ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/11 стр. 3-4
  • Груби зборови, здробен дух

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Груби зборови, здробен дух
  • Разбудете се! 1997
  • Сличен материјал
  • Воспитувај го своето дете уште од најраното детство
    Тајната на семејната среќа
  • Самохрани родители, многукратни предизвици
    Разбудете се! 2003
  • Родители, воспитувајте ги децата со љубов!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Научете ги своите деца да го сакаат Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Разбудете се! 1997
g97 8/11 стр. 3-4

Груби зборови, здробен дух

„Глупава влечка!“a Една жена во Јапонија многу добро се сеќава на овие зборови — честопати биле фрлени на неа кога била мало дете. Од кого? Школски другари? Браќа и сестри? Не. Од нејзините родители. Таа се сеќава: „Паѓав во депресија затоа што погрдните имиња длабоко ме погодуваа“.

Еден човек во Соединетите Држави се сеќава дека како дете чувствувал страв и загриженост секојпат кога татко му доаѓал дома. „До ден-денес сѐ уште можам да го слушам звукот на гумите по патеката за автомобили“, се сеќава тој, „и тој звук поминува низ мене како студенило. Мојата малечка сестра се криеше. Татко ми беше перфекционист и постојано нѐ напаѓаше со зборови затоа што не сме ги вршеле доволно добро работите кои моравме да ги направиме.“

Сестрата на тој човек додава: „Не се сеќавам дека некој од родителите некогаш нѐ прегрнал, бакнал или ни рекол нешто како што е ‚те сакам‘ или ‚се гордеам со тебе‘. А едно дете никогаш да не слушне ‚те сакам‘ е исто како да слуша ‚те мразам‘ — секој ден од неговиот живот“.

НЕКОИ би можеле да речат дека неволјата која овие луѓе ја претрпеле како деца е ситна. Секако дека не е необично на децата да им се упатуваат груби, нељубезни зборови и со нив лошо да се постапува. Не се работи за шокантни новински наслови и сензационални кратки телевизиски шоу програми. Штетата не е видлива. Но ако родителите ги малтретираат своите деца на таков начин секој ден, последиците сепак можат да бидат уништувачки — и да траат доживотно.

Разгледајте го продолжението од 1990-тата на една студија од 1951 која ги испитувала практиките на родителството кои биле употребувани на група петгодишни деца. Истражувачите успеале да пронајдат многу од овие деца, сега во средовечноста, за да стекнат увид во долгорочните последици од нивното одгледување. Новата студија заклучила дека децата кои најтешко си поминале во животот, на кои им недостигала емоционална благосостојба и кои имале тешкотии во бракот, во пријателствата, па дури и на работа, не биле безусловно деца на сиромашни или на богати родители ниту, пак, на очигледно вознемирени родители. Тоа биле деца чии родители биле далечни и ладни и кои покажувале мала или никаква наклоност.

Тоа откритие е само еден блед одраз на една вистина која била запишана пред скоро 2.000 години: „Татковци, не дразнете ја челадта своја, за да не паѓаат со духот!“ (Колосјаните 3:21). Вербалното и емоционалното злоупотребување од родителите секако дека ги раздразнува децата и може навистина да предизвика да станат малодушни како резултат на тоа.

Според книгата Growing Up Sad (Да се расте тажно), лекарите до скоро мислеле дека не постои депресија во детството. Но, времето и искуството го покажале спротивното. Денес, тврдат авторите, депресијата во детството се признава и воопшто не е невообичаена. Меѓу нејзините причини се отфрлањето и лошото постапување од страна на родителите. Авторите објаснуваат: „Во некои случаи, родителот го изложил детето на постојан порој од критицизам и понижување. Во други случаи, едноставно постои празнина во односот родител—дете: љубовта на родителот спрема детето никогаш не е изразена . . . Резултатот е трагичен особено за децата на таквите родители бидејќи за едно дете — или кога станува збор за еден возрасен човек — љубовта е како сонцето и водата за растението“.

Преку родителската љубов, ако се изразува јасно и отворено, децата учат една важна вистина: дека можат да бидат љубени; дека имаат вредност. Многумина погрешно го разбираат тој концепт — како еден облик на арогантност, љубов спрема себеси пред другите. Но не се мисли на тоа во овој контекст. Една авторка во својата книга во врска со темата вели: „Мислењето на Вашето дете за самото себеси влијае врз тоа какви пријатели ќе избере, како се сложува со другите, за каква личност ќе се венча и колку ќе биде продуктивен“. Библијата признава колку е важно да се има урамнотежено и неегоистично гледиште за себеси кога ја наведува како втора најголема заповед: „Возљуби го својот ближен како себеси“ (Матеј 22:38, 39).

Тешко е да се замисли некој нормален родител да сака да скрши нешто толку важно и толку кршливо како што е самопочитта на детето. Тогаш, зошто се случува тоа толку често? И како може да се спречи?

[Фуснота]

a На јапонски норома бака!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели