ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/9 стр. 14-15
  • Заштитете се од паразити!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Заштитете се од паразити!
  • Разбудете се! 1999
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Подобро да се спречи отколку да се лечи
  • Што треба да знаеш за маларијата
    Разбудете се! 2015
  • Билки — скапоцен извор на лекови
    Разбудете се! 2004
  • Пет начини да го подобрите квалитетот на Вашиот живот
    Разбудете се! 1998
  • Божјите закони за хигиената биле пред своето време
    Разно
Повеќе
Разбудете се! 1999
g99 8/9 стр. 14-15

Заштитете се од паразити!

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ХОНДУРАС

СЕ БУДИТЕ со чувство на гадење. Се уморувате многу брзо. Стомакот Ви е малку отечен. Симптоми на бременост? Можеби. Но, ако живеете во некој тропски или суптропски дел од светот, проблемот веројатно лежи во некој облик на цревни паразити. Што се цревни паразити, и од каде можете да знаете дали сте домаќин на овие несакани гости?

Едноставно речено, паразит е жив организам кој го користи својот домаќин — друг жив организам на или во кој живее паразитот. Два вида цревни паразити се протозоите, во кои спаѓаат амебите, како и црвите, односно глистите. Обемот на штетата што му е нанесена на домаќинот зависи од видот и од бројот на паразитите кои се присутни, како и од возраста и здравјето на домаќинот.

На пример, женката на детската глиста може да положи околу 200.000 јајца на ден. Меѓутоа, јајцата мора да лежат на подлогата за да можат да се оформат. Бројот на детски глисти што ги носи едно лице зависи од бројот на оформени јајца или од ларвите што се внесени. Многу луѓе се домаќини на неколку детски глисти без да се свесни за тоа. Но, големиот број детски глисти можат да предизвикаат сериозно блокирање на цревата.

Некои вообичаени симптоми на цревни паразити се болка во стомакот, гадење, губење апетит, отечен стомак, мачнина и хронично лошо варење на храната, дијареа или запек. Намалувањето на тежината, немирното спиење, јадежот, тешкото дишење и треската можат исто така да бидат знак за присуство на паразити. Се разбира, овие симптоми можат да бидат показатели за повеќе заболувања. Но, паразитите можат да се дијагнозираат со неколку испитувања на столицата.

Многу е важно да се постави исправна дијагноза. На пример, ако некој има и детски глисти и друг вид паразити, прво треба да се лекува детската глиста. Зошто? Затоа што некои лекови не ги уништуваат глистите туку само ги раздразнуваат, така што тие преминуваат на други телесни органи и предизвикуваат сериозна штета.

Подобро да се спречи отколку да се лечи

Иако лекувањето со медикаменти се покажало ефикасно во ослободувањето од паразити, уште подобро е да се избегне инфекција од нив. Затоа, како можете да се заштитите од паразити?

Чистотата е најдобра заштита. Изметот не треба да се остава изложен на воздух. Тоалетот треба да биде на безбедна оддалеченост од изворот на вода. Човечкиот измет не треба да се користи како ѓубриво. Исто така, неопходна е и исправна хигиена. Освен тоа, не дозволувајте им на децата да јадат кал. Ако се открие дека едно дете има паразити, добро би било сите членови на семејството да отидат на преглед.

Исто така, треба да се води грижа при купувањето и подготвувањето на храната. Потрудете се да купувате производи кои се одгледани во подрачје каде што има добри санитарни услови. Месото треба да биде целосно добро сварено. Никогаш не јадете сирово месо. Свежото овошје и зеленчук треба најнапред добро да се измијат. Но, внимавајте да не ја користите истата вода два пати, бидејќи може да биде контаминирана.

Водата за пиење треба добро да зоврие. Откако ќе се излади, водата може да се проветри за да ѝ се врати кислородот. Повеќето домашни филтри не се доволни за да се отстранат сите паразити. Чистотата на водата во шишиња во продавниците зависи од степенот на санитарните мерки на претпазливост за кои се придржува фабриката каде што се произведува.

Патувањето или исхраната надвор од дома ќе бара дополнителни мерки на претпазливост. Пијалаците од шише или во тетрапак обично се безбедни ако се служат без лед. Бидејќи некои паразити ја преживуваат температурата на мрзнење, ледот е чист само толку колку што е чиста и водата од која е добиен. Можеби ќе сакате да бидете внимателни кога јадете храна од уличните продавачи. Исечените ананаси или дињи можеби изгледаат привлечно, но честопати се освежени со попрскување вода врз нив — вода која можеби е контаминирана. Бидете внимателни, но не станувајте толку параноични што повеќе да не можете да уживате во патувањето. Со разумни мерки на претпазливост, можете да направите многу за да се заштитите од паразити.

[Слика на страница 14]

Чистотата е најдобра заштита

[Слика на страница 15]

Ледот е чист само толку колку што е чиста и водата од која е добиен

[Слики на страница 15]

Амебите и глистите се два вида паразити

[Извор на слика]

DPDx, the CDC Parasitology Website

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели