ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/15 стр. 14-15
  • Што треба да знаеш за маларијата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што треба да знаеш за маларијата
  • Разбудете се! 2015
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • 1. ШТО Е МАЛАРИЈА?
  • 2. КАКО СЕ ШИРИ МАЛАРИЈАТА?
  • 3. КАКО МОЖЕШ ДА СЕ ЗАШТИТИШ?
  • Поглед во светот
    Разбудете се! 2011
  • Заштитете се од паразити!
    Разбудете се! 1999
Разбудете се! 2015
g 7/15 стр. 14-15

Што треба да знаеш за маларијата

Според Светската здравствена организација, во 2013 год. повеќе од 198 милиони луѓе биле заразени со маларија и околу 584.000 луѓе умреле од неа. Околу 80 отсто од смртните случаи биле деца под пет години. Оваа болест претставува закана за околу 100 земји и подрачја во светот и го доведува во опасност животот на речиси 3,2 милијарди луѓе.

1. ШТО Е МАЛАРИЈА?

Маларијата е паразитска болест. Некои од симптомите се температура, треска, потење, главоболка, болки во мускулите, мачнина и повраќање. Симптомите можат да се повторуваат на секои 48 до 72 часа, во зависност од тоа за кој паразит станува збор и колку долго лицето е заразено.

2. КАКО СЕ ШИРИ МАЛАРИЈАТА?

  1. Графички приказ за тоа како маларијата се шири во човечкото тело

    Паразитите што ја предизвикуваат маларијата — протозоите наречени плазмодиум — навлегуваат во крвотокот на човекот преку каснување од женката на комарецот Anopheles.

  2. Паразитите навлегуваат во клетките на црниот дроб, каде што брзо се размножуваат.

  3. Клетките на црниот дроб пукаат, при што ги испуштаат паразитите кои ги напаѓаат црвените крвни зрнца. Таму паразитите продолжуваат да се размножуваат.

  4. Паразитите ги напаѓаат црвените крвни зрнца и предизвикуваат да пукнат

    Црвените крвни зрнца пукаат и ги испуштаат паразитите кои потоа се населуваат во други црвени крвни зрнца.

  5. Овој циклус одново и одново се повторува. Кај заболеното лице, симптомите на маларија обично се јавуваат при секое пукање на црвените крвни зрнца.

3. КАКО МОЖЕШ ДА СЕ ЗАШТИТИШ?

Ако живееш во земја каде што има маларија:

  • Постави мрежа за комарци над креветот. Таа...

    • треба да биде испрскана со инсектицид.

    • не треба да има дупки или отвори.

    • треба да биде прицврстена под душекот од сите страни.

  • Испрскај ги просториите во твојот дом со инсектицид.

  • Ако е можно, постави мрежа на вратите и прозорците, користи клима-уреди и вентилатори кои ќе ги бркаат комарците.

  • Носи облека со светли бои која ќе ти го прекрива целото тело.

  • Секогаш кога е можно, избегнувај предели во кои има густа вегетација затоа што таму обично има легла од комарци, како и места со застојани води каде што комарците се размножуваат.

  • Ако се заразиш со оваа болест, веднаш оди на лекар.

Графички приказ за тоа како се пренесува маларијата

Луѓето можат да се заразат со маларија преку убод од заразен комарец. Исто така, комарците можат да се заразат со маларија при каснување на заразен човек. Така, заразениот комарец може да ја пренесе болеста на друг човек.

Доколку планираш да патуваш во земја каде што има маларија:

  • Добро информирај се пред да тргнеш на пат. Паразитите што предизвикуваат маларија може да се разликуваат од едно до друго подрачје. Од тоа зависи кој лек ќе биде најделотворен. Исто така, мудро е да се консултираш со твојот лекар за да ти каже на што треба да внимаваш со оглед на твојата медицинска историја.

  • Додека престојуваш во таа земја, следи ги советите изнесени во оваа статија.

  • Ако се заразиш, веднаш побарај лекарска помош. Имај на ум дека симптомите можат да се појават од една до четири седмици по заразувањето.

ШТО ДРУГО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ?

  1. Искористи ги владините и другите програми за здравствена заштита.

  2. Купувај лекови само од овластени производители. (Неквалитетните или фалсификат лековите можат да го продолжат времетраењето на болеста или да го зголемат ризикот од смрт.)

  3. Отстрани ги сите места околу домот кои би биле погодни за размножување на комарците.

Ако живееш во подрачје каде што има маларија или си бил на такво место, обрни внимание на следниве симптоми:

  • висока температура

  • потење

  • треска

  • главоболка

  • болки во мускулите

  • замор

  • мачнина

  • повраќање

  • дијареја

Доколку не се лекува, маларијата може да предизвика анемија и да го доведе животот во опасност. Треба да се побара медицинска помош уште пред да се влошат симптомите, особено ако станува збор за деца и трудници.a

a За повеќе информации, види во Разбудете се! од ноември 2011, страници 24-25 и од ноември 2009, страници 26-29.

ДАЛИ СИ ЗНАЕЛ?

Штоперица и континентот Африка

Само во Африка, секоја минута умира по едно дете од маларија

  • Децата и бремените жени се изложени на најголема опасност ако се заразат со маларија.

  • Само во Африка, секоја минута умира по едно дете од маларија.

  • Во ретки случаи, некои луѓе биле заразени со маларија преку трансфузија на крв.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели