ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g95 8/10 стр. 13
  • Бидете готови за една светла иднина

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бидете готови за една светла иднина
  • Разбудете се! 1995
  • Сличен материјал
  • Ве покануваме
    Јеховините сведоци во дваесеттиот век
  • Собери храброст додека се приближува избавувањето
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Дали си спремен за Јеховиниот ден?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Наскоро Божјето Царство ќе нѐ избави!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Разбудете се! 1995
g95 8/10 стр. 13

Бидете готови за една светла иднина

„БИДЕТЕ готови“, поттикнал Исус (Лука 12:40). Ако го правиме тоа, кога ќе дојде Христос „со сила и слава голема“, можеме да се оѕвиеме радосно на неговата заповед: „Подигнете ги главите свои, зашто се приближува вашето спасение“ (Лука 21:27, 28).

Какво спасение? Па такво спасение какво што имале Ное и неговото семејство — да, преживување на крајот на овој свет! „Светот поминува“, напишал апостол Јован, „а оној, што ја извршува волјата Божја, останува довека“ (1. Јованово 2:17).

Во Јеховиниот нов свет, земските поданици на Царот, Исус Христос, ќе се радуваат на бескраен живот. „Праведниците ќе ја наследат земјата“, стои во Библијата, „и ќе живеат на неа вечно“ (Псалм 36:29). Каква прекрасна иднина ветува Бог за својот народ! „Сам Бог ќе биде со нив“, вели неговата Реч. „Ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе.“ Ова е вистинито пророштво! (Откровение 21:3, 4).

Сепак, за да се радувате на таква иднина, морате да преземете нешто. Првата важна работа е да стекнете спознание. Библијата објаснува: „А животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исуса Христа“ (Јован 17:3).

Исто така, морате редовно да се состанувате со другите кои го бараат таквото спознание, како што поттикнувал апостолот: „Да бидеме внимателни еден кон друг, за да се поттикнуваме кон љубов и добри дела, не напуштајќи го своето собрание, . . . и тоа во толку повеќе, до колку гледате дека се приближува судниот ден“ (Евреите 10:24, 25). Навистина, Јеховиниот народ гледа дека сѐ поблиску е денот на спасението во Божјиот нов свет, па затоа станале познати по нивното состанување.

Коментирајќи за еден таков собир на некој голем стадион, лондонскиот весник Sunday Telegraph известил: „Нема ни трага од мрачнината која обично се поврзува со оние кои објавуваат дека ‚крајот е близу‘. Можеби веруваат дека крајот е близу. Но во меѓувреме изгледа како сите да уживаат на еден сериозен, достоинствен и побожен, а сепак радосен начин“. Весникот потоа додал: „Кога сегашниот светски поредок навистина би се распаднал, Сведоците од Твикенхам очигледно се доста добро подготвени за да го организираат тој нов поредок“.

Да бидеме спремни значи да бидеме вработени, вршејќи дело какво што вршел Ное, кој во времето пред потопот служел како ‚проповедник на правдата‘ (2. Петрово 2:5). Да бидеме спремни, исто така, значи да се вклучиме „во светите постапки на однесување и делата на оддаденост на Бог“. И вие сте поканети, да, поттикнати да му се приклучите на Јеховиниот народ, „очекувајќи ја и цврсто задржувајќи ја на ум присутноста на Јеховиниот ден“ (2. Петрово 3:11, 12, НС).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели