ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/6 стр. 30
  • Набљудување на светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Набљудување на светот
  • Разбудете се! 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Праведна војна“?
  • Се зголемува бројот на проценети гени
  • Пешачење за добро здравје
  • Да се поучува на почит кон авторитетот
  • „Најважната супстанција за животот“
  • Летечките градинари во тропските дождовни шуми
    Разбудете се! 2014
  • Набљудување на светот
    Разбудете се! 2003
  • Што се случило со пеколниот оган?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Го набљудуваме светот
    Разбудете се! 2003
Повеќе
Разбудете се! 2000
g00 8/6 стр. 30

Набљудување на светот

„Праведна војна“?

„Војната во Југославија предизвика вистински поделби во црквите, врз основа на толкувањето на традиционалното сфаќање за ‚праведна војна‘“, забележува францускиот весник Le Monde. Идејата за праведна војна (jus ad bellum) датира од времето на Августин, кој живеел во петтиот век. Според Le Monde, „моралните“ оправдувања за таква војна, што ги формулирал подоцнежниот католички филозоф Тома Аквински, се: Мора да има „праведен повод“, војната треба да биде „последно средство“, оној што војува мора да има „законски авторитет“ и „употребата на оружје не [треба] да води до поголема штета и неред од штетата што треба да се отстрани“. Еден друг услов што бил додаден во 17 век се „шансите за успех“. Иако повеќето цркви сега ја отфрлаат идејата за „света“ војна, тие и понатаму дебатираат за тоа што е „праведна војна“.

Се зголемува бројот на проценети гени

Истражувачите неодамна направија промена во проценката на бројот на гените во секоја човечка клетка и сега тој изнесува 140.000, известува The New York Times. Проценките во минатото се движеа од 50.000 до 100.000 гени кај човекот. Ова значи дека човечкиот организам е далеку посложен отколку што се мислеше порано. Секој ген им дава наредби на клетките во телото да произведуваат аминокиселини, кои, пак, влегуваат во градбата на протеините. Ваквата голема промена „укажува на тоа уште колку треба да се учи за човечкото генетско програмирање“, вели весникот.

Пешачење за добро здравје

Освен тоа што помага да ги намалите тежината и стресот, пешачењето го намалува „крвниот притисок и ризикот од срцев удар“, вели The Globe and Mail од Торонто. Потребно е да си посветите време за да останете здрави. Колку време? „Според Canada’s Physical Activity Guide to Healthy Active Living, ако пешачите со умерено темпо, треба да соберете вкупно 60 минути на ден — во периоди кои траат најмалку по 10 минути“. Брзото пешачење или возењето велосипед 30 до 60 минути на ден или џогирањето 20 до 30 минути дневно се добри за одржување на здравјето. Globe препорачува да се носат лесни обувки кои дозволуваат стапалото да дише и имаат флексибилни ѓонови, добри потпори за сводовите на стапалото, подлошки со перничиња и удобен простор за прстите.

Да се поучува на почит кон авторитетот

„Денешните родители бараат толку мала почит кон авторитетот што ние, всушност, ја намалуваме самопочитта на нашите деца“, вели еден извештај во The Toronto Star. „Ако ги знаат своите граници, на децата им е задоволена потребата да знаат што ги очекува и да се чувствуваат сигурни — и ова им помага да имаат поголема самопочит“, забележува Роналд Мориш, специјалист по бихевиоризам. „Децата кои немаат осет за правила и одговорност израснуваат со поголемо чувство на несигурност и со помала доверба.“ Тој додава: „Познавам 6-годишни деца кои сами одредуваат кога ќе си легнат. Познавам 3-годишни деца чии мајки се обидуваат да ги убедат да не се однесуваат недолично, објаснувајќи им како ѝ е на мама“. Децата треба да научат да се подложуваат на правилата во семејството, а гледиштето дека е нормално да стануваат сѐ помалку соработливи додека растат е погрешно, вели Мориш. „Очекуваме децата да го градат своето академско знаење постепено секоја година. Тогаш, зошто да не очекуваме и однесувањето на децата секоја година да биде сѐ подобро?“, прашува тој. „Ако не направите сѐ што треба за да го натерате детето што проодува да ја подигне играчката, нема да имате тинејџер кој ќе се враќа дома во договореното време“.

„Најважната супстанција за животот“

„Водата е најважната супстанција за животот затоа што телото во најголема мера се состои од течности“, известува весникот Toronto Star. „Дури и 20-процентно опаѓање на водата во телото може да биде фатално.“ Водата не само што ја регулира телесната температура туку исто така „пренесува хранливи состојки и отпадни материи до и од органите преку крвотокот и телесните системи. Исто така, ги подмачкува зглобовите и дебелото црево, помагајќи да се спречи запек“. На еден просечен возрасен човек му се потребни два до три литри вода дневно. Кафето, газираните пијалаци или алкохолот можат само да ја зголемат потребата од повеќе чиста вода затоа што можат да придонесат за дехидратација. Според една диететичарка, жедта не треба да служи како потсетник да се напиете вода затоа што, кога ќе почувствувате жед, веројатно веќе сте дехидрирани. Весникот наведува дека „пиењето чаша вода секој час во текот на денот ќе задоволи најголем дел од потребите за вода што ги има човекот“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели