ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/4 стр. 26-27
  • Што е Божјиот свет дух?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што е Божјиот свет дух?
  • Разбудете се! 1999
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Моќта во акција
  • Различните дејства на светиот дух
  • Божјата моќ применета во наша корист
  • Што е светиот дух?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Зошто да нѐ води Божјиот дух?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Дали светиот дух е личност?
    Разбудете се! 2006
  • Водството на Божјиот дух во првиот век и денес
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
Повеќе
Разбудете се! 1999
g99 8/4 стр. 26-27

Гледиште на Библијата

Што е Божјиот свет дух?

„А кога се крсти сиот народ, и кога исус, по крштавањето, се помоли на бога, се отвори небото, и светиот дух слезе на него во телесен вид, како гулаб, и се чу глас од небото, кој велеше: ‚ти си мојот возљубен син, во тебе е мојата волја‘“ (Лука 3:21, 22).

ВО ЕДЕН говор пред група филозофи во древна Грција, апостол Павле го нарекол Бог „Господ на небото и на земјата“. Токму тој Бог, изјавил Павле, „го создаде светов и сѐ, што е во него“ и „на сите им дава живот, дишење и сѐ“ (Дела 17:24—28). Како го извршува Бог сето тоа? Преку својот свет дух, односно активна сила.

Исто така, Библијата објаснува дека Бог има „изобилство динамичка енергија, зашто е силен и во моќта“ (Исаија 40:26, NW). Да, Бог го создал целиот универзум во кој е манифестирана неговата динамичка енергија и неговата моќ.

Моќта во акција

Не би било сосема точно да се рече дека светиот дух е Божјата сила. Тоа е така затоа што моќта може да биде во пасивен облик, односно да постои неактивна во некого или во нешто, како што е моќта која е складирана во наполнета но неупотребена батерија. Но, Писмото го претставува Божјиот дух во смисла дека тој е во движење, нешто како електричната струја која тече од една батерија што се користи (1. Мојсеева 1:2). Значи, Божјиот свет дух е енергијата што излегува од него, неговата активна сила.

Понекогаш Библијата зборува дека светиот дух извршува извесна задача или дека не се наоѓа на исто место како Бог (Матеј 28:19, 20; Лука 3:21, 22; Дела 8:39; 13:4; 15:28, 29). Некои од оние што ги прочитале тие стихови мислат дека светиот дух има сопствен идентитет одвоен од Бог. Зошто во Писмото се користи ваков начин на изразување? Дали светиот дух е битие кое е одвоено од Бог?

Семоќниот Бог постои на едно ниво кое е сосема над нивото на неговото материјално творештво. Тој е дух, невидлив за нашите ограничени сетила (Јован 4:24). Библијата вели дека Јехова Бог живее на небесата и дека оттаму го посматра човештвото (Псалм 32:13, 14). Тоа е сосема разбирливо. Творецот мора да биде поголем од елементите со кои работи. Тој владее со нив, манипулира со нив, ги обликува и ги контролира (1. Мојсеева 1:1).

Од своето невидливо живеалиште, Бог може да предизвика работите да се случат во секое време и на секое место. Затоа, тој не мора да биде на местото на кое дејствува неговата активна сила. Може да го испрати својот дух за да изврши некоја задача (Псалм 103:30). Ова можат лесно да го разберат луѓето кои во денешно време ракуваат со домашни апарати со помош на безжичен далечински управувач. Денес ја сфаќаме моќта на невидливите сили како што се електрицитетот и инфрацрвените бранови. На сличен принцип, со својата невидлива света сила, односно дух, Бог може да изврши сѐ што ќе науми, без да се префрла од едно место на друго (Исаија 55:11).

Можеби во библиските времиња било тешко да се сфати ваквиот концепт. Зборувањето за светиот дух како за одвоена сила несомнено им помогнало на читателите да сфатат како Бог ја спроведува својата моќ иако лично не е присутен на местото каде што дејствува. Кога Библијата зборува дека светиот дух направил ова или она, таа всушност вели дека од самиот Бог излегла или била применета неговата моќ врз лица или предмети за да ја изврши својата волја.

Различните дејства на светиот дух

Јехова го употребил светиот дух во создавањето на сите живи и неживи нешта (Псалм 32:6). Бог го употребил и за да уништи една насилна и непокајничка генерација луѓе со потоп (1. Мојсеева 6:1—22). Истата оваа активна сила Бог ја употребил за да го пренесе скапоцениот живот на неговиот Син во утробата на еврејската девица Марија (Лука 1:35).

Понекогаш, духот им давал енергија на луѓето смело и храбро да ја зборуваат вистината пред непријателите, честопати ризикувајќи ги своите животи (Михеј 3:8). Во Библијата има многу примери, особено во врска со пророштвата, каде што на мажи и на жени им бил даден посебен увид или разбирање преку оваа сила. Бидејќи ниеден човек не може точно да претскаже што носи иднината, ова е едно извонредно дејствување на духот (2. Петрово 1:20, 21).

Духот може да им даде на поединци и чудотворни сили. На пример, преку оваа сила, Исус можел да ги контролира природните сили, да лекува болести, па дури и да подига мртви (Лука 4:18—21; 8:22—26, 49—56; 9:11). Духот бил алатка во организирањето и зајакнувањето на раните христијани да служат како Божји сведоци по целата земја (Дела 1:8; 2:1—47; Римјаните 15:18, 19; 1. Коринтјаните 12:4—11).

Божјата моќ применета во наша корист

Можно ли е денес Божјите човечки слуги да се поврзат со овој неограничен извор на енергија? Да! Бог му дава на својот народ извесна мерка свет дух за да му помогне да ја разбере и да ја изврши неговата волја. Тој им го дава својот дух на оние кои искрено го бараат во молитва, кои имаат исправна мотивација на срцето и кои се повинуваат на неговите барања (1. Коринтјаните 2:10—16). Тој дух може да ги опреми несовршените луѓе со „силата која е над она што е нормално“, овозможувајќи им верно да му служат на Бог и покрај препреките. Затоа, сигурно дека сите богобојазливи луѓе имаат желба да го примат и да го задржат Божјиот дух (2. Коринтјаните 4:7, NW; Лука 11:13; Дела 15:8; Ефесјаните 4:30).

Наскоро Бог ќе ја употреби оваа динамична сила за да стави крај на неправдата и страдањето во овој злобен свет, со што ќе го посвети своето големо и свето име. Светиот дух ќе дејствува на добро во целиот свет, а неговите плодови ќе можат јасно да ги видат сите, давајќи му слава на неговиот Извор (Галатјаните 5:22, 23; Откровение 21:3, 4).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели