ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/2 стр. 22-24
  • Користење на силата на ветерот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Користење на силата на ветерот
  • Разбудете се! 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Предности за околината
  • Некои недостатоци
  • Осигурителна полиса?
  • Поглед во светот
    Разбудете се! 2010
  • Владетел кој има моќ над природните сили
    Исус — патот, вистината и животот
  • Оној што ги направил сите работи
    Учи од Големиот Учител
  • Заветрина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Разбудете се! 1996
g96 8/2 стр. 22-24

Користење на силата на ветерот

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ХОЛАНДИЈА

ОГРОМНИТЕ ротациони лопатки се вртат во круг. Тие се вртат бавно, рамномерно, како рацете на гигантски пливач кој неуморно се бори против струјата која постојано го држи во место. Но, тие раце се движат благодарение на таа струја — не наспроти неа. Струјата е ветерот. Освен неговото шумолење, брмчењето на овие механички раце е единствениот звук што се слуша. Ова е турбина на ветер која создава електрична енергија од силата на ветерот.

Во ветровитите делови на земјите како што се Данска, Германија, Соединетите Држави, Франција и Холандија, сѐ повеќе вакви турбини на ветер го обележуваат пејзажот. Само во Соединетите Држави, Калифорнија веќе има преку 16.000. Околу 50 километри источно од Сан Франциско, кај преминот Алтамонт, постои фарма со ветерници каде што на падините се распослани околу 7.000 турбини за да ја извлекуваат силата од ветерот кој константно дува. Сѐ на сѐ, се вели дека турбините на ветер во Калифорнија се способни да произведат доволно енергија за да бидат задоволени станбените потреби на Сан Франциско и Вашингтон Д.К., заедно.

Данска, која е опкружена со море, исто така е многу погодна за искористување на силата на ветерот; таму веќе има 3.600 турбини на ветер. Во 1991 година, Холандија имала само околу 300 турбини на ветер, но најветровитите покраини на земјата се согласиле да го зголемат тој број на 3.000. Стручњаците за енергетско планирање во Англија исто така се надеваат да го искористат ветерот во слична мера и во нивната земја.

Се разбира, користењето на силата на ветерот не е некоја нова идеја. Помислете само на сите бродови кои носени од ветерот пловеле по океаните низ вековите пред појавата на машината. Ветерниците со векови се користеле за испумпување вода, за мелење пченка и зачини и за сечење дрва. Во Холандија останале околу 900 вакви грациозни споменици. Многу од нив сѐ уште верно испумпуваат вода; тие се доверливи дури и кога снемува струја.

Пред еден век, данскиот професор Пол де ла Кор бил прв кој експериментирал со силата на ветерот за производство на електрична енергија. Тој изградил еден мал предвесник на денешната современа турбина на ветер. Меѓутоа, во XX век, човештвото открило дека цврстите горива се многу полесни за користење и даваат поголема енергија. Отпрвин, таквите горива изгледале ефтини и изобилни; затоа лесно го засениле ветерот како извор на енергија. Тоа било случај сѐ до нафтената криза во 1973 година, кога повторно била сериозно сфатена силата на ветерот.

Предности за околината

Нафтената криза ги натерала научниците да размислуваат за тоа што би се случило кога залихите со гориво би се потрошиле. Алтернативите, како што е силата на ветерот, станале попривлечени. Сепак, ветерот е неисцрплив. Всушност, тој постојано се обновува, токму онака како што Библијата за него рекла: „Се врти, се врти во својот пат“ (Проповедник 1:6). Силата на ветерот исто така е многу попријатна за околината отколку цврстите горива, кои придонесуваат за појава на страшните феномени, како што се киселите дождови, и кои го засилуваат ефектот на стаклена бавча. Силата на ветерот не испушта никакви хемиски материи.

Иако ветерот не е толку концентриран облик на енергија како што се плинот, јагленот или нафтата, сепак тој има изненадувачки предности. На пример, замислете една турбина на ветер како полека се врти на благо ветренце со брзина од десет километри на час. Ветерот наеднаш се засилува, двојно зголемувајќи ја брзината на ветерот на 20 километри на час. Сега, колку енергија влече турбината од ветерот? Двојно повеќе? Не. Списанието New Scientist објаснува: „Силата на ветерот се менува исто колку и брзината на ветерот на куб“. Значи, кога брзината на ветерот двојно ќе се зголеми, турбината дава осум пати поголема енергија! Дури и мало зголемување на брзината на ветерот, за турбината на ветер значи голем пораст во производството на енергија. За да се искористи во потполност овој таканаречен кубен закон, турбините на ветер обично се поставуваат на врвовите на брдата, каде што ветерот дува со поголема брзина.

Еден друг привлечен аспект на силата на ветерот е тоа што тој претставува прилично децентрализиран систем. Една ветерница може да го донесе изворот на енергија во близината на корисникот. Машините брзо се инсталираат и лесно се преместуваат. Ветерот не се копа, не се транспортира, нити се купува. Тоа значи дека таа енергија не е тешка за дистрибуирање, особено ако се спореди со сировата нафта, која мора да се транспортира во огромни товарни танкери. Несреќните случаи во кои биле вклучени такви танкери многу пати довеле до огромни еколошки катастрофи — како што беше истурањето на нафтата во Алјаска во 1989 година. Турбините на ветер немаат такви недостатоци.

Некои недостатоци

Тоа не значи дека силата на ветерот е панацеа за енергетските проблеми на човештвото. Еден важен предизвик лежи во непредвидливоста на ветерот. Во секое време може да го промени правецот. Истражувачите долго време барале решенија за овој проблем. Еден одговор бил измислен во 1920-тите години, кога францускиот инженер Жорж Дарје конструирал турбина на ветер со вертикална оска. Многу личи на еден голем миксер и функционира без оглед на правецот на ветерот. Денес се во употреба разни варијации на оваа направа со чуден изглед. Меѓутоа, ветерот, може исто така, во секое време сосем да престане. Друга крајност е што ненадејните бури можат да ги оштетат ротационите лопатки и турбината.

Изненадувачки е тоа што еден од најгласните приговори на користењето на силата на ветерот се однесува на околината. Како прво, денешните високо технолошки развиени турбини на ветер ни оддалеку не личат на живописните, старински градби од неодамнешното минато. Големите се високи и до 100 метри; оние од средна големина се 40 метри. Малкумина би ги опишале како убави. Иако, многу електрични водови со висок напон и радио-кули можат да бидат толку високи, сепак вртењето на лопатките на турбината на ветер привлекуваат многу поголемо внимание.

Тука е и проблемот со буката. Поради буката што ја создаваат, некои луѓе упорно приговараат на тоа што во нивната близина има турбини на ветер. Сепак, интересно е тоа што едно истражување открило дека турбина од средна величина во Корнвол (Англија), создава онолку бука колку што се слуша кога поминува автомобил со брзина од 60 километри на час на оддалеченост од 7 метри од вас. Но оваа јачина на звукот драстично се намалува со далечината. На оддалеченост од 300 метри, се слуша онолку бука колку што би се чуло во една просечна библиотека. Освен тоа, ветерот кој предизвикува да се врти турбината, ја прикрива буката. Меѓутоа, сосема е разбирливо дека кога има стотици турбини на ветер на едно место — или илјади, како што е случај во калифорнискиот премин Алтамонт — буката може да биде значителен проблем.

Еден друг проблем се однесува на птиците. Една организација за заштита на птиците во Холандија неодамна предупредила против градењето фарми на турбини на ветер онаму каде што се хранат и се размножуваат птиците — кога надвор е темно или магливо, тие би можеле да се залетаат во ротационите лопатки. Според едно пресметување, на една холандска фарма со 260 турбини на ветер, на овој начин секоја година би можеле да бидат убиени до 100.000 птици. Меѓутоа, други проучувања покажуваат дека турбините на ветер имаат мало влијание врз животот на птиците.

Осигурителна полиса?

И покрај тие препреки, јасно е дека силата на ветерот може да даде важен придонес во намалувањето на светската потрошувачка на цврсти горива. Во својата книга Wind Energy Systems (Системи на ветерна енергија), професор Гери Л. Џонсон од Универзитетот во Канзас (САД), објаснува дека силата на ветерот би можела да се користи заедно со поконвенционалните системи за произведување на енергија. Кога би се користеле на тој начин, вели тој, „на некој начин, генераторите на ветер би можеле да се сметаат како осигурителна полиса против сериозните проблеми при снабдување со гориво“.

На човекот наскоро би можело сериозно да му затреба таква осигурителна полиса. Средствата за јавно информирање често пати ја споменуваат човековата бескрајна потрага по гориво. Додека копа по јаглен и буши за нафта и плин, не само што ги исцрпува овие незаменливи извори, туку со нивното користење на некои места ја загадува и својата околина! Во меѓувреме, ветерот и понатаму дува — чист, бескраен и, главно, сѐ уште запоставен.

[Слика на страница 23]

Илјади турбини на ветер создаваат електрична енергија во многу земји

[Слика на страница 24]

Стотици вакви грациозни споменици сѐ уште постојат во Холандија

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели