ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g94 8/4 стр. 30
  • Го набљудуваме светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Го набљудуваме светот
  • Разбудете се! 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Војните не престануваат
  • Жените се советуваат да му се спротивстават на силувачот
  • „Користи го или изгуби го“
  • Младите на 90-те
  • Улица именувана според Сведок маченик
  • Сообраќајни несреќи — дали сте безбедни?
    Разбудете се! 2002
  • Дојдоа китовите!
    Разбудете се! 2015
  • Што вели Библијата за коцкањето?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
Разбудете се! 1994
g94 8/4 стр. 30

Го набљудуваме светот

Војните не престануваат

Иако воените издатоци ширум светот се намалени, бројот на војните кои се водат не опаѓа. „Стокхолмскиот меѓународен иститут за истражување на мирот (SIPRI) од Шведска во изминатата година [1992] забележал 30 сериозни вооружени судири“, известува германскиот весник Nassauische Neue Presse. Според институтот, бројот бил ист како во 1991. Иако борбите престанале во некои кризни подрачја, „во Босна започна најкрвавиот конфликт, во кој до крајот на годината животот го загубија преку 100.000 лица“. SIPRI предвидува дека „бројот на судирите кои прераснуваат во насилства ќе опадне, но многу бавно“.

Жените се советуваат да му се спротивстават на силувачот

Едно ново истражување покажа дека жените имаат поголема шанса да го избегнат силувањето и повредата ако се бранат отколку ако молат или плачат. Испитувајќи ги извештаите за жени кои биле сексуално нападнати, истражувачите на универзитетот Брандис во Валтхам (Масачусетс) откриле дека жените кои се бранеле или пискале и побегнале, многу подобро поминале отколку оние кои тоа не го сториле. „Всушност, најголема веројатност да бидат силувани или повредени биле оние жени кои не се бранеле и кои се потпирале на молење и разумен разговор со напаѓачите“, вели списанието American Health. Д-р Сара Улман, која ја водела анкетата, го дава следниов совет: „Жената не треба да се колеба да вика, да се бори или да се спротивставува со сета сила. Преколнувањата и молењето веројатно нема да помогнат“.

„Користи го или изгуби го“

Неколку анкети водени по целиот свет откриле дека колку повеќе се користи толку е помала веројатноста мозокот да претрпи пореметувања. „Ако имате поголемо образование, не значи дека го развивате мозокот повеќе само додека сте млади туку и тоа дека го користите повеќе во текот на животот, а тоа создава еден вид заштитен механизам“ против ментална болест. „Читањето, пишувањето и аритметиката можат да бидат најдобриот начин да го заштитите вашиот мозок од состојба на распаднат умствен капацитет“, известува The Toronto Star од Канада. Невропсихологот Мерилин Алберт изјавила: „Ова откритие е доволно потврдено за да знаеме дека е вистинито“. Таа додала: „За мозокот тоа значи: ‚Користи го или изгуби го‘“.

Младите на 90-те

Виторино Андреоли, психијатар на универзитетот во Верона (Италија), известува дека за разлика од поранешните генерации, на денешните младинци „им недостига или немаат јасна претстава за иднината“. Тој додава дека тоа им отежнува на младите луѓе „да се жртвуваат денес за поубаво утре“. На многумина исто така им недостига „претставата за добро и лошо“, што значи дека „секое однесување е диктирано само од ситуацијата“, а не од некаков утврден морален код. Многу денешни младинци не разбираат во потполност што всушност претставува смртта. Андреоли забележува дека „ја познаваат само телевизиската смрт, од белетристиката . . . Младите знаат како да ја предизвикаат смртта, но не знаат што претставува таа. Затоа, тие можат да ја предизвикаат или дури да си ја нанесат себеси, замислувајќи си потполно поинакви резултати“.

Улица именувана според Сведок маченик

Кога во едно мало германско гратче Балтмансвајлер една нова улица требало да добие име, општинскиот совет го прифатил името Бернард Грим. А зошто? Весникот Esslinger Zeitung известува: „Грим, роден 1923, живеел на улица Рајхенбахер број 30. Како убеден Јеховин сведок, тој одбил да служи војска кога бил извршен попис за воена евиденција. Веднаш бил затворен и однесен во Берлин. Воениот суд го осудил на смрт заради ‚деморализирање на војската‘. На 21. август 1942, во Берлин-Плоцензее била извршена смртната казна врз 19-годишниот младич“. Бидејќи поминале нешто повеќе од 50 години од мачеништвото на овој млад човек, еден член на општинскиот совет сметал дека е соодветно време една улица да го носи неговото име.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели