ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g94 8/4 стр. 20-24
  • Верниот пример на татко ми

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Верниот пример на татко ми
  • Разбудете се! 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Источно и западно потекло
  • Трауматски воени години
  • Духовно освежување
  • Трагичен семеен распад
  • Значајна библиска дискусија
  • Проширена служба
  • Последните години на тато и мама
  • Да се држат очите и срцето вперени кон наградата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Исправни одлуки што ми донесоа трајни благослови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Светлоносец на многу нации
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Мотивиран од лојалноста на моето семејство кон Бог
    Разбудете се! 1998
Повеќе
Разбудете се! 1994
g94 8/4 стр. 20-24

Верниот пример на татко ми

БЕШЕ 6. јули 1947 и нашето семејство присуствуваше на обласен конгрес на Јеховини сведоци во Лондон (Англија). Татко ми имаше солзи радосници во очите додека испружено ја држеше раката за да ми помогне да излезам од базенот за крштевање. Јас и татко ми тукушто се крстивме во знак на нашата предаденост на Јехова, Творецот и Универзалниот Суверен. Мајка ми и тројцата браќа исто така присуствуваа на овој радосен настан.

За жал, единството на нашето семејство во христијанското обожавање наскоро беше уништено. Но, пред да ви раскажам за тоа и како верноста на татко ми влијаеше врз мене, ќе ви кажам нешто за неговиот поранешен живот.

Источно и западно потекло

Татко ми, Лестер, се родил во Хонг Конг во март 1908. Татко му бил помошник на пристанишниот капетан. Како дете, дедо ми го земал на патувања со брод за да ги набљудува активностите околу Хонг Конг и блиските острови. Но, кога тато имал само осум години, татко му умрел. Баба ми потоа се премажила, и семејството се преселило во Шангај. Во 1920, баба ми ги однела тато и неговата десетгодишна сестра Фил во Англија на школување.

Следните неколку години тато ги поминал близу катедралата во Кантербери, лулката на Англиканската црква. Одејќи в црква таму, се запознал со религиозни работи. Фил живеела во интернат северно од Лондон, но таа и тато се зближиле во текот на тие години бидејќи заедно ги поминувале своите школски распусти. Пет години подоцна, во 1925, кога тато завршил со школувањето, баба ми се вратила во Англија и се погрижила тато да најде работа. Потоа, следната година, се вратила во Шангај и со себе ја зела Фил.

Пред да си замине, баба ми му дала на тато примерок од една книга која ја напишал нејзиниот дедо. Тоа било поетска приказна за животот на Буда со наслов „The Light of Asia“ (Светлото на Азија). Тоа го натерало тато да размислува за вистинската причина за животот. Во Кантербери бил многу импресиониран од величественоста на катедралата и свеченоста на религиозните обичаи, но недостигот на духовна поука го оставала со чувство на празнина. Затоа се прашувал: ‚Дали ги имаат одговорите источните религии?‘ Одлучил да истражи. Во текот на следните години, го проучил будизмот, шинтоизмот, хиндуизмот, конфучијанизмот и исламот. Но ниедна религија не успеала да оговори на неговите прашања.

Татко ми живеел во еден спортски клуб што го водела фирмата за која работел, а уживал да весла, да игра рагби и да се занимава со други спортови. Набргу се заљубил во Една, привлечна девојка која исто така била љубител на спортот. Се венчале во 1929 и, во текот на следните десет години, биле благословени со четири сина.

Трауматски воени години

Во текот на 1930-те, облаците на Втората светска војна се собираа, и затоа тато одлучи да се пресели од Лондон во селските предели. Се преселивме само неколку месеци пред да избувне војната во септември 1939.

Беше воведено регрутирање за воени служби и, како што продолжуваше војната, постепено беа поставувани старосни граници. Наместо да чека да биде регрутиран, тато доброволно се јави да служи во британското воено воздухопловство и беше повикан во мај 1941. Иако можеше повремено да доаѓа дома на отсуство, поминаа шест години додека се повратија нормалните семејни односи. Товарот на грижа за нас децата падна врз мајка ми, а јас и брат ми како постари веќе влегувавме во своите тинејџерски години.

Духовно освежување

Околу две години пред татко ми да биде отпуштен од воздухопловството, двајца Јеховини сведоци ја посетија мајка ми и со неа започнаа библиска студија. Мама му напиша на тате колку многу уживаше во она што го учеше. Еднаш, кога тој беше на отсуство, таа го однесе на собраниско проучување на Библијата во еден приватен дом.

Тато излезе од војската во декември 1946 и почна да присуствува на библиските разговори што мама ги водеше со две госпоѓи Сведоци. Тие го забележаа неговиот интерес и уредија Ерни Бивор, претседавачкиот надгледник, да го посети тато. Само за една вечер, брат Бивор му одговори со Библијата на сите приговори на тато. Во текот на следните две седмици, додека секој ден со возот патуваше на работа во Лондон, ги прочита трите книги што му ги даде брат Бивор. Кога брат Бивор повторно дојде, тато го поздрави: „Ова е вистината која ја барав! Што треба да сторам?“

Оттогаш тато почна нас момчињата да нѐ носи на состаноци. Мама, меѓутоа, не сакаше секогаш да доаѓа со нас. Нејзиниот интерес почна да опаѓа. Сепак, сите бевме на конгресот во Лондон во јули 1947, каде што тато и јас се крстивме. После тоа, мама само повремено доаѓаше на состаноци.

Набргу после крштението, тетка ми Фил дојде во Англија да нѐ посети и на голема радост на татко ми, спремно ја прифати библиската вистина и се крсти. Кога се врати во Шангај, се поврза со Стенли Џоунс и Харолд Кинг, двајца мисионери на Јеховините сведоци кои таму биле испратени кратко пред тоа. Потоа овие мисионери биле затворени, на седум и на пет години затвор, од страна на комунистичката влада која беше на власт. Тие духовно ѝ помагале на Фил сѐ додека нејзиниот маж не добил пензија во Кина. Таа и нејзиниот маж потоа се вратија во Англија и се населија близу нас.

Трагичен семеен распад

Во меѓувреме, вистинската комуникација помеѓу мама и тато стана проблем. Мама ја виде ревноста на тато за неговата новооткриена вера и, мислејќи дека ќе биде загрозена материјалната сигурност на семејството, почна да се спротивставува на неговата христијанска активност. На крајот, во септември 1947, таа му постави ултиматум, или тој да се откаже од христијанската вера или таа ќе си замине.

Тато мислеше дека веќе ја смирил мама со тоа што дискутираше со неа на темел на Библијата, покажувајќи ѝ дека нема причина за страв. Меѓутоа, без натамошно предупредување, на 1. октомври 1947 дојде до кулминација. Кога тато се врати од работа, најде празна куќа и мене на скалите пред вратата со нашите куфери. Мама си замина, земајќи сѐ, па и моите тројца браќа. Му кажав на тато дека одлучив да останам со него. Мама не остави ниту порака (Матеј 10:35-39).

Ерни Бивор уреди да престојуваме кај една постара брачна двојка додека тато најде сместување. Тие беа многу љубезни со нас и нѐ утешија со зборовите на апостол Павле во 1. Коринтјаните 7:15: „Ако некој, што не верувал, сака да се разведе, нека се разведе; во такви случаи братот или сестрата не се заробени; зашто за мир нѐ повикал Бог“.

Конечно, стапивме во контакт со нашето семејство и ги посетивме, но набргу сфативме дека единственото прифатливо решение за мајка ми би било да направиме компромис со нашата вера. Знаевме дека компромисите нема да ни донесат благослови од Јехова. Затоа тато остана на световната работа и на мама ѝ обезбедуваше финансиски средства за издршка на моите браќа. Кога го завршив школувањето во 1947, најдов работа со скратено работно време и, во јануари 1948, стапив во полновремената служба.

Значајна библиска дискусија

Еден ден во службата на проповедање, кога имав само 17 години, разговарав со еден човек во една селска куќарка. Додека бев во посета, дојде Винстон Черчил, британскиот водач за време на Втората светска војна. Мојот разговор беше прекинат, но г-н Черчил ја забележа Стражарска кула и ме пофали за моето дело.

После неколку дена, повторно бев во служба на проповедање и поѕвонив во една голема куќа. Еден слуга ја отвори вратата и кога замолив да разговарам со сопственикот на куќата, ме праша дали знам кој е тој. Немав поим. „Ова е Чартвел“, рече тој, „куќата на Винстон Черчил“. Во тој момент се појави г-н Черчил. Се сеќаваше на нашата претходна средба и ме покани внатре. Разговаравме малку, па зеде три книги и ми рече да навратам.

Подоцна, во едно топло попладне, навратив и повторно бев поканет внатре. Г-н Черчил ми понуди лимонада и, по краток поздрав, рече: „Ќе ти дадам половина час за да ми кажеш што, според тебе, претставува Божјето Царство, но потоа мораш да ми дозволиш мене да ти кажам што мислам јас за тоа што тоа претставува“. Тоа и го направивме.

Г-н Черчил мислеше дека Божјето Царство ќе биде воспоставено преку богобојазливи државници и дека сѐ додека луѓето нѐ научат да живеат во мир, тоа нема никогаш да дојде. Бев во можност да го објаснам библиското гледиште за Божјето Царство и за благословите што ќе ги донесе. Г-н Черчил беше многу срдечен и покажа дека го почитува нашето дело.

За жал, никогаш повеќе не можев да го најдам. Но благодарен сум што, и покрај тоа што бев тинејџер, со оспособувањето и охрабрувањето што го добив од татко ми можев да му дадам добро сведоштво на еден таков угледен светски државник (Псалм 118:46).

Проширена служба

Во мај 1950, мама ни пиша за да ни каже дека ќе имигрира во Канада и дека со неа ќе го земе Џон, мојот најмлад брат. До тоа време, моите браќа Питер и Дејвид се грижеа сами за себе. Така, после 18 години (вклучувајќи ги и воените години кога го држеле на нивниот список на вработени), тато даде отказ на неговата фирма и стапи во општата пионерска служба. Со полновремена служба започна во август 1950, откако се врати од големиот меѓународен конгрес на Јеховини сведоци во Њујорк. После нешто повеќе од една година, во ноември 1951, тато беше наименуван за патувачки надгледник и почна да ги посетува собранијата за да ги храбри. Во меѓувреме, есента 1949, бев повикан да служам во канцеларијата на подружницата на Јеховини сведоци во Лондон (Англија).

Потоа следеше уште еден богат благослов — тато и јас бевме поканети на 20-от клас на мисионерската школа Гилеад во Њујорк. Класот започна во септември 1952, а ние дипломиравме во февруари следната година. После тоа служев во светската централа на Јеховините сведоци во Бруклин (Њујорк), додека тато беше испратен како патувачки надгледник во Индијана.

Целиот 20-ти клас не беше веднаш испратен на мисионерските доделби за да присуствуваме на меѓународниот конгрес што се одржа во Њујорк Сити во јули. Една сокласничка, Кеј Витсон, ми стана многу драга и одлучивме да се земеме. Бевме доделени во патувачкото дело во Мичиген, а потоа, после две години, ни беше доделена мисионерска задача во Северна Ирска.

Меѓутоа, само што требаше да отпловиме, Кеј откри дека е бремена. Затоа почнавме со друга задача, задача да одгледаме еден син и три ќерки да станат успешни полновремени слуги, исто како што и татко ми ме поучи мене. Во ноември 1953, тато замина за Африка и на 4. јануари 1954 пристигна на својата мисионерска доделба во Јужна Родезија (сега Зимбабве).

Тој имаше многу да учи — нов начин на живот, нови навики и нови испити на вера. Во 1954, Јужна Родезија не беше многу погодена од западните обичаи. По една година во канцеларијата на подружницата, тато беше испратен во патувачкото дело како обласен надгледник. Повторно беше повикан во канцеларијата на подружницата во 1956, и таму служеше сѐ до својата смрт на 5. јули 1991. Беше сведок на порастот на персоналот на подружницата од 5 во 1954 на преку 40, и на бројот на објавителите на Царството од 9.000 на преку 18.000.

Последните години на тато и мама

Тато и мама никогаш не се разведоа. Откако ја напушти Англија, мама остана некое време во Канада, а потоа се пресели во Соединетите Држави со Џон. Ниеден од браќата не стана Сведок. Меѓутоа, мама контактираше со Сведоците во средината на 1960-те години. Во 1966 се пресели во Момбаса (Кенија), каде што продолжи да проучува. Но, следната година, доживеа нервен слом.

Моите браќа, Питер и Дејвид, направија подготовки таа да оди за Англија, каде што се лекуваше. Оздраве и повторно почна да проучува со Сведоците. Можете да си ја замислите радоста на татко ми кога му напиша дека ќе се крсти на еден конгрес во Лондон во 1972. Јас и сопругата долетавме од Соединетите Држави за да бидеме со неа на нејзиното крштевање.

Следната година тато требаше да оди на одмор и, кога беше во Англија, беше среќен што ќе работи со мама во службата од куќа до куќа. Тој потоа дојде да ја посети нашата фамилија во Соединетите Држави. Тато и мама разговарале за помирување, но таа му рекла: „Премногу долго сме одвоени. Тоа би било тешко. Ајде да чекаме до новиот свет кога сѐ ќе биде во ред“. Затоа, тато се врати на својата доделба. Мајчината болест во Кенија оставила трага на неа и, конечно, морала да биде сместена во болница каде што почина во 1985.

Во 1986, тато многу се разболе, и затоа јас и брат ми Питер го посетивме во неговиот дом во Зимбабве. Тоа многу го охрабри и како да му даде нов поглед на животот. Африканските браќа беа извонредно љубезни со мене бидејќи бев син на Лестер! Навистина, татковиот пример имаше позитивно влијание врз животот на сите со кои доаѓаше во допир.

Сега и самиот сум болен. Лекарите ми велат дека имам уште малку време да живеам. Велат дека имам амилоидоза, ретка и смртоносна болест. Меѓутоа, јас сум среќен што моите деца го следат мојот пример, како што јас го следев примерот на мојот верен татко. Сите сѐ уште лојално му служат на Јехова со нас. Колку е утешно да се знае дека, без разлика дали живееме или умираме, ја имаме сигурната надеж засекогаш да ги уживаме богатите благослови на нашиот љубезен небесен Татко затоа што верно сме ја извршиле неговата волја! (Евреите 6:10). (Раскажал Мајкл Дејви.)a

[Фуснота]

a На 22. јуни 1993, додека се завршуваше овој извештај, Мајкл Дејви заспа во смртен сон.

[Слика на страница 20]

Лево: Моите родители, постариот брат и јас

[Слика на страница 22]

Бев во можност доста да разговарам со Винстон Черчил за Божјето Царство

[Извор на слика]

Слика на USAF

[Слика на страница 23]

Татко ми Лестер, кратко пред неговата смрт

[Слика на страница 24]

Со жена ми Кеј

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели