ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/06 стр. 30
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2006
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Фотографирана е џиновска сипа
  • „Диносаурусите јаделе трева“
  • Како летаат пчелите?
  • Распеани глувци
  • Што ни открива Библијата за диносаурусите?
    Одговор на библиски прашања
  • Огромните чудовишта од морските длабочини
    Разбудете се! 2009
  • Запознајте се со австралиските пчели без осило
    Разбудете се! 2001
  • Светлосниот орган на Хавајската лигна
    Разбудете се! 2015
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 9/06 стр. 30

Поглед во светот

◼ „Големите морски длабочини се најголемото живеалиште на планетава. И едно од најсуровите... Сепак, каде и да погледнеме, гледаме живот, а понекогаш и во необично изобилство“ (NEW SCIENTIST, БРИТАНИЈА).

◼ Во една неодамнешна опитна парница, еден судија од сојузниот суд во Харисбург (Пенсилванија, САД) донесе пресуда дека „е спротивно на уставот во училиштата да се поучува [за создавање] како алтернатива за еволуцијата“ (NEW YORK TIMES, САД).

◼ Според една анкета од 2005 година, „51 отсто од Американците ја отфрлаат теоријата на еволуцијата“ (NEW YORK TIMES, САД).

◼ Со 175 години, Хариет, 150 килограми тешка џиновска галапагоска желка која живее во зоолошката градина во Бризбен (Австралија), е „најстарото живо животно во светот“ (AUSTRALIAN BROADCASTING CORPORATION).

◼ Швајцарските истражувачи открија дека некои видови пченка имаат свој одбранбен систем против црвот diabrotica virgifera virgifera што го напаѓа коренот на пченката. Тие испуштаат мириси во почвата. Овие мириси ги привлекуваат малите паразитски црви heterorhabditis megidis кои ги убиваат ларвите на diabrotica virgifera virgifera (DIE WELT, ГЕРМАНИЈА).

Фотографирана е џиновска сипа

Во близина на Бонинските Острови, јужно од Јапонија, научниците за првпат фотографираа жива џиновска сипа во нејзината природна средина. На куки ставија како мамки мали сипи и срцевина од ракчиња, а над нив закачија фотоапарати. Се проценува дека џиновската сипа што се појави, на длабочина од околу 900 метри, беше долга околу 8 метри.

„Диносаурусите јаделе трева“

„За научниците е големо изненадување“ тоа што открија дека „диносаурусите јаделе трева“, се вели во еден извештај на Associated Press. До ова откритие се дојде кога беше проанализирана една фосилизирана лепешка од сауропод најдена во Индија. Но, зошто беа изненадени научниците? Па, се сметаше дека „тревата се појавила долго откако изумреле диносаурусите“, се објаснува во извештајот. Исто така, постоеше мислење дека сауроподите „немале посебен вид заби што се потребни за да се изџвакаат грубите листови“. Палеоботаничарот Каролин Стромберг, која го предводеше тимот што дојде до ова откритие, вели: „Повеќето луѓе не би ни помислиле дека [сауроподите] јаделе трева“.

Како летаат пчелите?

На шега се вели дека научниците докажале дека пчелите не можат да летаат. Се чинеше дека толку „тешки“ инсекти и со таков мал замав на крилјата не би можеле да имаат доволно сила да се кренат во воздух. За да ја разоткријат тајната на овие инсекти, научниците „снимија пчели во фаза на лебдење, користејќи филм што снима 6.000 слики во секунда“, се вели во списанието New Scientist. Техниката на пчелите е опишана како „необична“. „Крилото се зафрлува наназад под агол од 90 степени, потоа додека се враќа се превртува — 230 пати во секунда... Крилото е како пропелер кај кој ротира и лопатката“, објаснува еден член од истражувачкиот тим. Нивните откритија може да им помогнат на конструкторите да ги реконструираат пропелерите и да изградат поподвижни авиони.

Распеани глувци

„Глувците можат да пеат, а... песните што им ги пеат на можните партнери се речиси исто толку сложени како и песните на птиците“, се вели во списанието New Scientist. Глувците пеат на ултрасонични фреквенции, т.е., нивната песна е премногу висока за човечкото уво — најверојатно поради тоа не била ни забележана порано. Истражувачите од Сент Луис (Мисури, САД) откриле дека гласовите на глушецот „биле организирани во фрази и теми, со што одговараат на дефиницијата за ‚песна‘“. Поради ова, глувците можат да бидат вклучени во една ексклузивна група. Други цицачи за кои се знае дека пеат се китовите, делфините, некои лилјаци и, се разбира, луѓето.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели