ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/11 стр. 12-15
  • Големата раседна долина

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Големата раседна долина
  • Разбудете се! 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Езерата на овој расед
  • Животни со огромна разноликост
  • Номадите на овој расед
  • Животот во долината на смртта
    Разбудете се! 2006
  • „Добра и пространа земја“
    Запознај ја ,добрата земја‘
  • Остани во „долината меѓу горите“
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2017)
  • Бајкал — најголемото езеро во светот
    Разбудете се! 2007
Разбудете се! 1997
g97 8/11 стр. 12-15

Големата раседна долина

Од дописникот на Разбудете се! во Кенија

ТОА е еден огромен ров, вдлабнатина на Земјината површина која е толку колосална што може да се види од површината на Месечината! Протегајќи се од Јорданската долина во северен Израел, па надолу сѐ до Мозамбик — 6.400 километри кои влеваат стравопочитување — зафаќа голем дел од должината на африканскиот континент.

Во 1893 година, шкотскиот геолог Џ. В. Грегори го направил првото детално проучување на ова природно чудо. Грегори согледал дека огромниот ров не бил оформен од ерозијата на водата и ветрот, туку од „карпа која пропаѓа во масата, додека соседното копно останало неподвижно“. (Спореди Псалм 103:8.) Оваа огромна пукнатина на Земјината површина ја нарекол Голема раседна долина.

Денес, научниците сѐ уште не ги разбираат потполно подземните сили кои пред милениуми ја создале оваа долина. Сепак, човек не може а да не биде фасциниран од богатата разноликост што може да се пронајде во неа. Африканскиот дел од Големата раседна долина, кој започнува во Етиопија, содржи едно од најзастрашувачките места на Земјината површина, депресијата Данакил (позната и како Афарски триаголник). Овој огромен солен базен се граничи со Црвеното Море и претставува една пустина која опфаќа 150.000 квадратни километри. Овде копното потонало 120 метри под морското ниво. Температурите можат да достигнат жестоки 54 Целзиусови степени. Оттаму раседот се издигнува во етиопските височини — студени 1.800 метри над нивото на морето, со планински врвови кои достигнуваат височина од 4.300 метри. Густите дождовни шуми ги покриваат падините на овие плодни планински предели, напојувајќи бројни реки, како што е Синиот Нил. Патувајќи на југ во својата источна гранка, раседот продолжува да се издигнува и да се спушта на еден драматичен начин.

По должината на Големата раседна долина се нанижани вулкански врвови со различни облици и големина, како и помали раседи кои се разгрануваат. На западниот расед, вулканското движење ги оформило планинските венци Рувензори и Вирунга, кои ги опфаќаат границите на Руанда, Заир и Уганда. Некои врвови сѐ уште покажуваат знаци на геотермална активност и, понекогаш, исфрлаат чад и вжештена лава. Недалеку од источниот расед, древните вулкански врвови како што се Килиманџаро и планината Кенија се толку високи што, и покрај силното екваторско сонце, тие се покриени со снег. По должината на Раседната долина се наоѓаат топли извори кои исфрлаат пареа и врела вода, сведочејќи за метежот кој сѐ уште постои длабоко под земјината површина.

Подолу на југ, во Танзанија, со долината се граничи една пространа рамнина со пасишта. На јазикот масаи е наречена сирингет, збор што значи „широко отворен простор“. Подобро позната како рамнината Серенгети, нејзините изобилни пасишта прехрануваат пространи стада од диви животни. Токму овде се случува големата преселба на гнуата — еден навистина спектакуларен настан!

Езерата на овој расед

По должината на источниот дел на Големата раседна долина во Африка има една низа езера кои се загадени со натриумови карбонати. Овие хемикалии се исцедиле од вулканските сливни подрачја или, пак, навлегле во езерата преку подземна вулканска активност. Некои езера, како што е езерото Туркана во северна Кенија, имаат мала алкалност. Опкружено со илјадници квадратни километри осамени пустински џбунови, езерото Туркана понекогаш добива прекрасна зелена боја на жад и претставува дом на најголемото население на крокодили во светот. Езерата како што е езерото Магади во Кенија и Натрон во Танзанија, се толку заситени со соли што формираат речиси цврсти наслаги од стврдната кора од бела сода. Која е причината? Непостоење на излив кој инаку би ги однел солите. Поголемиот дел од водата истекува преку испарување, оставајќи зад себе висока концентрација од минерали. Малку животни можат да преживеат во и околу горките води на содните езера на Раседната долина. Меѓутоа, забележителни исклучоци се нежните розови фламинга кои се преселуваат од едно до друго езеро со сода, хранејќи се со микроскопската алга која успева во водите кои нагризуваат. Овде фламингата се собираат на милиони, формирајќи живо море од розова боја.

Друг жител кој успева во овие инаку мртви води е ситната рипка наречена tilapia grahami. Оваа рипка која е отпорна на алкали честопати се наоѓа во близината на подводните вентили за пареа, каде што водата е толку жешка што е неудобно дури и да се допре со раката. Сепак, таму преживува оваа ситна рипка, хранејќи се со езерската алга.

Само неколку од езерата на источниот расед имаат слатка вода. Такво е езерото Наиваша, во Кенија. Сместено е на 1.870 метри над морското ниво, а неговите кристални води обезбедуваат засолниште за различни видови риби, како и за стада од нилски коњи кои се сончаат. По должината на бреговите има бујни зелени корита од папирус и воден растителен свет, кој сместува преку 400 различни видови шарени птици. Сместено спроти заднината од жолти багремови дрвја и околните планински венци, езерото Наиваша е многу убаво за гледање.

Меѓу системот расед-долина лежи втората по големина маса од слатка вода во светот, езерото Викторија. Неговите води ги плискаат бреговите на Кенија, Уганда и Танзанија, и тоа е еден од изворите на реката Нил. Подолу на југ, водите на езерото Танганика се впуштаат во една длабочина од 1.440 метри. Ова е второто најдлабоко езеро во светот.

Животни со огромна разноликост

Источноафриканската Раседна долина одржува во живот една широка разноликост на дивина. Бизонот, жирафите, носорозите и слоновите се некои од големите цицачи кои слободно талкаат во дивата, безгранична шир на раседот. Во сувите, безводни предели може да се видат зебри, орикси и ноеви. Грациозни антилопи скокаат високо во воздухот додека трчаат низ тревните подрачја. Дамкасти мачки како што се леопардот и читахот, ловат на отворените рамнини, а во темните часови честопати може да се слушне рикањето на величествениот лав. Високо на планинскиот венец Вирунга живее реткото планинско горило. Далеку подолу на подножјето на раседот, крда од павијани бавно се движат низ нерамниот терен, барајќи инсекти, семиња и скорпии. Издигнувајќи се високо во воздухот, моќните орли и мршојадци со огромен распон на крилјата летаат во термики, односно струи од топол воздух. Шарени тураци, барбети, клунорози и папагали ги населуваат трнливите грмушки на низината. Гуштери од сите облици, големини и бои, забрзано трчаат наоколу како да одат по оган.

Номадите на овој расед

Источноафриканската Раседна долина е дом за многу полупустински племиња кои се и пастирски и номадски. Тие се развиени луѓе кои одат со долг чекор карактеристичен за африканскиот номад. Во оние предели каде што врнежите се оскудни, цели села честопати се пакуваат и се преселуваат во потрага по нови пасишта за нивниот добиток. Без пасоши ниту визи, тие слободно се движат преку неодбележаните граници на државите и изгледаат рамнодушни на надворешниот прогрес и другите начини на живот. Во овие оддалечени подрачја, животот тече бавно. Времето се мери со изгревањето и заоѓањето на Сонцето. Нечие богатство се одредува според бројот на камили, кози, крави или овци што ги поседува или, пак, според бројот на децата во неговото домаќинство.

Домовите се конструирани едноставно, но генијално. Гранки од дрво се свиткани и врзани за да формираат структура во облик на купола. Потоа, надворешната површина се покрива со проткаена трева, со кожи од животни или, пак, со кал помешана со лепешки од крави. Таквите домови честопати содржат и огниште за готвење, мала преграда за домашните животни, како и кревет кој можеби не е ништо повеќе од едно парче животинска кожа. Огнот од огништето го исполнува домот со чад, чувајќи ја внатрешноста од муви и комарци. Честопати, некое село или семејна група ќе ги изгради своите мали куполести колиби во еден круг кој на периметарот е опкружен со непробојни трнливи гранки за да го заштитат ноќе својот добиток од дивите животни.

По должината и ширината на Големата раседна долина се наоѓа една разноликост од луѓе со различни карактеристики на лицето, јазик и обичаи, варирајќи според нивните племиња и географска локација. И религиозните верувања многу варираат. Некои го прифатиле исламот, други, пак, номиналното христијанство. Многумина се суеверни и склони да му припишат натприродни сили на сето она што не можат да го разберат. Во последниве години, многу од оддалечените подрачја беа отворени за надворешното влијание преку програми кои обезбедуваат образование и медицинска нега.

Не изненадува тоа што и Јеховините сведоци вложуваат напори да контактираат со овие развиени номади. Сведоците се надеваат дека ќе ги запознаат со библиското ветување за едно време кога никој нема да мора да ја крпи својата егзистенција од спржената земја. Библијата вели: „Ќе се развесели пустињата и сувата земја, и ненаселената земја ќе се зарадува и ќе расцути како крин“ (Исаија 35:1). Во меѓувреме, Големата раседна долина останува како споменик на креативната разноликост на Творецот на сите работи, Јехова Бог.

[Карта на страница 12]

(Види во публикацијата)

ИЗРАЕЛ

ЕГИПЕТ

САУДИСКА АРАБИЈА

Црвено Море

ЈЕМЕН

Аденски Залив

ЕРИТРЕЈА

СУДАН

УГАНДА

РУАНДА

БУРУНДИ

ЗАИР

ЗАМБИЈА

МАЛАВИ

ЏИБУТИ

ЕТИОПИЈА

СОМАЛИЈА

КЕНИЈА

ТАНЗАНИЈА

МОЗАМБИК

[Извор на слика]

Mountain High Maps® Copyright © 1995 Digital Wisdom, Inc.

[Слика на страница 13]

На рамнината Серенгети се случува еден навистина спектакуларен настан — големата преселба на гнуата

[Извор на слика]

Доле: © Index Stock Photography and John Dominis, 1989

[Слика на страници 14 и 15]

Фламингата се собираат на милиони, формирајќи живо море од розова боја

[Слики на страници 14 и 15]

Јеховините сведоци ја споделуваат библиската порака со луѓето од Раседната долина

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели