ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/5 стр. 23-25
  • „Со јаболко на ден, здрав си к’о дрен“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Со јаболко на ден, здрав си к’о дрен“
  • Разбудете се! 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Одгледување на јаболкото
  • Берење
  • Складирање
  • Вредност за здравјето
  • Збор на претпазливост
  • Дали целата Библија сѐ уште е корисна?
    Разбудете се! 2010
  • Не плашете се!
    Пеј му од срце на Јехова
  • Не плашете се од нив!
    Пејте му на Јехова
  • Лекција 5
    Учам од Библијата
Повеќе
Разбудете се! 1996
g96 8/5 стр. 23-25

„Со јаболко на ден, здрав си к’о дрен“

ПОГЛЕДНЕТЕ ги овие прекрасни црвени јаболка. Зарем не изгледаат примамливо? Секако и, без сомнение, со добра причина. Јаболката биле наменети да придонесат за вашата благосостојба и добро здравје. Меѓу многуте видови овошје кое е корисно како храна, јаболкото е едно од најистакнатите. Така, ве наведуваат да бидете љубезни кон себеси.

Јаболкницата припаѓа на фамилијата ружи (Rosaceae), заедно со крушата, дуњата, глогот и оскорушата. Растителниот сок на сите тие дрвја е богат со шеќер. Нивните многу миризливи плодови ги има во разновидни нијанси на зелено, жолто и црвено, со кисел до сладок вкус.

Ширум светот, секоја година се произведуваат околу два бушела јаболка — помеѓу 17 и 18 милиони тони. Во Соединетите Држави, околу половината се јадат свежи. Останатите одат во работи како што се јаболков путер, јаболков сок, јаболков сос, јаболково желе, јаболкова ракија, алкохолен јаболков сок, јаболкови пити и други печива, јаболков оцет и јаболково вино. Во Европа еден поголем дел од приносот оди за алкохолен сок, вино и ракија. Од вкупното светско производство, околу една четвртина оди за алкохолен сок.

Но долго време пред овошјето да стане пријатно за нашиот вкус, расцветаната јаболкница е уживање за нашите очи. Таа е украсена со розово порабени бели цутови во таков раскош што, кога сите би се развиле во јаболка, дрвото не би било способно да ја носи тежината. Раната летна бура обично разнесува некои од цутовите.

Одгледување на јаболкото

Јаболкницата најдобро расте во умерените подрачја. А се одгледува уште од памтивека. Јаболкниците и јаболката шестпати се споменати во Библијата.a Римјаните ги сакале и, во нивните безбројни воени походи, тие ги ширеле различните сорти јаболка низ Англија и низ другите делови од Европа. Раните американски колонисти со себе донеле семе од јаболко и јаболкници од Англија.

Со многу експериментирања, генерации одгледувачи го подобриле квалитетот на јаболката по пат на расплодување. Меѓутоа, тоа не е брз процес. Да се произведе нова сорта јаболко што ќе има пазаришна вредност може да трае дури до 20 години. Но денес, благодарение на истрајноста на одгледувачите, имаме за избор голема разновидност од сочни и разнобојни јаболка.

Берење

Сезоната за јаболка во Северната хемисфера започнува во јули или август. Но сортите кои први зреат, како што се Џејмс Грив или Транспарент не можат долго да се чуваат. Тие треба бргу да се изедат — било сирови или варени. Меѓутоа, тие ни го изоструваат апетитот за она што следи: Самеред, Ајдаред, Јонаголд, Јонатан, Боскоп, Црвен делишес, Златен делишес, Мелрозе, Грени Смит — да споменеме само неколку од илјадниците сорти.

Јаболката треба да се берат кога времето е суво. Тие треба внимателно да се берат за да не се оштетат новите пупки и нивните лисја. Кога јаболката се вистински зрели, лесно се кинат од гранката ако плодот малку се заврти. Важно е да се внимава да не се скрши дршката на јаболкото затоа што тоа може да предизвика оштетување, влијаејќи врз трајноста на плодот.

Доцните сорти треба да се остават на дрвото колку што е можно подолго — колку што дозволува времето. Ако поради рана слана јаболката замрзнат на дрвото, бербата треба да се одложи додека не се одмрзнат. Јаболката можат да издржат температура неколку степени под точката на замрзнување, во зависност од степенот на нивната созреаност и содржината на шеќерот, но кога еднаш ќе се замрзнат и одмрзнат, не можат веќе да се складираат. Тие наскоро треба да се преработат во сок, варено овошје или оцет; не можат да се сушат.

Складирање

Интересна карактеристика на јаболката е тоа што тие дишат. Тие го апсорбираат кислородот од воздухот, а го испуштаат јаглерод диоксидот, како и водата. Според тоа, колку средината е потопла, толку побрзо дехидрираат и се сушат. Исто така, преку дишењето можат да апсорбираат мириси од нивната околина. Затоа, најдобро е да се складираат насамо, на температура од околу 5 Целзиусови степени.

Ако се чуваат во визба заедно со компири, тогаш јаболката ќе изгубат дел од нивниот свеж вкус. Освен тоа, различните сорти треба да се чуваат посебно. И најдобро е ако јаболката поединечно се завиткаат со хартија. Тоа го забавува дехидрирањето и ја намалува опасноста да се заразат од скапаните соседи.

Вредност за здравјето

Се вели дека „со едно јаболко на ден, здрав си к’о дрен“. Иако тоа секогаш не е така, јаболкото ја има таа поволна репутација. Зошто? Поради работите што ги содржи, а кои можат добро да влијаат врз нечие здравје.

Секое парче јаболко е складиште на важни хранливи состојки. Кога е зрело, ги содржи витамините: Б1, Б2, Б6, Ц и Е. Тоа исто така нуди разновидност од шеќери, како што се декстрозата, фруктозата и сахарозата. Комбинацијата на киселините во него е одговорна за вкусот. Освен тоа, содржи и неколку минерални супстанции, како што се калциум, магнезиум, калај и други, како и пектин и влакно. Околу 85 проценти од јаболкото е вода.

Друга материја која се наоѓа во јаболкото е етиленот, кој дејствува како природен регулатор на растењето што го потпомага зреењето на плодот. Оваа гасовита супстанција може добро да се искористи ако имате зелени патлиџани или тврди авокада. Ставете ги во хартиена ќеса со неколку зрели јаболка и тие побрзо ќе созреат.

Поради тоа што јаболката имаат вредност за здравјето, важно е да се знае кога и како да се јадат. Пред сѐ, тие треба да се зрели. Подобро е да не се јадат ладни јаболка; нека постојат некое време на собна температура. Исто така, важно е добро да се џвакаат.

Интересно, јаболката имаат својства за кои се вели дека се корисни за прочистување на дигестивниот систем. Истите овие својства се од помош во лекувањето како на тврдата столица така и на дијареата.

Збор на претпазливост

Јаболката, како и другото овошје, се осетливи на мувла. Поради тоа, на место е мерка на претпазливост. Токсините кои произлегуваат од тоа можат да предизвикаат нелагодност и гадење. Затоа, внимавајте на мувла, и исечете го не само мувлосаното делче туку и делчето околу расипаното подрачје, затоа што токсинот е склон да се шири.

Сепак, јаболката придонесуваат за вашето добро здравје. Затоа, ако сакате „да бидете здрави к’о дрен“, тогаш обидете се да јадете јаболко секој ден!

[Фуснота]

a Јаболкница: Песна над песните 2:3; 8:5; Јоил 1:12. Јаболка: Изреки 25:11; Песна над песните 2:5; 7:9.

[Слики на страница 24]

Расцветаната јаболкница е уживање за очите

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели