ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/1 стр. 26-27
  • Помош за болните стапала

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Помош за болните стапала
  • Разбудете се! 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Величината, модата и стапалата
  • Совети при купувањето
  • Дали Вашите чевли се навистина удобни?
    Разбудете се! 2003
  • Зошто да се пешачи?
    Разбудете се! 2004
Разбудете се! 1998
g98 8/1 стр. 26-27

Помош за болните стапала

„УМИРАМ од нозеве!“ Очигледно, ова е една претерана изјава. Меѓутоа, проблемот на болни стапала е доволно сериозен во Соединетите Држави за да држи зафатени илјадници специјалисти за стапала.

Откако преиспитал повеќе од 2.000 операции на стапала што ги извршил во период од преку 14 години, д-р Мајкл Кафлин, ортопедски хирург, дошол до едно изненадувачко откритие. „Неверојатно“, вели тој, „открив дека речиси сите овие операции се кај жени.“ Зошто жените се особено склони на проблеми со стапалата?

Величината, модата и стапалата

Едно истражување на 356 жени открило дека речиси 9 од 10 жени носеле чевли кои, во просек, биле повеќе од еден број потесни за нивните стапала! Дел од проблемот лежи во начинот на кој се направени женските чевли. „Кондураџиите повеќе не користат комбинирани калапи кои можат да направат тесна петица и поширок преден дел на стапалото“, објаснува ортопедскиот хирург Франческа Томсон.a

Така, кога пробуваат чевли, многу жени увидуваат дека тогаш кога предниот дел им лежи удобно, петицата е лабава; но кога петицата е удобна, предниот дел е тесен. Други се одлучуваат за удобна петица со тесен преден дел, бидејќи алтернативата би можела да значи лизгање на петицата со секој чекор.

Гмечењето на предниот дел од стапалото во тесната капна од чевелот веќе изгледа доволно лошо. Освен тоа, дизајнерите ја подигаат потпетицата на чевелот за неколку сантиметри. Иако се смета за модерна, високата потпетица го става целиот притисок врз табанот на стапалото, и тоа го притиска стапалото напред во капната од чевелот, кој можеби и онака е претесен. „Не постои такво нешто како здрав чевел со висока потпетица“, тврди д-р Дејвид Гарет, подијатар. Некои велат дека високите потпетици можат на крајот да ги оштетат стапалата на оној што ги носи, неговите зглобови, листови, коленици и грбот. Исто така, тие можат да ги скусат мускулите и тетивите на нозете, што може да ги направи тркачите особено подложни на сериозни повреди.

Женското стапало не се адаптира добро на злоупотребата што ја претрпува. Всушност, со текот на годините, само предниот дел од стапалото има склоност да се прошири — дури и откако лицето ќе достигне зрелост. Но, не е така и со петицата. „Петицата има само една коска“, вели д-р Томпсон, „и таа останува исто толку тесна на возраст од 84 години како што била и на 14.“ Ова уште повеќе им отежнува на жените да пронајдат чевел кој удобно легнува од петицата до прстите.

Совети при купувањето

Со величината и модата на чевлите кои не се на страната на жените, како можат жените да спречат болни стапала? Одговорот започнува во продавницата за чевли. Некои експерти го препорачуваат следново:

● Одете да купувате чевли кон крајот на денот, кога стапалата ви се малку натечени.

● Пробајте ги двете чевли — а не само едниот чевел.

● Проверете дали на петицата ѝ е удобно и дали должината, широчината и висината на капната од чевелот е доволна.

● Имајте на ум дека продавницата можеби има дебел тепих, што дава чувство дека дури и чевлите кои лошо пасуваат се моментално удобни.

● Избегнувајте чевли направени од лакирана кожа или синтетички материјали. За разлика од меката кожа или антилопот, таквите материјали не попуштаат додека одите.

● Ако купувате чевли со високи потпетици, пробајте кожни подлошки за подебела облога. Сметајте на носење потпетици само делумно, преминувајќи на пониски потпетици одвреме навреме во текот на денот.

Освен горното, секогаш имајте на ум дека чевлите треба да се чувствуваат удобни тогаш кога се купуваат. Спротивно на популарното верување, нема период на разгазување. „Никогаш, никогаш не допуштајте продавачот да Ве уверува дека чевелот што Ве стега ќе биде подобар откако ќе го разгазите“, предупредува д-р Кафлин. „Единственото нешто што ќе се скрши се вашите стапала.“

Но, што ако вашиот единствен избор е тесен преден дел и удобна петица или, пак, удобен преден дел и лабава петица? Д-р Ану Гоел, подијатар, вели дека Вие треба да одлучите што е полесно да се поправи. „Постојат два начина да се направи тоа“, вели таа. „Прво, можете да купите чевли кои се доволно широки во предниот дел и да вметнете перничиња за да ѝ биде удобно на петицата . . . Втора тактика е да купите чевел со удобна петица и да дадете да се рашири предниот дел од чевелот. Но, општо земено, ова дејствува само кога чевлите се направени од кожа.“

Бидејќи се проценува дека многу жени одат по 15 километри на ден, тие би сториле добро ако ги преиспитаат своите обувки. Како што вели списанието American Health, „ако со стапалата се постапува со поголемо почитување — особено ако се носат чевли кои пасуваат — можете да спречите повеќето проблеми со стапалата никогаш да не се појават“.

[Фуснота]

a „Калап“ е формација во облик на стапало според која се обликува чевелот.

[Рамка на страница 26]

Четири вообичаени проблеми со стапалата

Отоци на ножниот палец. Оток на ножнот палец е џумка на основата на големиот прст. Кога не се наследни, отоците можат да бидат предизвикани од тесни чевли или чевли со високи потпетици. Нанесувањето топло или лед може да даде привремено олеснување на болката, но потребна е операција за трајно отстранување на отокот.

Чеканесто свиткан ножен прст. Надолу свиткани прсти може да се предизвикани од чевли кои вршат преголем притисок на предниот дел од стапалото. Може да биде потребна операција за да се исправи овој деформитет.

Плускавци. Џумки во вид на конус на прстите, предизвикани од триење и притисок, понекогаш резултат од носењето претесни чевли. Домашното лекување може да даде привремено олеснување, но обично е неопходна операција за да се исправат деформираните прсти кои предизвикуваат триење.

Задебелена кожа. Слоеви од дебела, мртва кожа го заштитуваат стапалото од постојано триење. Накиснувањето во топла вода и епсомит честопати може да ја омекне. Но, не се обидувајте да ја исечете, бидејќи тоа може да предизвика инфекција.

[Извор на слика на страница 26]

The Complete Encyclopedia of Illustration/Џ. Г. Хек

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели