолжува пророштвото. „Народ против народ нема да крене меч и нема повеќе да се учат на војна“ (Исаија 2:2-4).
Да, кога би се следела оваа божествена поука, повеќе не би имало борби, етничко насилство, повеќе не би имало војни. Човечките владетели си замислувале дека можат да го исполнат ова библиско пророштво, па дури го испишале последниот дел од него на еден ѕид на плоштадот на Обединетите нации во Њујорк Сити. Сепак, војната и омразата меѓу националните и етничките групи до крајот на 1993 само се зголемила. И дали би рекле дека Божјето пророштво не се исполнило?
Не, никако — бидејќи луѓе од сите нации токму сега се стремат кон Јеховиниот дом за да добијат божествена поука. Навистина, колку големо сведоштво беа конгресите на Јеховините сведоци „Божествена поука“ минатото лето за исполнувањето на ова пророштво! Светското братство на Јеховини сведоци не дозволува ништо — ниту расното ни националното ниту етничкото потекло — да ги натера меѓусебно да се мразат или да се убиваат. Во симболична смисла, тие ги прековале своите мечеви во плугови, а своите копја во српови.
‚Но‘, некој би можел да приговори, ‚не можете да очекувате сите да се придржуваат кон Божјата поука меѓусебно да се љубат‘. Иако тоа е вистина, Бог има моќ да ги отстрани сите оние кои се противат на неговата божествена волја.
Што ќе направи Бог
Дали вие се молите како што ги учел Исус своите следбеници, имено: „Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата“? (Матеј 6:9, 10). Ако се молите, можете да бидете уверени дека нашиот љубезен небесен Татко ќе одговори на таа молитва. Како ќе го стори тоа?
Бог веќе го има поставено својот Син, ‚Кнез на мирот‘, како избран владетел на неговата „влада“, Царството за кое сме поучувани да се молиме (Исаија 9:6). Потребен ни е таков натчовечки духовен владетел, зашто само тој може да го ослободи човештвото од злобното влијание на Сатана и неговите демони. Човечките владетели, без разлика колку се добронамерни, не можат да го сторат тоа (1. Јованово 3:8; Откровение 12:7-12).
Но, што ќе се случи со денешните влади кои пропуштаат да се подложат на божественото владетелство? Едно друго библиско пророштво кое го опишува Царството за кое Исус нѐ учел да се молиме, вели: „Небесниот Бог ќе подигне царство, кое нема да се разруши никогаш, . . . [Божјето небесно Царство] ќе ги победи и разруши сите царства, а само тоа ќе остане вечно“. Според тоа, ако молиме да дојде Божјето Царство, тоа значи дека молиме за една светска влада под владетелството на ‚Кнезот на мирот‘ (Даниил 2:44; Исаија 9:6).
Тогаш, кога човечката фамилија ќе биде обединета во мир под Божјето Царство, сите меѓусебно ќе се љубат без оглед на расното или етничкото потекло. Какво величествено време ќе биде тоа! (Откровение 21:3, 4). Ве покануваме да најдете задоволство во една претслика на таа мирољубива состојба уште сега меѓу Јеховините сведоци, а потоа со нив да го очекувате времето кога целиот свет ќе биде обединет во мир.
[Слика на страница 15]
Божјето Царство ќе ги обедини сите луѓе во мир