ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g94 8/10 стр. 16-19
  • Една вечер во операта

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Една вечер во операта
  • Разбудете се! 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Во операта
  • Што се случува зад бината?
  • Библиски опери
  • Прекрасна вечер
  • На час по оперско пеење
    Разбудете се! 2008
  • Кукли на оперската сцена
    Разбудете се! 2008
  • Пишува дека ќе го видам
    Разбудете се! 2005
  • Содржина
    Разбудете се! 2008
Повеќе
Разбудете се! 1994
g94 8/10 стр. 16-19

Една вечер во операта

Од дописникот на Разбудете се! од Италија

НАЕДНАШ престанува типичниот дисхармоничен звук на оркестарот кој се загрева и светлата се пригушуваат. Диригентот, дочекан со краток аплауз, оди кон подиумот и ја поздравува публиката со поклонување. Потоа, во потполна тишина, ги крева рацете и со еден заповеднички гест го воведува оркестарот во уводните ноти на увертирата. Дали некогаш сте доживеале ваков возбудлив момент како што е почетокот на една опера? Дали би сакале? Што всушност претставува операта и од каде потекнува?

Операта е театарска изведба на драма (опера серија) или комедија (опера буфа), придружена со музика и поделена на еден или повеќе делови, или чинови. Ликовите ги презентираат своите улоги преку песна. Операта е составена од разновидни елементи: текст на драмата или либрето (дело на некој писател или поет); музика напишана од некој композитор; пеење; играње; декор и костими. Мјузиклот е сличен на операта, но полесен е по стилот. Можеби сте виделе филмови, како West Side Story (Приказна од западната страна) или Oklahoma, во кои актерите понекогаш пеат наместо да говорат.

Постои многу широка разноликост на опери: Оние на Волфганг Амадеус Моцарт и на Џоакино Росини се опишани како брилијантни; оние на Џузепе Верди како енергични и мотивирачки; на Рихард Вагнер како комплексни, бавни и сериозни; на Жорж Бизе како шарени и живописни; на Џакомо Пучини како сентиментални.

Потеклото на музиката и на песната донекаде се совпаѓа со почетокот на човечката историја (1. Мојсеева 4:21; 31:27). Направени се безброј музички инструменти откако постои човештвото, а околу XI век усвоен е систем за пишување на музиката. Прирачниците велат дека операта има свое потекло во Фиренца (Италија), кон крајот на XVI век. Голем број италијански зборови се користат и во многу други јазици за да ги опишат аспектите на овој облик на композиција (опера, либрето, сопран, тенор), што сведочи за потеклото на операта. Кога операта се проширила во разни делови на Европа, претрпела многу промени. Денес може да се најдат оперски куќи по целиот свет.

За да научиме повеќе, да го слушнеме разговорот помеѓу Антонело, кој живее во Милано, и неговиот пријател Макс, кој е дојден во посета од Швајцарија. Антонело и Макс поминуваат една необична и возбудлива вечер во миланската Скала, една од најпрочуените оперски куќи.

Во операта

Макс: Во водичот што ми го даде прочитав дека Скала била отворена во 1778, а бидејќи била многу оштетена од бомбардирање во Втората светска војна, повторно била изградена и отворена во 1946. Книгата исто така вели дека таа може да собере публика од преку 2.000 луѓе.

Антонело: Точно. Како што можеш да видиш, изградена е во вид на потковица, облик кој го присвоиле повеќето оперски куќи од XVII до XIX век. Има шест редици со ложи наоколу; оркестарот се наоѓа во предниот дел од бината. Скала не е ниту најстарата ниту најголемата оперска куќа на светот. Таа е позната поради тоа што во неа биле прикажани првите изведби на повеќе опери, а многумина славни диригенти и пејачи настапувале тука. Меѓу нив бил познатиот диригент Артуро Тосканини, кој можел да диригира без ноти. Се вели дека акустиката на Скала е совршена, што е најважно за една оперска куќа, каде што ниту музиката ниту гласовите не се појачани со микрофони или со звучници.

Макс: Можеш ли да ми кажеш нешто за оперските пејачи?

Антонело: Постојат шест видови гласови. Три машки — бас, баритон и тенор, и три соодветни женски гласови — контраалт, мецо-сопран и сопран. Најдлабоки се басот и контраалтот, додека највисоки во секоја група се тенорот и сопранот. Баритонот и мецо-сопранот се средни гласови.

За да стане добар оперски пејач, човек мора прво да биде надарен со добар глас, а потоа повеќе години да учи во специјализирано училиште. Без такво школување, кое го учи студентот како во потполност да ги искористи квалитетите на неговиот глас, никој не би можел да стане оперски пејач. Наскоро ќе ги видиш солистите. Ќе забележиш дека иако понекогаш играат улоги на идеални вљубени млади мажи и жени, сите, со неколку исклучоци, се зрели и прилично крупни луѓе. Дали знаеш зошто?

Макс: Не, но би сакал да знам.

Антонело: Затоа што тие го достигнуваат врвот на својата кариера во зрелоста и, за да пеат опери, мораат да имаат јака физичка конституција. Не е лесно постојано да се пеат силни високи ноти во текот на долг временски период. Се вели дека познатата сопранистка Марија Калас, која во текот на 50-те години често пеела овде во Скала, почнала да пропаѓа откако била на строга диета за слабеење. Затоа, Макс, наместо да ти го одвлекува вниманието надворешниот изглед на солистите, треба да ги цениш нивните гласови. Гледај! Излегува диригентот. Земи го театарскиот бинокл за подобро да ги видиш пејачите и целата претстава. Но само еден совет: За да извлечеш најголема корист од операта, сконцентрирај се на музиката и на песната како што постапивме во првиот чин.

Што се случува зад бината?

Макс: Колку долг аплауз! Пејачите имаат навистина убави гласови. Колку долго трае паузата?

Антонело: Околу 20 минути. Но дали знаеш што се случува зад завесата за време на паузата?

Макс: Не би можел да си замислам.

Антонело: Избезумена активност! Под водство на режисерот, специјализирани помошни сценски работници, оператори на машините, електричари, столари и други работници во совршена синхронизација ја демонтираат сцената на бината и поставуваат нова сцена. Денес, оперските куќи се опремени со модерна технологија за брзо менување на сцената, понекогаш дури и додека се одвива изведбата. Се користат хидраулични платформи, механички лифтови и други средства за подигање и спуштање на делови од бината. Сите оперски куќи се опремени за специјални ефекти или сценски изненадувања — опрема која произведува пареа за правење облаци или магла, димни ефекти, звук на дожд или на ветер, па дури и тресок на гром. Систем од рефлектори со различна јачина можат да создадат сценски ефекти и зраци на обоена светлина кои секогаш предизвикуваат восхитување.

Макс: Седејќи овде, ние ја гледаме и ја слушаме операта. Но што се случува зад сцената за време на претставата?

Антонело: Тоа е интересно прашање, Макс. Додека ние удобно уживаме во претставата, една мала војска работи зад сцената и зад кулисите. Замисли што би се случило кога некој пејач, хорот или некој од танчерите не би се движеле во правиот момент. Зад сцената, асистентот на режисерот на сцената или помошниците го следат оркестарот со партитурата и на пејачите им даваат знак да одат на бината во правиот момент. Диригентот на хорот го прави истото со хорот.

Ете го суфлерот во средината на бината, скриен од публиката во таа кутија. Тој (или таа) ги следи движењата на диригентот на оркестарот преку телевизиски монитор, а од либретото суфлерот ги изговара стиховите малку пред солистите, во случај некој пејач да ги заборави зборовите.

На крајот, режисерот ги надгледува промените во декорот на бината и масовното влегување на голем број актери и внимава на електричарите, така што зраците од обоената светлина да можат да бидат насочени кон правите делови од бината во правиот момент. Направени се планови Скала да се опреми со две ротирачки бини или бини со лифтови, како во другите оперски куќи, за да се олесни сценската подготовка и да се овозможи истовремено функционирање на повеќе од една претстава.

Макс: Толку многу луѓе и толку многу работа за да се изведе една опера! Јас сум восхитен!

Антонело: О да! Големите оперски куќи имаат постојан оркестар, хор и танчерска дружина — стотици артисти. Потоа има многу други, ако ги броиме сите мајстори, кројачи, чевлари, столари, шминкери, електричари и еден или повеќе сценографи за да се направи позадината и таа да се наслика. Покрај нив, потребен е и персонал за обезбедување, администрација и други служби.

Библиски опери

Макс: Дали има опери кои се земени од Библијата?

Антонело: Да, многу. Операта зела теми од многу области — историјата на древните народи, митологијата, средновековните легенди, делата на Вилијам Шекспир и други писатели. Набуко, скратеница од „Навуходоносор“, од италијанскиот композитор Џузепе Верди, зборува за Евреите кои биле протерани како робови од Ерусалим во Вавилон. Џоакино Росини, еден друг италијански композитор, напишал музика за Mosè (Мојсеј), а францускиот музичар Шарл-Камиј Сен-Санс ја компонирал Samson et Dalila (Самсон и Далила). Дејствието во тие драми не се држи строго за Библијата, но интересно е да се знае дека овие три опери го содржат Божјето име, Јехова.

Макс: Навистина? Знам дека Божјето име се споменува во делата на Хендл и Бах, но не знаев дека се наоѓа и во лирична опера.

Антонело: На крајот од Набуко, хорот пее за ‚Големиот Јехова‘, а првосвештеникот Захарија го споменува Божјето име. Во операта на Росини, Мојсеј го повикува ‚Иехова‘, а во Самсон и Далила, ‚Иехова‘ или ‚Јехова‘ се споменува повеќе пати.

Макс: Многу интересно.

Антонело: Потоа, има и многу други опери земени од Библијата. Меѓу нив се Salome (Салома) од Рихард Штраус; Moses und Aron (Мојсеј и Арон) од Арнолд Шенберг; и Debora e Jaele (Девора и Јаил), од Илдебрандо Пицети. Но гледај! Почнува последниот чин.

Прекрасна вечер

Антонело: Дали ти се допадна операта?

Макс: Да, особено затоа што, благодарение на твојот предлог, го бев прочитал либретото и така можев да го следам дејствието. Инаку, можеби ќе ми беше тешко да следам.

Антонело: Всушност, невозможно е да се разберат сите зборови што ги пеат солистите и хорот, бидејќи понекогаш музиката ги надвишува гласовите, а во високите ноти зборовите понекогаш тешко се разбираат. Во многу оперски куќи сега се даваат преведени поднаслови или натписи за да може публиката подобро да го следи дејствието.

Макс: Претставата беше одлична, Антонело. Убавата музика и пеењето навистина нѐ подбудуваат да го цениме Творецот, кој на човекот му го дал дарот на гласот и способноста да компонира, да игра и да ја цени музиката. Ти благодарам што ме честеше со една ваква прекрасна и восхитувачка вечер.

[Слика на страница 16]

Гледалиштето во Скала

[Извор на слика]

Lelli & Masotti/Teatro alla Scala

[Слика на страница 17]

Миланска Скала (Италија)

[Извор на слика]

Lelli & Masotti/Teatro alla Scala

[Слики на страница 18]

Горе: Сцена од операта „Самсон и Далила“

[Извор на слика]

Winnie Klotz

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели