ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 12/14 стр. 7
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2014
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Израел, Јордан и Палестина
  • Германија
  • Британија
  • Латинска Америка и Карибите
  • Единственото Мртво Море
    Разбудете се! 2008
  • Што претставува Божиќ за тебе?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Корените на современиот Божиќ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Божиќ — зошто дури и на Ориентот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Повеќе
Разбудете се! 2014
g 12/14 стр. 7

ПОГЛЕД ВО СВЕТОТ

Израел, Јордан и Палестина

Мртво Море

Годишно, нивото на Мртвото Море опаѓа за речиси 1 метар. Некои се плашат дека до 2050 год. ова езеро целосно ќе се исуши. Властите се трудат да најдат решение. Една опција што се разгледува е десалинизација на водата од Црвеното Море која ќе може да се користи за пиење, а потоа остатокот од водата збогатена со соли преку цевковод да биде насочена кон Мртвото Море. Противниците на оваа идеја стравуваат дека со тоа може да се уништи уникатниот екосистем на Мртвото Море.

Германија

Болничка кола

Како што покажува истражувањето на една осигурителна компанија, најмногу пациенти со срцев удар завршуваат во болница на Божиќ — околу една третина повеќе отколку во кое и да било друго време од годината. Од компанијата велат дека главните причини за ова се големиот стрес додека се бараат божиќни подароци и неразумно високите очекувања од страна на семејството и пријателите.

Британија

Карикатура на многу стар мекотел од Исланд

Британските научници објавија дека еден мекотел од Исланд за кој се мислеше дека е стар околу 405 години, всушност, имал 507 години во моментот на неговата предвремена смрт во 2006 год. Според тоа, оваа школка е најстарото животноa за кое се знае. Таа умрела кога истражувачите ја замрзнале за да ја пренесат до лабораторијата.

Латинска Америка и Карибите

На самитот во Хавана (Куба) што се одржа на почетокот од оваа година, 33-те земји-членки на Заедницата на латиноамерикански и карипски земји ги прогласија своите територии за ‚зона на мирот‘ и се согласија да ги решаваат меѓусебните конфликти без употреба на сила. На самитот присуствуваше и генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун.

a Во овој случај, со изразот „најстарото животно“ не се опфатени организмите што живеат во колонии, како што се коралите, за кои се смета дека се стари илјадници години.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели