ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 15/7 стр. 3-4
  • Што се случило со пеколниот оган?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што се случило со пеколниот оган?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Сличен материјал
  • Раширено верување
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Пеколниот оган се разгорува или гасне
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Што всушност е пеколот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Заблуда бр. 2: Злобните одат во пекол
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 15/7 стр. 3-4

Што се случило со пеколниот оган?

КАКВА слика создава во твојот ум зборот „пекол“? Дали гледаш на пеколот како на дословно место на оган и сулфур, на бескрајна мака и болка? Или, пак, можеби пеколот е симболичен опис на некоја состојба?

Со векови верските водачи на христијанскиот свет го претставувале огнениот пекол на невидени маки како сигурна судбина за грешниците. Оваа идеја сѐ уште е популарна и кај многу други верски групи. „Христијанството можеби го направило пеколот збор што сите го знаат“, вели U.S.News & World Report, „но не го држи монополот над таа доктрина. Заканата од болна казна во задгробниот живот има свои еквиваленти во речиси сите поголеми светски религии како и во помалите.“ Хиндусите, будистите, муслиманите, јаинистите и таоистите веруваат во некаков пекол.

Меѓутоа, во современото размислување пеколот почнал да претставува и нешто друго. „Иако традиционалната огнена слика сѐ уште привлекува следбеници“, изјавува гореспоменатото списание, „почнуваат да се појавуваат современи гледишта за вечна мака како особено непријатна самица, кои сугерираат дека пеколот, на крајот на краиштата, можеби и не е толку жежок.“

Језуитското списание La Civiltà Cattolica забележува: „Погрешно е . . . да мислиме дека Бог, користејќи демони, им нанесува на проколнатите страшни маки како што се тие предизвикани со оган “. Тоа додава: „Пеколот постои, не како место туку како состојба, состојба на постоење на личноста што трпи болка затоа што е одделена од Бог“. Папата Јован Павле II, во 1999 рекол: „Пеколот не укажува на место туку на состојбата на оние што по своја волја и целосно се одвојуваат од Бог, изворот на сиот живот и сета радост“. Во врска со претставите за пеколот како огнено место, тој рекол: „Тие ја покажуваат потполната фрустрација и безначајност на живот без Бог“. Ако папата го опишеше пеколот во смисла на „огнени пламени и ѓавол облечен во црвено и со вила во рацете“, вели црковниот историчар Мартин Марти, „луѓето немаше да го сфатат тоа сериозно“.

Слични промени се случуваат и во други деноминации. Еден извештај на одборот за доктрини при Англиканската црква вели: „Пеколот не е вечно мачење туку конечно и неотповикливо избирање на она кое е во толку потполна и апсолутна спротивност со Бог, што единствениот крај му е целосно непостоење“.

Катехизмот на Епископалната црква на САД го дефинира пеколот како „вечна смрт како резултат на отфрлањето на Бог“. U.S.News & World Report вели дека сѐ поголем број луѓе ја унапредуваат идејата дека „крајот на злобните е уништување, а не вечно мачење . . . [Тие] тврдат дека оние што на крај ќе го отфрлат Бог едноставно нема да постојат во ‚огнот што проголтува‘ во пеколот“.

Иако современ тренд е да се отфрли мислата за оган и сулфур, мнозина и понатаму се придржуваат кон верувањето дека пеколот е дословно место на мачење. „Писмото јасно зборува за пеколот како за физичко место на огнено мачење“, вели Алберт Молер од Јужната баптистичка теолошка семинарија во Луисвил, Кентаки (САД). А извештајот The Nature of Hell (Природата на пеколот), подготвен од Одборот на евангелскиот сојуз изјавува: „Пеколот е свесно доживување на отфрленост и мачење“. Тој додава: „Во пеколот има степени на казна и страдање според тежината на гревовите направени на земјата“.

И пак прашањата, дали пеколот е огнено место на вечно мачење или место на уништување? Или, пак, едноставно е состојба на одвоеност од Бог? Што навистина е пеколот?

[Рамка/слики на страница 4]

Кратка историја на пеколниот оган

КОГА оние што се исповедуваат како христијани го усвоиле верувањето во пеколен оган? Долго по времето на Исус и неговите апостоли. „Apocalypse of Peter (Апокалипсата на Петар; II век н.е.) било првото [апокрифно] христијанско дело што ги опишува казните и маките на грешниците во пеколот“, изјавува француската Encyclopædia Universalis.

Меѓутоа, меѓу раните црковни отци имало несогласување во врска со пеколот. Јустинијан Маченик, Клемент од Александрија, Тертулијан и Кипријан верувале дека пеколот е огнено место. Ориген и Григориј од Ниса го сметале пеколот за место на одвоеност од Бог — место на духовно страдање. Августин од Хипон, од друга страна, верувал дека страдањето во пеколот е и духовно и сетилно — гледиште што станало општоприфатено. „До петтиот век, строгата доктрина дека по овој живот грешниците нема да имаат втора шанса и дека огнот што ќе ги проголта нема никогаш да згасне преовладувала насекаде“, напишал професор Џ. Н. Д. Кели.

Во 16-ти век, протестантските реформатори како Мартин Лутер и Џон Калвин сфатиле дека огненото мачење во пеколот е фигуративно и значи вечна одвоеност од Бог. Меѓутоа, идејата за пеколот како место на мачење пак се вратила во наредните два века. Протестантскиот проповедник Џонатан Едвардс влевал страв во срцата на колонијалните Американци од 18-ти век со сликовити описи на пеколот.

Меѓутоа, кратко потоа, пламените на пеколот почнале да треперат и да згаснуваат. „Дваесеттиот век речиси претставуваше смрт за пеколот“, изјавува U.S.News & World Report.

[Слики]

Јустинијан Маченик верувал дека пеколот е огнено место

Августин од Хипон поучувал дека страдањето во пеколот е и духовно и физичко

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели