ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/1 стр. 3-4
  • „Јас не сум виновен“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Јас не сум виновен“
  • Разбудете се! 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • И не е некој нов тренд
  • Кој е виновен — ти или твоите гени?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Дали сме предодредени од нашите гени?
    Разбудете се! 1997
  • Кој е виновен?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Што те прави тебе да си „ти“
    Разбудете се! 1995
Повеќе
Разбудете се! 1997
g97 8/1 стр. 3-4

„Јас не сум виновен“

КОЛКУ често денес слушате некој да каже: ‚Се извинувам. Јас бев виновен. Во потполност сум одговорен за тоа!‘ Веќе ретко се слуша таква едноставна чесност. Всушност, во многу случаи, дури и кога се признава грешката, се прави секаков напор да се префрли вината врз некој друг или врз олеснителните околности за кои престапникот тврди дека немал никаква контрола.

Некои дури покажуваат обвинувачки прст на своите гени! Но дали е тоа прифатливо? Книгата Exploding the Gene Myth (Експлодирање на митот за гените) ги оспорува целите и делотворноста на некои аспекти од истражувањето на гените. Австралијанскиот новинар Бил Дин, во својот осврт на книгата, го извлекол овој промислен заклучок: „Се чини дека социјалните детерминисти неодамна почнале да веруваат дека пронашле речиси непогрешлив доказ за да ја поткрепат својата филозофија дека никој не треба да се смета за одговорен за своите постапки: ‚Ваше Височество, тој не можел а да не ѝ го пресече гркланот — тоа му е во гените‘“.

И не е некој нов тренд

Со тоа што оваа генерација брзо се развива во она што еден писател го нарекува генерација „не сум јас“, може да изгледа дека овој тренд се шири. Меѓутоа, запишаната историја открива дека префрлувањето на вината врз другите, со изговорот: „Не сум јас вистински виновен“, постоело уште од човековиот почеток. Реакцијата на Адам и Ева после нивниот прв грев, јадењето на плодот што Бог им го забранил, е класичен пример на префрлување на вината. Извештајот од 1. Мојсеева го изнесува разговорот кој се случил, каде што Бог прв зборувал: „,Да не си јал од она дрво, од кое ти забранив да јадеш?‘ Адам, пак, рече: ‚Жената, која ми ја даде Ти, таа ми даде од дрвото, и јас јадев‘. Тогаш Господ Бог ѝ рече на жената: ‚Зошто го направи тоа?‘ Жената одговори: ‚Змијата ме измами, и јас јадев‘“ (1. Мојсеева 3:11—13).

Од тоа време наваму, луѓето измислиле разновидни облици на верување и барале необични изговори кои би ги ослободиле од секаква вистинска одговорност за своите постапки. Значајно меѓу нив било древното верување во судбина. Една будистка која искрено верувала во карма рекла: „Мислев дека е бесмислено да морам да патам за нешто со кое бев родена, а за кое ништо не знаев. Морав да го прифатам тоа како моја судбина“. Негувано од доктрината за предодреденост која што ја поучувал Жан Калвин, верувањето во судбина е вообичаено и во христијанскиот свет. Свештениците честопати им кажуваат на ужалените роднини дека некој несреќен случај бил по Божја волја. Понатаму, исто така, некои добронамерни христијани го обвинуваат Сатана за сѐ што ќе им тргне наопаку во нивниот живот.

Сега, почнуваме да бидеме сведоци на однесување без одговорност кое законски и социјално е одобрено. Живееме во век на сѐ поголеми права и сѐ помали одговорности на поединецот.

Истражувањето на човечкото однесување произвело наводни научни докази за кои некои мислат дека би можел да даде слобода на однесување кое се протега од неморалност до убиство. Тоа е одраз на горливата желба на општеството да ја префрли вината врз што било или кој било, само не врз поединецот.

Потребни ни се одговорите на следниве прашања: Што всушност открила науката? Дали човечкото однесување го одредуваат единствено нашите гени? Или, нашето однесување го контролираат внатрешни и надворешни сили? Што всушност покажуваат доказите?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели