ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/2 стр. 20
  • Каква е иднината за албатросот?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Каква е иднината за албатросот?
  • Разбудете се! 1998
  • Сличен материјал
  • „Највеличествената жива летачка машина“
    Разбудете се! 2010
  • Враќање на големата бела птица
    Разбудете се! 1998
  • Летот на албатросот скитник
    Разбудете се! 2013
  • Поглед во светот
    Разбудете се! 2014
Повеќе
Разбудете се! 1998
g98 8/2 стр. 20

Каква е иднината за албатросот?

Од дописникот на Разбудете се! во Британија

Каква е иднината за албатросот, најголемата морска птица на светот. „Доста мрачна“, известува The Times од Лондон. Десетици илјади од нив — австралиските истражувачи пресметуваат дури и до 44.000 — секоја година се убивани. Всушност, некои авторитети мислат дека албатросот скитник, со својот величествен распон на крилја од три метри, наскоро ќе биде истребен.

Откако албатросите ќе се подготват за лет, седум години минуваат на море, вивнувајќи се и едрејќи илјадници километри, па дури и спиејќи во лет. Некои веруваат дека птиците можат да патуваат околу светот неколку пати пред да се вратат во нивното место на раѓање за да се размножуваат.

Албатросите подигнуваат само по едно пиле секоја втора година. Но, во текот на изминатите 20 години, популацијата на албатросот скитник на Јужна Џорџија во Јужниот Атлантик и на Крозе во Индискиот Океан намалена е скоро за половина. Според некои, што е причината за тоа? Рибарење со парангал.

За да фатат туна, рибарите користат парангал, од кој секој содржи стотици куки. Јажињата се поставуваат на крмата на рибарскиот чамец. На секоја кука се става мамка со лигњи — главната храна на албатросот. Кога птицата се спушта за да ја земе лигњата, повремено ја голта и куката. Уловениот албатрос потоа потонува со тешкото јаже и се удавува.

За да го заштитат албатросот, некои рибари на туна успешно биле охрабрувани да ги поставуваат своите јажиња навечер, кога птицата не лови. Рибарите, исто така, бараат начини да ги рашират своите јадици под нивните бротчиња за да не може албатросот да ја види мамката. Други техники кои се користат вклучуваат тешки јажиња кои потонуваат побргу и еден вид плашило за да ги исплаши птиците.

Меѓутоа, на отворените мориња на Јужниот Атлантик нема проверување на методите кои ги користат рибарските бротчиња. Според Сенди Бартл, специјалист за морски птици од музејот на Нов Зеланд, бротчињата таму „не прават ништо за да спречат албатросот да биде убиен“. Навистина, можната смрт на величествениот албатрос е коментар за човечката немарност и рамнодушност.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели