ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 15/7 стр. 5-7
  • Што всушност е пеколот?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што всушност е пеколот?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Живот после смртта?
  • Бескрајно мачење или општ гроб?
  • Пеколниот оган — истребување?
  • Пеколот испразнет!
  • Дали навистина постои пекол?
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Што се случило со пеколниот оган?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Раширено верување
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Вистината за пеколот и ти
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 15/7 стр. 5-7

Што всушност е пеколот?

СЕЕДНО каква слика создава зборот „пекол“ во твојот ум, за пеколот општо се мисли дека е место на казна за грев. Во врска со гревот и неговиот ефект, Библијата вели: „Преку еден човек гревот влезе во светот и преку гревот смртта, така и смртта се прошири на сите луѓе, бидејќи сите згрешија“ (Римјаните 5:12). Светото писмо, исто така, вели: „Платата што ја дава гревот е смрт“ (Римјаните 6:23). Бидејќи казната за грев е смрт, основното прашање во одредувањето на вистинската природа на пеколот е: ‚Што се случува со нас кога ќе умреме?‘

Дали по смртта животот продолжува во некој вид или некој облик? Што е пеколот, и какви луѓе одат таму? Дали има некаква надеж за оние во пеколот? Библијата дава вистинити и задоволувачки одговори на овие прашања.

Живот после смртта?

Дали нешто во нас, нешто како душа или дух, ја преживува смртта на телото? Размисли за тоа како првиот човек, Адам, добил живот. Библијата вели: „Господ, Бог, го обликува човекот од земниот прав и му дувна здив на животот во носалките“ (Битие 2:7). Иако дишењето го одржувало неговиот живот, тоа што му бил дувнат „здив на животот“ во неговите ноздри вклучувало многу повеќе отколку само да се дувне воздух во неговите бели дробови. Тоа значело дека Бог ставил во Адамовото безживотно тело искра на живот — „животен дух [сила, NW]“, која е активна во сите земни суштества (Битие 6:17; 7:22). Библијата зборува за оваа животна сила како за „дух“ (Јаков 2:26). Тој дух може да се спореди со електричната струја што активира некоја машина или некој апарат и го оспособува да ја извршува својата функција. Како што струјата никогаш не може да ги стекне обележјата на опремата што ја активира така и животната сила не стекнува ниедна од карактеристиките на суштествата што ги оживува. Таа не е личност ниту, пак, има способност за размислување.

Што се случува со духот кога една личност ќе умре? Псалм 146:4 вели: „Ако излезе духот од него, тој се враќа во својата земја, и во тој ден пропаѓаат [исчезнуваат, NW] сите негови мисли“. Кога една личност ќе умре, нејзиниот безличен дух не продолжува да постои како духовно суштество во некое друго подрачје. Тој ‚се враќа при Бога, Кој го дал‘ (Проповедник 12:7). Тоа значи дека секоја надеж на таа личност за живот во иднина сега потполно зависи од Бог.

Античките грчки филозофи Сократ и Платон верувале дека душата во личноста ја преживува смртта и никогаш не умира. Што поучува Библијата за душата? Адам ‚станал жива душа‘, вели Битие 2:7. Тој не примил душа; тој бил душа — целокупна личност. Библијата зборува за тоа дека душата може да врши работа, да биде гладна, да биде киднапирана, да рони солзи итн. (Левит 23:30, ПСП; Второзаконие 12:20; 24:7, NW; Псалм 119:28). Да, самиот човек е душа. Кога личноста умира, умира и душата (Езекиел 18:4, ПСП).

Па тогаш, каква е состојбата на мртвите? Кога му изрекол казна на Адам, Јехова изјавил: „Прав си, и во прав ќе се вратиш“ (Битие 3:19). Каде бил Адам пред Бог да го обликува од земниот прав и да му даде живот? Па, едноставно не постоел! Кога умрел, Адам се вратил во таа состојба на потполно отсуство на живот. За состојбата на мртвите јасно зборува Проповедник 9:5, 10 (ПСП), каде што читаме: „Мртвите ништо не знаат . . . во гробот, каде што ќе појдеш, нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост“. Според Библијата, смртта е состојба на непостоење. Мртвите немаат сознание, немаат чувства, немаат мисли.

Бескрајно мачење или општ гроб?

Бидејќи мртвите не постојат свесно, пеколот не може да биде огнено место на мачење каде што злобните страдаат по смртта. Тогаш, што е пеколот? Ако испитаме што се случило со Исус откако умрел, ќе го добиеме одговорот на ова прашање. Библискиот писател Лука раскажува: „Ниту беше оставен во Хадесот [пеколот, ПСП] ниту неговото тело виде распаѓање“a (Дела 2:31). Каде бил пеколот во кој отишол дури и Исус? Апостол Павле напишал: ‚Ви предадов . . . дека Христос умре за нашите гревови во склад со Писмото; и дека беше погребан, да, дека стана на третиот ден според Писмото‘ (1. Коринќаните 15:3, 4). Значи Исус бил во пеколот, во гробот, но не бил оставен таму, зашто бил подигнат, или воскреснат.

Размисли и за случајот на праведниот човек Јов кој многу страдал. Сакајќи да ја избегне својата тешка ситуација, тој молел: „О, да беше ме сокрил и криел во пеколот, додека да мине гневот Твој“b (Јов 14:13, ПСП). Колку е апсурдно да веруваме дека Јов сакал да бара заштита во некое огнено место! За Јов, „пеколот“ едноставно бил гробот, каде што би завршило неговото страдање. Значи, библискиот пекол е општиот гроб на човештвото каде што одат како добрите така и лошите луѓе.

Пеколниот оган — истребување?

Можно ли е огнот на пеколот симболично да претставува истребување, или потполно уништување? Правејќи разлика меѓу огнот и хадесот, или пеколот, Писмото вели: „Смртта и пеколот беа фрлени во огнено езеро“. ‚Езерото‘ што е спомнато овде е симболично зашто смртта и пеколот (хадесот) што се фрлени во него не можат дословно да изгорат. „Тоа [огнено езеро] е втората смрт“ — смрт од која нема никаква надеж за повторно враќање во живот (Откровение 20:14).

Огненото езеро има слично значење како и „огнена Геена [пекол, ПСП]“ за којашто зборувал Исус (Матеј 5:22; Марко 9:47, 48). Во Христијанските грчки списи, зборот Геена се појавува 12 пати и се однесува на долината Хином, надвор од ѕидините на Ерусалим. Кога Исус бил на Земјата, оваа долина се користела како депонија, „каде што биле фрлани мртвите тела на криминалците, лешевите на животните и секакво друго ѓубре“ (Smith’s Dictionary of the Bible). Огнот бил одржуван така што се додавало сулфур за да изгори отпадот. Исус ја искористил таа долина како соодветен симбол за вечно уништување.

Како Геена така и огненото езеро симболизира вечно уништување. Смртта и хадесот ќе бидат „фрлени“ во него и на тој начин збришани кога човештвото ќе биде ослободено од гревот и од осудата на смрт. Исто така, и намерните, непокајнички грешници имаат свој ‚дел‘ во тоа езеро (Откровение 21:8). И тие ќе бидат збришани засекогаш. Од друга страна, пак, оние што се во Божјето сеќавање и што се во пеколот — општиот гроб на човештвото — имаат прекрасна иднина.

Пеколот испразнет!

Откровение 20:13 изјавува: „Морето ги предаде мртвите кои беа во него, и смртта и Хадесот ги предадоа мртвите кои беа во нив“. Да, библискиот пекол ќе биде испразнет. Како што ветил Исус, „доаѓа часот во кој сите оние што се во спомен-гробовите ќе го чујат [Исусовиот] глас и ќе излезат“ (Јован 5:28, 29). Иако сега повеќе не постојат во никаков облик, милиони мртви што се во сеќавањето на Јехова Бог ќе бидат воскреснати, или вратени во живот, во обновениот земен рај (Лука 23:43; Дела 24:15).

Во Божјиот нов свет, воскреснатите луѓе што се повинуваат на неговите праведни закони никогаш повторно не ќе мора да умрат (Исаија 25:8). Јехова „ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ниту ќе има веќе тага ни пискот ни болка“. Всушност, ‚поранешните работи ќе поминат‘ (Откровение 21:4). Каков само благослов ги очекува оние што се во пеколот — „спомен-гробовите“! Овој благослов навистина е добра причина да стекнеме повеќе спознание за Јехова Бог и за неговиот Син, Исус Христос (Јован 17:3).

[Фусноти]

a Во Светото писмо — издание на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, во Христијанските грчки списи грчкиот збор хадес седумпати е преведен со „пекол“. Преводот во Лука 16:19—31 спомнува маки, но целиот тој извештај има симболично значење. Види го поглавје 88 од книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел, издадена од Јеховините сведоци.

b Хебрејскиот збор шеол во Хебрејските списи се појавува 65 пати и во Светото писмо — издание на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, е преведен со „пекол“, „гроб“, „бездна“, и „ад“.

[Слика на страница 5]

Јов се молел да биде заштитен во пекол

[Слика на страница 6]

Огнена Геена — симбол на вечно уништување

[Слика на страница 7]

‚Оние што се во спомен-гробовите ќе излезат‘

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели