ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/7 стр. 16-17
  • Глувите го фалат Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Глувите го фалат Јехова
  • Разбудете се! 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Кој присуствуваше?
  • Набљудувачите се импресионирани
  • Се отвора ново подрачје
  • Цени ги своите глуви браќа и сестри!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • ‚Јехова ги осветлил со своето лице‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Будно барај ги глувите луѓе на твоето подрачје
    Нашата служба за Царството 2001
  • Слушајте со очите
    Разбудете се! 1998
Повеќе
Разбудете се! 1997
g97 8/7 стр. 16-17

Глувите го фалат Јехова

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО НИГЕРИЈА

ЗА ЈЕХОВИНИТЕ сведоци во Нигерија со години беше тешко да ги поучуваат глувите луѓе за Библијата. Тоа се должеше на недостигот на Сведоци кои знаеја знаковен јазик. Но тоа се менува. Сѐ повеќе Сведоци научија знаковен јазик и го достигнуваат глувото население. Главен чекор во овој развој беше обласниот конгрес на Јеховините сведоци кој се одржа во Нигерија пред повеќе од една година.

„Можевте да ја почувствувате возбудата во воздухот“, рече еден делегат на конгресот во Ота (Нигерија). „Постоеше чувство на стравопочитување, чувство на зачуденост“, рече еден друг. Што ги предизвика таквите чувства? За првпат во Нигерија, целата програма беше толкувана на знаковен јазик. Тоа беше единствениот конгрес каде што беше направено тоа од вкупно 96 конгреси што се одржаа низ земјата во текот на таа година.

Меѓу илјадниците кои присуствуваа имаше 43 глуви делегати, кои седеа на левата страна од платформата, во предниот дел. Над нив висеше една огромна бела табла со црвени букви која гласеше: „Знаковен јазик“. Глувите делегати беа одушевени што беа таму. Еден од нив напиша: „Со неизмерна радост и со насолзени очи го пишувам ова. Сѐ до ‚вчера‘ си ги гризевме усните кога дознававме за духовните подготовки направени за нашите глуви сохристијани во други земји. Немавме поим дека истите благослови ќе дојдат и овде кај нас“.

Кој присуствуваше?

Дојдоа глуви луѓе од сите делови на Нигерија. Една глува жена Сведок доведе тројца нејзини глуви проучувачи на Библијата. Една друга група глуви, која патувала 700 километри во еден правец, седум месеци штедела пари за превоз. Меѓутоа, кога дошло времето за патување, не можеле да изнајмат превозно средство од државната транспортна компанија поради тоа што било сезона на одмори. Кога владата на таа држава дознала за нивната тешкотија, им дала 13.000 наира (152 американски долари) како помош за друг вид транспорт!

Семејства со глуви деца патувале за да присуствуваат на овој единствен конгрес. Една жена од едно рурално подрачје слушнала за конгресот и дојде со својот глув син. Ниту таа ниту нејзиниот син не знаеја многу за знаковниот јазик. Трогнати до солзи од она што го видоа, сега се решени да учат знаковен јазик.

Од илјадниците присутни, некои дојдоа од места оддалечени со стотици километри само за да видат како глувите ќе ја „слушаат“ програмата. Посетеноста во недела беше 13.936 лица — највисок број од сите 96 обласни конгреси во Нигерија. Глувите делегати беа одушевени што можеа да бидат дел од тоа множество.

Набљудувачите се импресионирани

Многумина од глувите за првпат ја „слушаа“ добрата вест на знаковен јазик. А оние кои можеа да слушаат, првпат гледаа знаковен јазик. Еден делегат рече дека бил зачуден кога видел како сета програма е толкувана — песни, молитви, известувања, па дури и драмата! „Беше нешто силно!“ рече еден друг.

Радоста на глувите делегати беше одразена во нивното пеење. Со воодушевеност ги користеа рацете за да го фалат Јехова. За оние кои слушаа, да се гледа како глувите „пеат“ беше многу трогателно доживување. Тоа предизвика солзи во многу очи. Се слушна како еден делегат со стравопочитување исполнето со благодарност, извика: „О Јехова!“ Во една прилика кога заврши песната, оние кои седеа близу делот за знаковен јазик прснаа во спонтан аплауз.

После говорот за крштавање, додека стануваа кандидатите за крштавање, еден млад човек од делот за знаковен јазик исто така стана. Низ публиката се брануваше жагор на ценење кога тој со знаци одговори „да“ на двете прашања што ги постави говорникот.

Колкава само радост беше за глувите делегати да се запознаат со своите духовни браќа и сестри од другите делови на земјата! Раце и прсти се движеја возбудено додека глувите се запознаваа. Имаше многу ракувања и размена на адреси.

Девет толкувачи (знаковни јазичари) дојдоа од различни делови на земјата. Прекрасно беше да се гледа како нивните дланки и раце грациозно ги толкуваа со знаци сите говори и песни. За нивните напори беа наградени со прегратки, ракувања и пофалби. Исто така, беа опсипувани со прашања: Како го научи тоа? Како можам јас да научам? Има ли книги кои поучуваат знаковен јазик?

Се отвора ново подрачје

За глувите, врвна точка на конгресот беше издавањето на видеокасетата во една верзија на знаковен јазик со книгата Спознание кое води до вечен живот. Повеќемина беа поттикнати да учат знаковен јазик и, со тоа помошно средство за поучување, да допрат до глувите низ Нигерија. Конгресот наведе многумина да станат одлучни да го сторат токму тоа.

„Во минатото, кога ќе сретневме некое глуво лице во службата на подрачјето, едноставно продолжувавме до следната куќа“, рече една сестра. „Сега, знаеме што да правиме.“ Со пресметана цифра од пет милиони Нигеријци кои се со оштетен слух, секако дека постои огромен потенцијал. Еден брат рече: „Ова е почеток. Сега треба да го обработуваме ова уникатно ново поле“.

Во месеците по конгресот, токму тоа се случува. Се прават здружени напори да се поучуваат милионите во Нигерија кои се со оштетен слух за вистините од Божјата Реч. Потребно е и тие да ја научат добрата вест во врска со претстојниот нов свет под Божјето Царство, бидејќи таму ќе се случи чудотворно лекување и „ушите на глувите ќе се отнат“ (Исаија 35:5).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели