Се менува лицето на жртвите на војната
„ДЕНЕШНИТЕ војни се поинакви од војните во минатото . . . Обичните граѓани, а не војниците“, сѐ почесто стануваат жртви, извести „Перспектива“, програма што се емитува на радиото на ОН. На пример, во Првата светска војна, само 5 проценти од сите жртви беа цивили. Меѓутоа, во Втората светска војна, бројот на цивилни жртви скокна на 48 проценти. А денес, забележа радиото на ОН, „речиси сите жртви во конфликтите — 90% — се цивили, а повеќето од нив се жени, деца и постари лица“.
Според Олара Отуну, специјален претставник за деца и вооружени конфликти на генералниот секретар на ОН, „се проценува дека, од 1987 година, во вооружените судири се убиени два милиона деца“. Тоа значи дека во изминативе 12 години, секој ден повеќе од 450 деца биле жртви на војната! Освен тоа, во текот на истиот период, повеќе од шест милиони деца беа тешко ранети или трајно осакатени.
Еден начин на кој ОН би можеле да се справат со сѐ поголемиот број деца кои се жртви на војната, предложи г-н Отуну, е со унапредување зони на мир. „Местата каде што има претежно деца, како што се училиштата, болниците и игралиштата, треба да се сметаат за зони на невојување.“ Меѓутоа, додаде радиото на ОН, „првенствено спречувањето на конфликтите“ е најефикасен начин ОН да обезбеди обичните граѓани да не станат жртви на војна. Всушност, за да нема жртви во војните, треба да се отстрани самата војна. Дали некогаш ќе се случи тоа?
Заради тоа што човештвото има долга историја на војни, повеќето луѓе со право мислат дека човекот никогаш нема да донесе мир ширум земјата. Меѓутоа, Божјата реч, Библијата, ветува дека Јехова Бог ќе го направи тоа: „Прекратувајќи ги војните до крајот на земјата“ (Псалм 45:9). Кога ќе се случи тоа? И зошто можете да бидете сигурни дека Божјето ветување за светски мир ќе се исполни? Ако сакате да добиете одговор на овие прашања, Ве молиме, пишете до издавачите на ова списание користејќи ја најблиската адреса што е наведена на страница 5 или појдете во најблиската Сала на Царството на Јеховините сведоци. Нема да имате никакви обврски ниту трошоци —само директни одговори.
[Извор на слика на страница 12]
ФОТОГРАФИЈА НА ОН 156450/J. Isaac