Дали некогаш сте се прашале?
Верувате ли дека човекот поседува бесмртна душа што ја преживува смртта на телото? Милиони, можеби милијарди, веруваат дека човекот е обдарен со душа која при смртта се сели во друг свет или ниво на постоење, или пак се реинкарнира како друго суштество. Што вели Библијата за душата? Следниве прашања ќе ви бидат занимливи и поучни. За одговорите, ви предлагаме да ги проверите наведените библиски стихови или да погледнете на страница 21.
1. Каде бил создаден Адам, на небото или на Земјата? (1. Мојсеева 1:26-28).
2. Дали бил создаден како смртно или бесмртно суштество? (1. Мојсеева 2:15-17).
3. Дали ќа умрел да бил послушен и да не згрешил? (Римјаните 6:23).
4. Дали Адамовата постапка покажала дека тој бил смртен или пак бесмртен? (1. Мојсеева 3:19; 5:5).
5. Со својот грев, дали изгубил Адам земски или небесен дом? (1. Мојсеева 1:26-28).
6. Ако Исус дошол за да го обнови она што било изгубено со Адамовиот пад, што ќе биде вратено? (Псалм 36:29; Римјаните 5:18, 19; Откровение 21:1-4).
7. Дали Адам бил составен од два различни дела, душа и тело? (1. Мојсеева 2:7; 1. Коринтјаните 15:45).
8. Ако верувате дека Адам бил душа и тело, кој дел згрешил, душата или телото? (Псалм 50:1-4).
9. Ако вашиот одговор е „душата“, зошто мора да страда телото?
10. Ако вашиот одговор е „телото“, зошто мора да страда душата?
11. Ако човекот со смртта доаѓа на небото, зарем тоа не докажува дека гревот и смртта се благослов, а не, како што покажува Библијата, проклетство? (Римјаните 5:12; 6:21-23).
12. Каква казна добил Адам за својот грев — смрт или живот на некое друго место? (1. Мојсеева 2:16, 17; 3:19).
13. Дали постоела една казна за телото, а друга за душата? (Проповедник 9:5, 10; Језекиил 18:4).
14. Дали Бог воопшто помислил на бескрајно мачење во пеколен оган? (Јеремија 7:31).
15. Според Павле, која е платата за гревот? (Римјаните 6:23).
16. Дали споменува тој бескрајно мачење во пеколен оган? (Римјаните 6:7).
17. Ако навистина постои пеколен оган, зошто би трпел некој цела вечност за да плати за гревот што го направил во текот на краткиот животен век? Дали Божјата правда е помала од човечката? (Римјаните 9:14).
18. Дали верувале верните мажи од старо време дека имале душа која оди или на небото или во пеколен оган? (1. Мојсеева 37:35; Псалм 88:48; Дела 2:34).
19. Која е вистинската надеж за мртвите? (Јован 5:28, 29; 11:23-26; Дела 24:15).
20. Ако не постои бесмртна душа, како ќе владеат некои (144.000) со Христос на небесата? (1. Коринтјаните 15:42-49, 53, 54; Откровение 14:1, 4; 20:4).a
[Фуснота]
a Иразот „бесмртна душа“ никаде не се појавува во Библијата. Зборот „бесмртност“ (грчки: атанаси́а) се појавува само три пати во Библијата и никогаш не е поврзан со душата (1. Коринтјаните 15:53, 54; 1. Тимотеј 6:16). Во публикацијата Reasoning from the Scriptures (Расудување на темел на Писмото), која е издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc., на страници 275-282 (Пекол), 421-428 (Воскресение), 98-102 (Дух) и 106-110 (Душа) можете да најдете подетален преглед за тоа што се случува при смртта и за вистинската надеж за мртвите.
Дали некогаш сте се прашале? Библиските одговори
Следат некои од библиските стихови кои се наведени со прашањата на 13. страница:
1. „Го создаде Бог човекот според образот Свој, . . . машко и женско ги создаде. . . . Бог, . . . им рече: ‚Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа‘“ (1. Мојсеева 1:27, 28).
2. „Од секое дрво во градината можеш да јадеш, освен од дрвото за познавање на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш“ (1. Мојсеева 2:16, 17).
3. „Платата, што ја дава гревот, е смрт, а дарот Божји е живот вечен во Христа Исуса, нашиот Господ“ (Римјаните 6:23).
4. „Со пот од лицето свое ќе јадеш леб, сѐ дури не се вратиш во земјата, од која си земен; зашто си земја, и во земја ќе се вратиш!“ (1. Мојсеева 3:19).
5. Видете број 1.
6. „Ете ја скинијата на Бога меѓу луѓето, . . . И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина“ (Откровение 21:3, 4).
7. „Го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа“ (1. Мојсеева 2:7). Зборот „душа“ е превод од хебрејскиот збор не́феш што значи „она што дише“. „Така е и напишано: ‚Првиот човек Адам стана жива душа‘.“ Забележете, „стана“, а не „му беше дадена“ (1. Коринтјаните 15:45).
8. „Мојот грев е секогаш пред мене. Пред Тебе Единствениот згрешив и пред Тебе зло извршив“ (Псалм 50:3, 4).
9, 10. Нема потреба од библиски стихови.
11. „Како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот — смртта, по таков начин и смртта премина на сите луѓе преку еден човек, оти сите згрешија“ (Римјаните 5:12).
12. Видете број 4.
13. „Живите знаат, дека ќе умрат, а мртвите ништо не знаат . . . во гробот, каде што ќе појдеш, нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост“ (Проповедник 9:5, 10). „Како душата на таткото, така и душата на синот се Мои: која душа греши, таа ќе умре“ (Језекиил 18:4).
14. „Изградија идолско светилиште на Тофет . . . за да ги изгоруваат во оган синовите свои и ќерките свои, што не сум го заповедал и кое ни на ум не Ми доаѓало“ (Јеремија 7:31).
15. Видете број 3.
16. „Кој умрел, тој се ослободил од гревот“ (Римјаните 6:7).
17. „Што да речеме пак? Зар има неправда во Бога? Никако!“ (Римјаните 9:14).
18. „Оти Давид не отиде на небесата“ (Дела 2:34).
19. „Се надевам на Бога, оти ќе има воскресение на мртвите, на праведните и на неправедните, кое и тие сами го очекуваат“ (Дела 24:15).
20. „Распадливото треба да се облече во нераспадливо, а смртното — да се облече во бесмртно“. Ако бесмртноста ‚се облекува‘, тогаш таа не е вродена (1. Коринтјаните 15:53). „Видов: ете, Агнецот стои на гората Сион, и со Него сто и четириесет и четири илјади . . . Тие се откупени меѓу луѓето, првенци на Бога и на Агнецот“ (Откровение 14:1, 4).