ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/10 стр. 23
  • Школка која знае да копа

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Школка која знае да копа
  • Разбудете се! 2010
  • Сличен материјал
  • Содржина
    Разбудете се! 2010
  • Шарениот свет на коралните гребени
    Разбудете се! 1997
  • Поглед во светот
    Разбудете се! 2009
  • Поглед во светот
    Разбудете се! 2014
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 9/10 стр. 23

Случајно или создадено?

Школка која знае да копа

● Иако на прв поглед се чини дека нема сила да копа во песокот, школката од видот Ensis directus рие низ цврсто набиеното тло толку брзо што е наречена „Ферари меѓу подводните ‚копачи‘“. Ова ги заинтересира истражувачите. „Знаевме дека мора да прават нешто генијално“, вели Анет Хозој, вонредна професорка на Технолошкиот институт во Масачусетс. Која е тајната на оваа школка?

Размисли: Школката Ensis directus со брзи движења го забива своето стапало во песокот при што прави некој вид џеб кој брзо се полни со вода и песок. Потоа оваа школка го мрда телото горе-долу, и притоа го отвора и го затвора својот оклоп. На тој начин се создава една разводнета мешавина низ која може лесно да копа. Таа може да ископа околу 70 сантиметри со брзина од 1 сантиметар во секунда. А штом еднаш ќе се вкопа, многу е тешко некој да ја извади. Всушност, ако се земе предвид силата која е потребна за да се извади од песокот и силата што ја користи за да се забие во него, оваа школка е десет пати поефикасна и од најдобрите котви.

По моделот на школката Ensis directus, инженерите ја направија првата т.н. „интелигентна“ котва. „Таа се отвора, се затвора и се движи горе-долу како вистинска школка Ensis directus“, вели Хозој. Ваквата цврста котва која штеди енергија би можела да се користи за подводни истражувања, кај пловните дупчалки за нафта и кај справите за копање со кои се уништуваат мини.

Што мислиш? Дали школката Ensis directus настанала случајно или е дело на мудар Творец?

[Слики на страница 23]

Овој прототип на „интелигентна“ котва „копа“ на сличен принцип како школката Ensis directus

[Извори на слики]

Школки: © Philippe Clement/naturepl.com; „интелигентна“ котва: Со љубезна дозвола на Donna Coveney, Massachusetts Institute of Technology

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели