ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/12 стр. 3
  • Крај на нуклеарната закана?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Крај на нуклеарната закана?
  • Разбудете се! 1999
  • Сличен материјал
  • Нуклеарна војна — кој претставува закана?
    Разбудете се! 2004
  • Нуклеарната закана — воопшто не е завршена
    Разбудете се! 1999
  • Нуклеарна војна — дали сѐ уште се заканува?
    Разбудете се! 2004
  • Што вели Библијата за нуклеарна војна?
    Разно
Повеќе
Разбудете се! 1999
g99 8/12 стр. 3

Крај на нуклеарната закана?

ПОВЕЌЕ од 40 години, светот живееше под заканата од нуклеарна апокалипса. Потоа, во 1989, падна берлинскиот ѕид — увод во падот на советскиот комунизам. По кратко време суперсилите се согласија да престанат да ги насочуваат своите проектили еден кон друг. Со навидум спречениот или барем одложен нуклеарен „Армагедон“, светот испушти една долгоочекувана воздишка на олеснување.

Меѓутоа, многу стручњаци сметаат дека е прерано да се прославува. Во 1998, прочуениот часовник на судниот ден во The Bulletin of the Atomic Scientists беше поместен за пет минути, на девет минути до полноќ — што е јасен показател дека нуклеарната закана не е помината.a Навистина, светската сцена е променета. Двете главни нуклеарни сили повеќе не се наоѓаат во нуклеарен застој. Сега неколку нации поседуваат нуклеарен капацитет! Освен тоа, стручњаците стравуваат дека е само прашање на време кога некои терористички групи ќе посегнат по радиоактивен материјал и ќе направат нестручна атомска бомба.

Освен тоа, и покрај драматичните редукции, Соединетите Држави и Русија сѐ уште чуваат страотни арсенали од нуклеарни боеви глави. Според една истражувачка група наречена Одбор за нуклеарна политика, моментално се во состојба на готовност околу 5.000 боеви глави. „Затоа“, наведува нивниот извештај, „ако во сегашниве околности се испрати наредба за лансирање, 4.000 [интерконтинентални балистички проектилни] боеви глави (по 2.000 од секоја страна) би можеле за неколку минути да бидат на пат кон својата цел, а кратко потоа уште 1.000 боеви глави [на балистички проектили лансирани од подморница] би можеле да бидат на пат кон целта.“

Постоењето на овој арсенал ја зголемува можноста од случајна, па дури и од однапред смислена војна. „Една кобна случајност би можела да го турне светот во хаосот на термонуклеарна катастрофа, спротивно на желбите на политичките лидери“, предупредил истакнатиот руски стратег Владимир Белоуз. Затоа, иако Студената војна можеби заврши, заканата од нуклеарен холокауст не е навистина помината. Но, колку е голема таа закана? Дали Земјата некогаш ќе биде ослободена од нуклеарното оружје? Следните статии ќе се осврнат на овие прашања.

[Фуснота]

a Часовникот на судниот ден на насловната страница на The Bulletin of the Atomic Scientists е симбол за тоа колку се мисли дека светот е близу до „полноќта“ на нуклеарната војна. Во текот на децении, стрелката за минутите на часовникот се поместува за да ги одрази промените во светската политичка клима.

[Извор на слика на страница 3]

Експлозии на страници 2 и 3: фотографија на Националната архива на САД

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели