ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/11 стр. 29
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Убиствена светлина
  • Сечењето на шумите и маларијата
  • Летечка сипа
  • Што треба да знаеш за маларијата
    Разбудете се! 2015
  • Светлосниот орган на Хавајската лигна
    Разбудете се! 2015
  • Клунот на сипата
    Разбудете се! 2009
  • Поглед во светот
    Разбудете се! 2006
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 9/11 стр. 29

Поглед во светот

Резултатите од една анкета на Би-Би-Си во која беа опфатени 13.000 луѓе од 26 земји покажуваат дека „проблемот за кој најмногу се зборува во светот е корупцијата“. Меѓутоа, сиромаштијата се смета за проблем на кој треба да му се обрне најголемо внимание (BBC NEWS, БРИТАНИЈА).

„Црквите низ САД инсталираат ГПС-уреди на статуите од Исус како бебе во сцените што го прикажуваат неговото раѓање. Во последниве години низ целата земја се забележани голем број кражби на вакви статуи“ (THE WEEK, САД).

„Еден стручен одбор при Американската управа за храна и лекови (ФДА) препорачува да се забрани луѓето со синдром на хроничен замор да бидат крводарители затоа што постојат сомнежи дека извесен ретровирус може да е поврзан со оваа болест“ (THE WALL STREET JOURNAL, САД).

Убиствена светлина

На Универзитетот Стратклајд во Глазгов (Шкотска) беше развиена нова технологија, при која се користи силна светлина за да се уништат отпорните бактерии во болниците. Со новата техника за деконтаминација, патогените микроорганизми се отстрануваат многу поефикасно отколку само со чистење и дезинфекција.

Сечењето на шумите и маларијата

Сечењето на тропските шуми е причина за речиси 50 отсто пораст во бројот на заразени од маларија. Тоа го тврдат истражувачите кои ги проучуваа медицинските податоци од 54 региони во Бразил, како и сателитските снимки на кои се гледа во колкав обем се уништуваат шумите. Главниот преносител на маларија во регионите опфатени со истражувањето е комарецот познат како Anopheles darlingi. „Изгледа дека соголените површини и вировите вода делумно изложени на светлина се идеално живеалиште за овој комарец“, вели Сара Олсон, која го водеше ова истражување. Беше утврдено дека главни жаришта на маларија се местата на кои имаше најголемо уништување на шумите.

Летечка сипа

Фотографските докази неодамна потврдија дека некои видови сипа можат да летаат користејќи млазен погон. Морските биолози забележале дека „сипи од само 20 сантиметри можат да се исфрлат до висина од 2 метра над водата и можат да прелетаат растојание од 10 метри постојано мавтајќи со перките и вртејќи со пипките“, пишува во списанието Scientific American. Со тоа што внесуваат во телото вода која потоа ја исфрлаат во силен млаз, овие мекотели акумулираат доволно потисна сила што ги исфрла од морето. Од фотографиите се гледа дека при летањето ги користат перките како крилја.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели