ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/6 стр. 5-9
  • Поделба меѓу научниците?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поделба меѓу научниците?
  • Разбудете се! 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Научни полемики
  • „Трагедија на поразителна трогнатост“
  • Еден поинаков вид трагедија
  • До каде можете да имате доверба во науката?
    Разбудете се! 1998
  • Науката — постојана потрага на човештвото по вистината
    Разбудете се! 1993
  • Дали Јеховините сведоци ја признаваат науката?
    Најчесто поставувани прашања
  • Како настанале универзумот и животот?
    Разбудете се! 2002
Повеќе
Разбудете се! 1998
g98 8/6 стр. 5-9

Поделба меѓу научниците?

„ИАКО не би требало да ја отфрлиме помислата дека науката е една потрага по вистината за светот, треба да внимаваме на психолошките и социјалните фактори кои честопати се косат со оваа потрага.“ Така напишал Тони Мортон во еден напис со наслов „Школите во конфликт: мотивите и методите на научниците“. Да, изгледа дека прочуеноста, финансиската добивка, па дури и политичките склоности понекогаш влијаеле врз пронајдоците на научниците.

Уште во 1873, Лорд Јесл изразил загриженост за таквите влијанија во судските случаи кога рекол: „Доказот на експертот . . . е доказ на лица кои понекогаш живеат од својот бизнис, но во сите случаи се платени за нивниот доказ . . . Сега е нормално што неговиот ум, колку и да е чесен тој, треба да биде пристрасен во корист на лицето што го вработува и, соодветно на тоа, и ние наоѓаме таква пристрасност“.

За пример, земете ја судската наука. Еден апелационен суд истакнал дека судските научници може да станат пристрасни. Списанието Search забележува: „Самиот факт што полицијата ја бара нивната помош може да создаде една врска помеѓу полицијата и судските научници . . . Судските научници кои се вработени од владата може да сметаат дека нивната функција ѝ помага на полицијата“. Ова списание го дава и примерот за ИРА (Ирска републиканска армија) чии бомбашки случаи на Магвир (1989) и Ворд (1974) во Британија носат „речито сведоштво за спремноста на некои многу искусни и инаку реномирани научници да ја напуштат научната неутралност и да сметаат дека нивна одговорност е да му помагаат на обвинителството“.

Еден друг истакнат пример е случајот Линди Чемберлејн во Австралија (1981—1982), кој стана мотив за филмот Крик во темнината. Доказите што ги поднеле судските експерти очигледно навлекле осуда против г-ѓа Чемберлејн, обвинета за убиство на своето бебе Азарија. Иако тврдела дека еден динго (диво куче) го убил детето, таа била прогласена за виновна и ставена в затвор. Со години подоцна, кога било пронајдено валканото, крваво палтенце на бебето, претходните докази не опстанале при деталното преиспитување. Како резултат на тоа, Линди била ослободена од затвор, нејзината пресуда била поништена и ѝ бил платен надомест за неправедната пресуда.

Кога научник се кара со научник, расправијата може да стане горчлива. Пред неколку децении, предизвикот што д-р Вилијам Мекбрид им го упатил на производителите на лекот талидомид станал светска вест. Кога сугерирал како овој лек, рекламиран дека го олеснува утринското лошење при бременоста, предизвикува тешки деформитети кај неродените деца, овој лекар станал херој преку ноќ. Сепак, со години подоцна, додека работел на некој друг проект, еден лекар кој станал новинар го обвинил дека менува податоци. Мекбрид бил прогласен за виновен поради научна измама и професионално лошо однесување. Бил отпишан од списокот на медицински лица во Австралија.

Научни полемики

Актуелна полемика е тоа дали електромагнетните полиња се штетни за здравјето на човекот и животните или не. Некои докази сугерираат дека постои далекусежно загадување на нашата околина поради електромагнетизмот, чии извори варираат од високоволтажни струјни кабли до персоналниот компјутер и микробрановата печка во Вашиот дом. Некои дури тврдат дека низ годините, целуларните телефони можат да Ви го оштетат мозокот. Други, пак, укажуваат на научните испитувања кои сугерираат дека електромагнетната радијација може да предизвика рак и смрт. Како пример за ова, весникот The Australian известува: „Еден британски авторитет за електрицитет е даден на суд поради смртта на едно момче кое наводно добило рак бидејќи спиело во близината на кабли со високоволтажна струја“. Еден мелбурнски стручен советник за трудова медицина, д-р Брус Хокинг, открил дека „децата кои живеат на четири километри од сиднејските главни телевизиски згради имаат повеќе од двојна стапка на леукемија од децата кои живеат надвор од овој четирикилометарски радиус“.

Иако застапниците на здрава околина ги бранат таквите тврдења, големиот бизнис и комерцијалните интереси би изгубиле милијарди долари од она што тие го нарекуваат „непотребни кампањи на страв“. Затоа тие преземаат противнапади и добиваат поддршка од други сектори од научното здружение.

Потоа, тука е и полемиката околу хемиското загадување. Некои го опишале диоксинот како „најтоксична хемикалија што ја создал човекот“. Оваа хемикалија, која Мајкл Фументо ја опишал како „чисто неизбежен нус производ од производството на извесни хербициди“ (Science Under Siege), некои ја нарекле „клучна состојка на Агентот Портокал“.a Таа го достигнала својот најголем публицитет после виетнамската војна. Следеле големи легални битки помеѓу ветераните и хемиските компании, секоја група со свои спротивставени научни експерти.

Слично, спорните прашања во врска со околината како што се глобалното загревање, ефектот на стаклена градина и намалувањето на озонската обвивка добиваат големо внимание од јавноста. Во врска со стравовите за околината на Антарктикот, весникот The Canberra Times известува: „Истражувањето на научниците на станицата Палмер, научна база на Соединетите Држави на Анверските Острови, покажува дека високото ултравиолетово зрачење ги оштетува нижите облици на живот како што е планктонот и мекотелите и би можело да почне да се проширува до синџирот на исхрана“. Но, многу други научни истражувања изгледа дека се во судир со таквото мислење, па ги растеруваат стравовите за намалувањето на озонот и за глобалното загревање.

Тогаш, кој е во право? Изгледа дека секое тврдење или аргумент може да биде докажан или демантиран од научните експерти. „Научната вистина е одредена барем исто толку од општествената клима во тоа време колку и од начелата на разумот и самата логика“, наведува книгата Paradigms Lost. Мајкл Фументо ја сумира работата со диоксинот, велејќи: „Сите ние сме, во зависност од тоа кого го слушате, или потенцијални жртви на труење или, пак, потенцијални жртви на тотална дезинформација“.

Сепак, за некои добро познати научни катастрофи не може да се најде оправдување. Науката мора да поднесе сметка за нив.

„Трагедија на поразителна трогнатост“

Во „Порака до интелектуалците“, издадена на 29 август 1948, Алберт Ајнштајн размислувал за помалку гламорозните моменти од науката кога изјавил: „Од болно искуство научивме дека рационалното размислување не е доволно за да се решат проблемите на нашиот општествен живот. Продлабоченото истражување и ревносната научна работа честопати имале трагични импликации за човештвото . . . создавајќи го средството за неговото сопствено масовно уништување. Тоа, всушност, е трагедија на поразителна трогнатост!“

Едно недамнешно издание на Associated Press гласело: „Британија признава дека ја тестирала радијацијата врз луѓе“. Британското министерство за одбрана потврдило дека владата вршела експерименти на радијација врз луѓе речиси 40 години. Еден од овие експерименти го вклучувал тестирањето на атомската бомба во Маралинга (Јужна Австралија) во средината на 1950-тите.

Маралинга е име изведено од еден домородечки збор со значење „грмотевица“, и ова изолирано подрачје ѝ обезбедило едно совршено место на Британија за да ги извршува своите научни експерименти. После првата експлозија, во воздухот се чувствувала еуфоријата на успехот. Еден мелбурнски новински извештај гласел: „Кога исчезна [радиоактивниот] облак, конвои од камиони и џипови носеа британски, канадски, австралијански и новозеландски војници кои сакаа да се соочат со експлозијата, сместени во подземни засолништа само на пет милји од местото на експлозијата. И на секое лице имаше насмевка. Како да се враќаа од пикник“.

Дописникот за наука за британскиот весник Daily Express, Чапмен Пинчер, компонирал дури и песна со наслов „Копнеж по атомската печурка“. Додадете го кон ова и уверувањето на еден министер од владата кој рекол дека тестот поминал токму според планот и дека нема да има опасност од радијација за никого во Австралија. Меѓутоа, со години подоцна, насмевките беа избришани од лицата на оние кои умираа од изложеноста на радијација, поради што следеше лавина од барања за надомест. Тогаш немаше никаков „Копнеж по атомската печурка“! Маралинга сѐ уште е ограничено подрачје како резултат на загадување од радијација.

Искуството на Соединетите Држави со тестирањата на атомската бомба во Невада изгледа дека во голема мера беа исти. Некои сметаат дека она што е вклучено е политичко спорно прашање а не научна заблуда. Роберт Опенхајмер, кој беше одговорен во изработувањето на првата американска атомска бомба во Лос Аламос (Њу Мексико), рекол: „Научникот не е одговорен да одреди дали ќе се употреби хидрогенска бомба. Таа одговорност лежи врз американскиот народ и нивните избрани претставници“.

Еден поинаков вид трагедија

Употребата на крв во медицината станала стандардна практика после II светска војна. Науката ја поздрави како спасувач на животи и изјави дека нејзината употреба е безбедна. Но, доаѓањето на СИДА-та го разниша светот на медицината од неговото самозадоволство. Одеднаш, наводно животоспасувачката течност за некои се претвори во убиец. Раководителот на една главна болница во Сиднеј (Австралија), за Разбудете се! рекол: „Со децении вршевме трансфузија на супстанција за која знаевме малку. Дури и не знаевме за некои од болестите кои ги носеше таа. Не знаеме на што друго вршиме трансфузија бидејќи не можеме да направиме тест за нешто што не го знаеме“.

Еден особено трагичен случај ја вклучуваше употребата на хормонот на растењето во лекувањето на неплодните жени. Барајќи поголема исполнетост во животот со тоа што ќе имаат дете, овие жени го сметаа ова лекување за благослов. Со години подоцна, некои од нив на мистериозен начин умреа од Кројцфелт—Јакобсовата болест (CJD) која го дегенерира мозокот. Децата кои со истиот хормон беа лекувани поради спречен раст, почнаа да умираат. Истражувачите открија дека научниците го собрале овој хормон од хипофизите на умрени луѓе. Изгледа дека некои од мртвите тела го носеле вирусот CJD и извесни количини од хормонот се контаминирале. Уште потрагичен е фактот што некои од жените лекувани со овој хормон станале дарители на крв пред да се појават симптомите на CJD. Постојат стравувања дека вирусот сега можеби се наоѓа во залихите на крв, но не постои никаков начин на кој може да се направат тестови за тоа.

Целата наука вклучува преземање некаков ризик. Тогаш, не е чудо што, како што наведува книгата The Unnatural Nature of Science, науката „се смета како една мешавина на восхитување и страв, надеж и очај, гледана и како извор на многу од болестите на современото индустриско општество но и како извор од кој ќе дојде лекот за овие болести“.

Но, како можеме да го сведеме на минимум личниот ризик? Како можеме да задржиме урамнотежено гледиште за науката? Следнава статија би требало да се покаже од помош.

[Фуснота]

a Агентот Портокал е хербицид кој се користел во виетнамската војна за да се соголат шумските подрачја.

[Истакната мисла на страница 6]

Еден министер од владата рекол дека нема да има опасност од радијација

[Истакната мисла на страница 7]

Местото на тестирање во Маралинга е загадено од радијација

[Истакната мисла на страница 8]

„Научникот не е одговорен да одреди дали ќе се употреби хидрогенска бомба“ (Роберт Опенхајмер, атомски научник).

[Извор на слика]

Hulton-Deutsch Collection/Corbis

[Слика на страница 9]

„Од болно искуство научивме дека рационалното размислување не е доволно за да се решат проблемите на нашиот општествен живот“ (Алберт Ајнштајн, физичар).

[Извор на слика]

Фотографија на U.S. National Archives

[Извор на слика на страница 5]

Richard T. Nowitz/Corbis

[Извор на слика на страници 8 и 9]

Фотографија на USAF

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели