ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/5 стр. 25-27
  • Треба ли да го исповедам мојот грев?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Треба ли да го исповедам мојот грев?
  • Разбудете се! 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ,Нема скриено‘
  • Да се прекине молчењето
  • Да им се каже на родителите
  • Да се повикаат старешините
  • ,Се плашам да не бидам исклучен‘
  • Секогаш прифаќај го укорот од Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Дали Бог бара да ги исповедаме гревовите?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Што ако направиш сериозен грев?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Чувства на вина — „исчисти ме од мојот грев“
    Врати се кај Јехова
Повеќе
Разбудете се! 1997
g97 8/5 стр. 25-27

Младите прашуваат . . .

Треба ли да го исповедам мојот грев?

„Толку ми е срам, не знам што да правам. Сакам да одам кај моите родители, но премногу ми е срам“ (Лиса).a

ТАКА напишала една избезумена млада жена. Таа имала романтична врска со еден неверник во период од неколку години кога еден ден, под влијание на алкохол, со него имала сексуални односи.

Жалосно е да се каже дека одвреме навреме се случуваат такви работи, па дури и кај христијанските млади луѓе. Колку сме помлади и понеискусни толку е поголема веројатноста да правиме повеќе грешки. Но, едно е да се направи мала грешка, а сосема друго е да се биде вклучен во сериозно недело, како што е сексуален неморал (1. Коринтјаните 6:9, 10). Кога ќе се случи тоа, младиот човек треба да побара помош. Проблемот е во тоа што не е лесно да се исповедаат грешките.

Една христијанска девојка се впуштила во предбрачен секс. Таа одлучила да се исповеда на нејзините собраниски старешини, дури одредила и датум кога ќе го стори тоа. Но го одложила датумот. После тоа, пак го одложила датумот. Така, поминала цела година!

,Нема скриено‘

Ако си западнал во сериозен грев, треба да сфатиш дека е многу лоша идејата да молчиш. Како прво, вистината обично и онака излегува на површина. Како мало дете, Марк скршил еден ќерамички ѕиден украс. „Се обидов внимателно да го залепам“, се сеќава тој, „но за кратко време моите родители ги забележаа пукнатините.“ Вистина, повеќе не си дете. Но, обично, повеќето родители можат да почувствуваат кога нешто не е во ред со нивните деца.

„Се обидов со лаги да ги прикријам моите проблеми“, признава 15-годишната Ен, „но на крајот ги влошив работите.“ Лагите се разоткриваат во најголем број случаи. И кога твоите родители ќе откријат дека си лажел, веројатно ќе бидат вознемирени — дури повознемирени отколку што би биле кога на почетокот отворено би им признал.

Што е уште поважно, Библијата вели: „Нема тајно, што не ќе стане јавно, ниту, пак, сокриено, што не ќе се разбере и излезе на видело“ (Лука 8:17). Јехова знае што сме направиле и што правиме. Од него не можеш да сокриеш ништо повеќе отколку што можел Адам (1. Мојсеева 3:8—11). Со текот на времето, и твоите гревови можат да се разоткријат пред другите (1. Тимотеј 5:24, НС).

Молчењето може да ти наштети и на други начини. Псалмистот Давид напишал: „Затоа што замолкнав, се исушија коските мои од секојдневното мое воздишување, бидејќи и дење и ноќе тежеше над мене раката Твоја“ (Псалм 31:3, 4). Да, напнатоста да ја зачуваш тајноста може да изискува тежок емоционален данок. Загриженоста и вината, како и стравот од откривањето, можат да предизвикаат да чувствуваш мачнина во душата. Може да почнеш да се дистанцираш од пријателите и семејството. Може дури и да се почувствуваш дека си отсечен од самиот Бог! „Се справувам со нечиста совест затоа што го разжалостив Јехова“, напишал еден младинец по име Ендрју. „Тоа ме јадеше однатре.“

Да се прекине молчењето

Постои ли некаков начин да се добие олеснување од овој емоционален немир? Да, постои! Псалмистот рекол: „Но јас го познав [исповедав, НС] гревот мој и не го сокрив беззаконието свое . . . и Ти ми го прости гревот мој“ (Псалм 31:5; спореди 1. Јованово 1:9). И Ендрју нашол вистинско олеснување кога го исповедал својот грев. Тој се присеќава: „Му пристапив на Јехова и усрдно молев за негово простување“.

И ти можеш истото да го сториш. Моли му се на Јехова. Тој знае што си направил, сепак ти понизно признај му го тоа во молитва. Моли за простување и немој да се воздржуваш од тоа што се чувствуваш премногу злобен за да ти се помогне. Исус умрел за да можеме да уживаме добра положба пред Бог и покрај нашата несовршеност (1. Јованово 2:1, 2). Исто така, можеш да молиш за сила за да ги направиш и потребните промени. Читањето на Псалм 50 може да се покаже од особена помош за да му пристапиш на Бог.

Да им се каже на родителите

Меѓутоа, потребно е повеќе отколку само исповедање пред Бог. Должен си да им кажеш и на родителите. Тие се задолжени од Бог да те одгледаат „во науката и стравот Господов“ (Ефесјаните 6:4). Тие можат да го сторат тоа само ако ги знаат твоите проблеми. Сепак, можеби не е лесно или пријатно да им кажеш на твоите родители. Но, после нивната почетна реакција, најверојатно ќе ги контролираат своите емоции. Можеби дури ќе им биде и драго што си имал толкава доверба во нив за да им го откриеш твојот проблем. Исусовата парабола за расипничкиот син кажува за еден млад човек кој западнал во сексуален неморал. Но, кога конечно се исповедал, татко му со раширени раце му изразил добредојде! (Лука 15:11—24). Без сомнение, твоите родители исто така ќе ти дојдат на помош. Покрај сѐ, тие сѐ уште те љубат.

Вистина, можеби се плашиш дека ќе ги повредиш родителите. Но, исповедањето на гревот не е тоа што ги повредува твоите родители, туку неговото извршување! Исповедањето е првиот чекор кон ублажување на таа повреда. Ен, која беше порано спомената, им кажала на своите родители и после тоа почувствувала огромно олеснување.b

Уште една препрека во исповедањето е срамот и непријатноста. Иако верниот писар Ездра лично не ги извршил гревовите, кога ги исповедал гревовите на другите Евреи, тој рекол: „Срам ми е и страв ми е да го покажам моето лице кон Тебе, Боже мој“ (1. Ездра 9:6). Навистина, здраво е да чувствуваш срам кога си направил нешто погрешно. Тоа покажува дека твојата совест сѐ уште функционира. А со текот на времето, тие чувства на срам ќе попуштат. Ендрју го изразил тоа на следниов начин: „Многу е тешко и непријатно да се исповедаш. Но, сознанието дека Јехова ќе прости е големо олеснување“.

Да се повикаат старешините

Ако си христијанин, работата не завршува со тоа што си им кажал на родителите. Ендрју вели: „Знаев дека морав мојот проблем да го изнесам пред собраниските старешини. Какво само олеснување беше тоа што знаев дека тие се таму за да ми помогнат!“ Да, младите Јеховини сведоци можат и треба да одат кај собраниските старешини за помош и охрабрување. Но, зошто не можеш едноставно да му се молиш на Јехова и да остане на тоа? Затоа што Јехова им ја доверил на старешините одговорноста да „бдеат за вашите души“ (Евреите 13:17). Тие можат да ти помогнат да избегнеш повторно да западнеш во грев. (Спореди Јаков 5:14—16.)

Немој да се залажуваш, резонирајќи дека можеш самиот да си помогнеш. Кога навистина би бил доволно силен да го сториш тоа, зарем како прво би западнал во грев? Јасно е дека ти е потребна помош однадвор. Ендрју храбро го сторил тоа. Неговиот совет? „Го охрабрувам секој кој е или кој бил вмешан во сериозен грев, да му го отвори своето срце на Јехова и на еден од неговите пастири.“

Но, како точно да му пристапиш на еден старешина? Одбери некој со кого се чувствуваш слободно до една разумна мера. Би можел да започнеш на тој начин што ќе речеш: „Имам потреба да разговарам за нешто“, или „Имам еден проблем“, или дури „Имам еден проблем и потребна ми е твојата помош“. Тоа што си чесен и отворен, многу ќе придонесе во покажувањето на твоето каење и желбата да се промениш.

,Се плашам да не бидам исклучен‘

Што е со таа можност? Вистина е дека извршувањето на сериозен грев прави некој да подлежи на исклучување, но не и безусловно. Исклучувањето е за оние кои одбиваат да се покаат — кои тврдоглаво одбиваат да се променат. Изреки 28:13 вели: „Кој ги крие престапите свои, нема да напредува; а кој се освестува и ги остава, ќе биде помилуван“. Фактот што си им пристапил на старешините за помош е доказ за твојата желба да се промениш. Старешините првенствено се исцелители, а не казнувачи. Тие се должни да постапуваат со Божјиот народ љубезно и со достоинство. Тие сакаат да ти помогнат да си правиш ‚прави патеки за нозете свои‘ (Евреите 12:13).

Како што е познато, таму каде што е вклучена измама или долготрајна постапка на сериозно грешење, можеби недостигаат убедливи „дела достојни за покајание“ (Дела 26:20). Понекогаш доаѓа и до исклучување. Па дури и кога некој грешник се кае, старешините се должни да воведат некаков облик на стега. Треба ли да станеш гневен или огорчен поради нивната одлука? Во Евреите 12:5, 6, Павле поттикнува: „Сине мој, не презирај ја казната од Господа и не опаѓај со духот, кога те изобличува, зашто Господ го казнува оној, кого што го сака; го бичува секој син, кого што го прима“. Без разлика каква стега ќе добиеш, гледај на неа како на доказ дека Бог те љуби. Запомни, вистинското каење ќе ти го обнови исправниот однос со нашиот милосрден Татко, Јехова Бог.

Потребна е храброст за да ги признаеш своите грешки. Но правејќи го тоа, можеш да ги исправиш работите не само со твоите родители туку и со самиот Јехова Бог. Немој да дозволиш стравот, гордоста или непријатноста да те спречат да побараш помош. Запомни: Јехова „ќе прости во голема мера“ (Исаија 55:7, НС).

[Фусноти]

a Некои имиња се изменети.

b За информации во врска со тоа како да им пристапиш на родителите, види го 2. поглавје од книгата Младите прашуваат — делотворни одговори, издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

[Истакната мисла на страница 27]

‚Ги охрабрувам сите кои направиле грев да му го отворат своето срце на Јехова‘ (Ендрју).

[Слика на страница 26]

Исповедањето пред твоите родители може да води до духовно опоравување

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели