ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/11 стр. 16-17
  • Шарениот свет на коралните гребени

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Шарениот свет на коралните гребени
  • Разбудете се! 1997
  • Сличен материјал
  • Сунѓери — едноставни, но прекрасни
    Разбудете се! 2006
  • Школка која знае да копа
    Разбудете се! 2010
Разбудете се! 1997
g97 8/11 стр. 16-17

Шарениот свет на коралните гребени

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ПАПУА НОВА ГВИНЕЈА

КОРАЛНИТЕ гребени го порабуваат речиси целиот брег на Папуа Нова Гвинеја. Во минатото, морнарите гледале на нив само како на опасност. Но, за оние кои ги истражиле водите што ги опкружуваат коралните гребени, тие претставуваат влез во еден свет на огромна убавина, боја и спокојство — еден подводен калеидоскоп!

Обидот да се фати на фотографија овој подводен свет претставува вистински предизвик. Како прво, предметите кои се под водата изгледаат како да се лоцирани на околу три четвртини од нивната вистинска далечина, па затоа фокусирањето е тешко. Водата ја апсорбира, ја распрснува и ја прекршува светлината. И боите може многу да варираат во зависност од времето, сончевиот агол, присуството на алги и планктон, длабочината на водата и од типот и бојата на морското дно. Згора на сето тоа, водата, предметот што се фотографира, како и самиот фотограф, се наоѓаат во постојано движење!

Сепак, некои фотографи имале извесен успех во овој поглед. Сликите што ги гледате овде биле направени за време на подводни екскурзии. Да ве запознаеме со четири фасцинантни суштества фотографирани под брановите.

Фотографијата 1 покажува еден прекрасен жител на длабочината, наречен тигреста каури-школка (Cypraea tigris). Ова име е необично со оглед на фактот што нејзината извонредно изработена корупка е со дамки, а не со линии. Тигрестата каури-школка овде е одомаќена, бидејќи се храни со корали и со сунѓери. Древните Кинези биле толку импресионирани од неа што ја користеле нејзината корупка како еден вид валута. Овде, во Папуа Нова Гвинеја, корупките од каури-школките сѐ уште се користат како ситни пари за кусур на некои домашни пазари. Но, во најголем дел, локалните жители ги собираат едноставно поради нивната префинета убавина.

На фотографијата 2 е прекрасно обоената цевчеста глиста (Spirobranchus giganteus). Може да живее на мртов корал или, пак, да се зарие во жив корал. Кога не се движи, изгледа како цвеќе. Но, кога е гладна, ги завртува своите пипала за да формира една „мрежа“ за брзо да ги закачи попатните залчиња храна. Кога ги движи своите пердувести пипки, изгледа како една низа минијатурни танчери кои мафтаат со своите ладала. Овој примерок беше широк само 10 милиметри. Но, фотографот мора да внимава да не направи некакво нагло движење. На првиот знак на опасност, додека да трепнеш, овие нежни минијатури се затвораат во својот скелетен дом.

На фотографијата 3 е сунѓер. Тој нема голема сличност со синтетичкиот вид кој лебди во вашата када. Сунѓерот, всушност, е живо животно, а не растение. Тој претставува порозна маса клетки кои функционираат заедно на еден многу необичен начин. Книгата The Undersea вели дека клетките на сунѓерите не се ниту тесно организирани ниту меѓусебно зависни. Така, ако еден жив сунѓер биде раскинат на делови, секој дел на крајот формира нов сунѓер. Дури и ако се одвојат поединечни клетки, тие се извиваат како амеби сѐ додека не се соединат и повторно се оформат во цел сунѓер“.

За разлика од растението, кое само си ја произведува храната, сунѓерот ја „лови“ својата храна. Тој ја впива околната вода и ја филтрира заради органски материи. Како и секое друго животно, тој ја вари храната и ги исфрла отпадоците. Сунѓерите ќе ги најдете прикачени на карпите или на школките на морското дно.

На крајот, на фотографијата 4 е обичната школка. Таа е статична и лесно може да се најде на коралните карпи или едноставно како лежи на морското дно. Повеќето се хранат со планктон што го филтрираат од водата. Школката е наречена двослоен мекотел бидејќи има две корупки, односно капаци. Тие се прицврстени преку еден лигамент и се отвораат и затвораат преку два силни мускула. Кога школката треба да се движи, таа се отвора и малку се појавува нејзината месеста нога. Но, штом ќе се приближи непријател, таа се повлекува во својата корупка!

Овие слики даваат само еден краток увид во величествените глетки кои можат да се видат во коралните мориња — уште едно место на кое е изложена Јеховината творечка мудрост (Римјаните 1:20).

[Слики на страници 16 и 17]

1. Тигрестата каури-школка сѐ уште се користи како пари

2. Овие „цвеќиња“ се всушност цевчести глисти

3. Сунѓерот е животно, а не растение

4. Школката се храни со планктон (покажана е устата)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели