ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/5 стр. 9-12
  • Да се живее среќно во испразнетото гнездо

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да се живее среќно во испразнетото гнездо
  • Разбудете се! 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Сосредоточете се на позитивното
  • Сѐ уште сте родител!
  • Избегнувајте да се мешате
  • Обновете ги брачните врски
  • Самохраните родители и заминувањето
  • Заминување со радост
  • Самохрани родители, многукратни предизвици
    Разбудете се! 2003
  • Воспитувај го своето дете уште од најраното детство
    Тајната на семејната среќа
  • Научете да ги пуштите да си заминат
    Разбудете се! 1998
  • Научете ги своите деца да го сакаат Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Разбудете се! 1998
g98 8/5 стр. 9-12

Да се живее среќно во испразнетото гнездо

„ЗА МНОГУМИНА од нас“, признал еден родител, „крајното раздвојување е шок без оглед на тоа колку добро сме подготвени за тоа.“ Да, колку и да е неизбежно заминувањето на детето, кога навистина ќе се случи, справувањето со тоа можеби не е толку лесно. Еден татко кажува за неговата реакција откако се збогувал со своите синови: „Првпат во мојот живот . . . само плачев, плачев и плачев“.

Кај многу родители, заминувањето на нивните деца остава една огромна празнина во нивниот живот — една отворена рана. Лишени од секојдневниот контакт со своите деца, некои доживуваат силни чувства на осаменост, болка и загуба. А родителите можеби не се единствените на кои им е тешко да се прилагодат. Една двојка по име Едвард и Аврил нѐ потсетуваат: „Ако дома сѐ уште има други деца, и тие ќе го почувствуваат губитокот“. Што советува оваа двојка? „Посветете им го своето време и разбирање. Тоа ќе им помогне да се прилагодат.“

Да, животот продолжува. За да се грижите за своите преостанати деца — како и за Вашата работа и домашните обврски — не смеете да си допуштите да потонете во жалост. Затоа, ајде да разгледаме некои начини како да пронајдете среќа кога Вашите деца ќе си заминат од дома.

Сосредоточете се на позитивното

Се разбира, ако се чувствувате тажни или осамени и ако Ви е потребно да се исплачете или да разговарате за своите чувства со некој сочувствителен пријател, секако сторете го тоа. Библијата вели: „Тагата во срцето го притиска човекот, а добриот збор го развеселува“ (Изреки 12:25). Понекогаш другите можат да дадат свежа перспектива на работите. На пример, една двојка по име Валдемар и Мариане советува: „На таа работа не гледајте како на загуба, туку како на успешно постигнување на некоја цел“. Каков само позитивен начин да се гледа на работите! „Среќни сме што можеме да ги подигнеме нашите момчиња да бидат одговорни возрасни луѓе“, вели една двојка по име Рудолф и Хилде.

Дали сте настојувале да го воспитате своето дете „во стега и Јеховино мисловно насочување“? (Ефесјаните 6:4, NW). Дури и ако е така, можеби сѐ уште сте вознемирени поради неговото заминување. Но, за оние кои така го воспитуваат своето дете, уверувањето од Библијата е дека ‚тоа нема да скршне и кога ќе остари‘ (Изреки 22:6). Зарем не е крајно задоволувачки да видите дека Вашето дете реагирало на Вашето воспитување? Во врска со своето духовно семејство, апостол Јован рекол: „За мене нема поголема радост од тоа — да чујам дека моите чеда живеат во вистина“ (3. Јованово 4). Можеби ќе имате слични чувства во врска со сопственото дете.

Точно е дека не одговараат сите деца на христијанското воспитување. Ако ова е случај и со Вашето израснато дете, тоа не значи дека Вие сте промашиле како родител. Немојте непотребно да си префрлувате доколку сте дале сѐ од себе за да го подигнете на еден божествен начин. Сфатете дека, како возрасен човек, Вашето дете го носи сопствениот товар на одговорност пред Бог (Галатјаните 6:5). Задржете ја надежта дека можеби со текот на времето тоа повторно ќе размисли за својот избор и дека ‚стрелата‘ конечно ќе отиде онаму каде што била нанишанета (Псалм 126:4).

Сѐ уште сте родител!

Иако заминувањето на Вашето дете најавува една значителна промена, тоа не значи дека Вашата работа како родител е завршена. Психологот Хауард Јалперн вели: „Вие сте родител сѐ до смртта, но давањето и одгледувањето треба да се редефинираат“.

Уште одамна Библијата признала дека родителството не престанува само затоа што детето израснало. Изреки 23:22 вели: „Слушај го, синко татка си свој: тој те родил; не ја занемарувај мајка си кога таа ќе остарее“. Да, дури и тогаш кога родителите ‚остареле‘ а нивните деца се возрасни, родителите сѐ уште можат да вршат значително влијание во животот на своите деца. Се разбира, ќе треба да се направат некои преиначувања. Но, сите односи одвреме навреме треба да се преиначат за да се одржуваат свежи и задоволителни. Затоа, сега кога Вашите деца се израснати, работете на тоа да го ставите Вашиот однос со нив на една повозрасна основа. Интересно е што проучувањата покажуваат дека односот родител—дете честопати се подобрува кога децата ќе си заминат од дома! Додека децата се сретнуваат лице в лице со притисоците на секојдневниот живот, тие честопати почнуваат да ги гледаат своите родители во ново светло. Еден Германец по име Хартмут вели: „Сега подобро ги разбирам моите родители и сфаќам зошто постапувале онака како што постапувале“.

Избегнувајте да се мешате

Меѓутоа, може да нанесете голема штета ако се мешате во личниот живот на Вашето возрасно дете. (Споредете 1. Тимотеј 5:13.) Една венчана жена која има многу напнати односи со родителите на нејзиниот сопруг, се жали: „Ние ги сакаме, но едноставно сакаме да живееме свој живот и да донесуваме сопствени одлуки“. Се разбира, ниту еден родител кој љуби нема да остане рамнодушен додека возрасното дете стрмоглаво оди во неволја. Но, обично е најдобро да се избегнува да се дава родителски совет кој не е побаран, без оглед на тоа колку е мудар или добронамерен. Ова особено важи откако детето ќе стапи во брак.

Разбудете се! го дало следниов совет во 1983 година: „Прифатете ја Вашата изменета улога. Вие ја напуштате Вашата работа како негувателка кога бебето проодува. Слично на тоа, сега мора да ја замените ценетата улога на грижник со улогата на советник. Донесувањето одлуки за Вашето дете во овој период од животот би било исто толку несоодветно како кога би му помагале да подждригне или да го доите. Како советник, Вие имате дефинитивни ограничувања. Повеќе не можете ефективно да се повикувате на Вашиот авторитет како родител (,Стори го тоа затоа што јас велам така‘). Мора да постои почитување кон статусот на Вашето дете како возрасна личност“.a

Можеби нема да се согласите со сите одлуки што ги донесува Вашето дете и неговиот или нејзиниот брачен другар. Но, почитувањето на светоста на бракот може да Ви помогне да ја ублажите својата загриженост и да избегнете непотребно да се наметнувате. Вистината е тоа дека обично е најдобро да им се допушти на младите брачни двојки да си ги средат проблемите меѓу себе. Инаку, ризикувате непотребно конфронтирање кога давате небаран совет на зетот или на снаата кои, во еден кршлив момент од бракот, можеби се многу чувствителни на критики. Гореспоменатата статија на Разбудете се! понатаму советувала: „Задушете го искушението да давате бескрајни, небарани предлози, кои можат да направат непријател од зетот или снаата“. Давајте поддршка — а не манипулирајте. Со тоа што ќе одржите добар однос, му олеснувате на Вашето дете да Ви пристапи ако навистина му е потребен совет.

Обновете ги брачните врски

За многу брачни двојки, испразнетото гнездо може да отвори и можност за зголемена брачна среќа. Времето и трудот што се вклучени во успешното родителство можат толку да ги обземат брачните двојки што тие ќе го запостават сопствениот однос. Една сопруга вели: „Сега, кога децата се заминати, Конрад и јас се трудиме повторно да се запознаеме еден со друг“.

Ослободени од секојдневните одговорности на родителството, можеби сега имате повеќе време еден за друг. Една родителка забележала: „Ова новопронајдено слободно време . . . ни допушта да насочиме поголемо внимание на тоа кои сме ние, да се сконцентрираме на тоа да научиме нешто повеќе за нашите односи и да почнеме да се ангажираме во активности кои ги исполнуваат нашите потреби“. Таа додава: „Тоа е време за ново учење и неверојатен раст, и иако таквите прилики можат да бидат полни со вознемиреност тие се и воодушевувачки“.

Некои двојки имаат и поголема финансиска слобода. Хобијата и кариерите што ги одложувале, сега можат да ги постигнат. Меѓу Јеховините сведоци, многу брачни двојки ја користат својата новостекната слобода за да се стремат кон духовните интереси. Еден татко по име Херман објаснува дека, откако неговите деца си заминале од дома, тој и неговата сопруга веднаш го свртеле своето внимание кон повторно стапување во полновремената служба.

Самохраните родители и заминувањето

Прилагодувањето на испразнетото гнездо може да биде особено тешко за самохраните родители. Ребека, една самохрана мајка на две деца, објаснува: „Кога нашите деца си заминуваат, ние немаме сопруг кој ќе ни прави друштво и ќе ни даде љубов“. Една самохрана родителка можеби открила дека нејзините деца се извор на емоционална поддршка. А ако тие придонесувале во домашните фондови, нивното заминување може да претставува и финансиска тешкотија.

Некои успеваат економски да ја подобрат својата ситуација со тоа што се запишуваат на програми за стручна обука или на краткотрајни училишни курсеви. Но, како некој ја пополнува празнината од осаменоста? Една самохрана родителка вели: „Она што успева кај мене е да бидам преокупирана. Тоа би можело да биде читање на Библијата, чистење дома, или едноставно добра прошетка или трчање. Но, најнаградувачки начин да ја надминам осаменоста е да разговарам со некој духовно настроен пријател“. Да, ‚раширете се‘ и негувајте нови и задоволувачки пријателства (2. Коринтјаните 6:13). ‚Истрајте во преколнувања и во молитви‘ кога ќе се чувствувате преоптоварени (1. Тимотеј 5:5, NW). Бидете уверени дека Јехова ќе Ве зајакне и поддржи низ тешкиот период на прилагодување.

Заминување со радост

Каква и да е Вашата ситуација, сфатете дека животот не завршува тогаш кога децата ќе си заминат од дома. А не исчезнуваат ниту семејните врски. Здравата љубов што е опишана во Библијата е доволно силна за да ги држи луѓето заедно, па дури и тогаш кога се многу оддалечени. Апостол Павле нѐ потсетува дека љубовта „сѐ претрпува. Љубовта никогаш не престанува“ (1. Коринтјаните 13:7, 8). Несебичната љубов што сте ја негувале во Вашето семејство нема да престане само затоа што Вашите деца си заминале од дома.

Интересно е тоа што, кога децата ќе почнат да се соочуваат со болките на одвојувањето и со носталгијата или, пак, кога ќе почнат да го чувствуваат стисокот на економските притисоци, честопати тие се првите кои повторно го воспоставуваат контактот. Ханс и Ингрид советуваат: „Децата нека знаат дека вратата во Вашиот дом секогаш е отворена“. Редовните посети, писмата или повремените телефонски повици ќе Ви помогнат да останете во контакт. „Интересирајте се за она што го прават без да се мешате во нивните работи“, се изјасниле Џек и Нора.

Кога децата ќе си заминат од дома, Вашиот живот се менува. Но, животот во празното гнездо може да биде зафатен, активен и исполнувачки. Исто така, односот со Вашите деца се менува. Сепак, тоа сѐ уште може да биде еден среќен и задоволувачки однос. „Станувањето независен од родителите“, велат професорите Јефри Ли и Гари Питерсон, „не значи губиток на љубов, лојалност или почитување кон родителите . . . Всушност, цврстите семејни врски честопати траат цел живот.“ Да, Вие никогаш нема да престанете да ги сакате Вашите деца и никогаш нема да престанете да им бидете родител. А бидејќи сте ги сакале своите деца доволно за да ги пуштите да си заминат, Вие навистина не сте ги изгубиле.

[Фуснота]

a Видете ја статијата „Никогаш не престанувате да бидете родител“, во изданието на Разбудете се! од 8 февруари 1983 (англ.).

[Истакната мисла на страница 12]

„Првпат во мојот живот . . . само плачев, плачев и плачев“

[Рамка/слики на страница 10]

Збор до израснатите деца: Помогнете им на родителите при заминувањето

Обично е полесно да се соочите со заминувањето отколку со тоа да бидете оставен. Затоа, иако се радувате на Вашата независност и полнолетство, покажете љубезност и разбирање кон своите родители доколку им е тешко да се прилагодат. Уверете ги во Вашата постојана љубов и наклоност. Едно кратко писмо, неочекуван подарок или пријателски телефонски повик можат да сторат многу за да развесели еден натажен родител! Известувајте ги за значајните настани во Вашиот живот. Ова им дава до знаење дека семејните врски сѐ уште се силни.

Додека се соочувате со притисоците на животот на возрасен човек, веројатно ќе сфатите повеќе од кога и да било порано низ што сѐ поминале Вашите родители во грижата за Вас. Можеби ова ќе Ве поттикне да им речете на Вашите родители: „Ви благодарам за сѐ што сторивте за мене!“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели