ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 15/4 стр. 2-4
  • Пеколниот оган се разгорува или гасне

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Пеколниот оган се разгорува или гасне
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Враќање на пеколот
  • Прашања кои се покренати
  • Што се случило со пеколниот оган?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Раширено верување
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Заблуда бр. 2: Злобните одат во пекол
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Што всушност е пеколот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 15/4 стр. 2-4

Пеколниот оган се разгорува или гасне

ПРОТЕСТАНСКИОТ проповедник Џонатан Едвардс имал обичај со своите нацртани прикази на пеколот да им втерува страв на колонизираните Американци во 18-иот век. Еднаш опишал сцена во која Бог ги нишал грешниците над огнот како гнасни пајаци. Едвардс му упатил прекор на својот собир: „О грешнику еден, ти висиш на тенок конец, со огнот на божествениот гнев кој светли наоколу, подготвен секој миг да те изгори и да те испече во делови“.

Меѓутоа, набргу откако Едвардс ја одржал оваа злогласна проповед, огнот на пеколот се чини дека почнал или да болскоти, или да се гасне.a Книгата The Decline of Hell од Д. П. Волкер забележува дека „доктрината за вечно мачење на проклетите била јавно оспорувана од четвртата деценија на 18-иот век“. Во текот на 19-иот век, пеколниот оган и понатаму бил гаснат, а од средината на дваесетиот век гледиштето на Едвардс за пеколот како ‚огнена печка во која жртвите интензивно вечно се мачат мисловно и телесно‘ престана да биде предмет на разговор. „Нападнати од модерниот интелектуализам и споредени со ужасите на Хирошима и холокаустот — забележува новинарот Џефри Шелер — описите на пеколот повеќе не се толку застрашувачки како што беа порано.“

Многу проповедници исто така ја напуштиле идејата за пеколен оган. Суровите проповеди за ужасите на пеколот исчезнаа од проповедалниците на традиционалните цркви на т.н. христијанство. За повеќето теолози, пеколот станал премногу застарена тема за сериозната наука. Пред неколку години, еден црковен историчар направил истражување за универзитетско предавање за пеколот и ги проверил индексите на неколку научни списанија. Не можел да најде ниту еден наслов кој се однесува на пеколот. Според списанието Newsweek, историчарот заклучил: „Пеколот исчезнал, а никој не забележал“.

Враќање на пеколот

Исчезнал? Не сосем. Што е за изненадување, во последниве години науката за пеколот повторно се разгоре во некои места. Спроведените анкети во Америка покажуваат дека бројот на луѓе кои изјавиле дека веруваат во пекол се покачил од 53 проценти во 1981, на 60 проценти во 1990. Ако на ова го додадеме и ширењето во светски размери на евангелистичките движења, кои проповедаат за пеколот, очигледно, сериозното враќање на пеколот во размислувањето на т.н. христијанство е навистина глобален феномен.

Но, дали ова враќање влијае само на луѓето кои се лаици или исто така се однесува и на свештениците? Факт е дека пеколниот оган, како што го проповедал Џонатан Едвардс пред 250 години, никогаш не исчезнал од некои конзервативни проповедалници на т.н. христијанство. Во 1991, U.S.News & World Report забележал: „Дури и меѓу некои либерални традиционални деноминации постојат знаци дека во последниве години теолозите размислуваат за идејата за пеколот посериозно отколку во претходните децении“. Очигледно, откако со години не му обрнале внимание, пеколниот оган сега повторно се наоѓа во интересот на јавноста во светот. Меѓутоа, дали тој сѐ уште е вжештен?

Прашања кои се покренати

Теологот В. Ф. Волбрехт немал сомнежи во врска со тоа: „Пеколот е пекол, и никаква човечка желба или мисла нема да го намали вечното проклетство“. Повеќето редовни посетители на црквите не се баш сосем сигурни во тоа. Иако не се сомневаат дека пеколот постои, сепак ги интересира каква е природата на пеколот. А еден друг теолог додава: „За мене пеколот, без сомнение, е стварност, јасно објавена со библиското сведоштво, но она што не е докажано е неговата вистинска природа“. Да, некои теолози и лаици, чијшто број денес сѐ повеќе расте, не се прашуваат: ‚Дали пеколот постои?‘, туку ‚Што е пеколот?‘

Што би одговорил ти? Какво е твоето сознание за природата на пеколот? И, зошто искрените христијани се збунети со ваквата наука?

[Фуснота]

a На 8. јули 1741, Едвардс ја одржал проповедта „Грешниците во рацете на разгневениот Бог“.

[Извор на слика на страница 2]

Илустрација на Доре за Ѓаволот и Вергилиј од Дантеовата Божествена комедија

[Извор на слика на страница 3]

Илустрација на Доре за Ѓаволот и Вергилиј од Дантеовата Божествена комедија

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели