ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/11 стр. 3-4
  • Зошто толкав интерес за спиритизмот?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто толкав интерес за спиритизмот?
  • Разбудете се! 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто толку многу луѓе се свртуваат кон спиритизмот
  • Зошто да се чуваме од спиритизмот
    Разбудете се! 2008
  • Спротивстави им се на злите духовни сили
    Спознание кое води до вечен живот
  • Зошто да се избегнува спиритизмот
    Разбудете се! 2000
  • Што ни открива Библијата за спиритизмот?
    Разбудете се! 2017
Повеќе
Разбудете се! 2000
g00 8/11 стр. 3-4

Зошто толкав интерес за спиритизмот?

Спиритизмот се дефинира како „верување дека некој духовен дел од луѓето ја преживува смртта на физичкото тело и може да комуницира со живите, обично преку некое лице кое служи како медиум“.

ВО 1998, една книга во која се објаснува како да се стапи во контакт со мртвите станала толку популарна во Соединетите Држави што веднаш се искачила на врвот на листата на бестселери која ја објавува New York Times.

Пред неколку години, видовитите луѓе и спиритистичките сеанси во Москва влегоа во мода меѓу политичарите и бизнисмените, кои плаќаа високи суми за да се консултираат со нив.

Во Бразил, телевизиските сапунски опери во кои се прикажува спиритизам привлекуваат голем број гледачи.

За многу луѓе кои живеат во Африка или Азија, практикувањето спиритизам е вообичаено исто како што е вообичаено да се разменуваат производи на пазар.

Зошто толку многу луѓе се свртуваат кон спиритизмот

Многумина се свртуваат кон спиритизмот за да најдат утеха по смртта на нивните сакани. Преку спиритистичките медиуми тие можат да добијат посебни информации кои навидум доаѓаат од мртвите. Како резултат на тоа, ужалените честопати се убедени дека нивните сакани кои умреле се живи и дека контактирањето со нив ќе им помогне да се справат со својата загуба.

Други, пак, се привлечени кон спиритизмот затоа што им било кажано дека духовите ќе им помогнат да најдат лек за разни болести, да го избегнат стисокот на сиромаштијата, да им биде успешна романтичната врска, да ги решат брачните проблеми или, пак, да најдат вработување. А многу други се свртуваат кон спиритизмот едноставно затоа што се љубопитни.

Меѓутоа, уште една причина зошто милиони луѓе се свртеле кон спиритизмот е тоа што биле поучени дека спиритизмот е, како што го опишал еден експерт на ова поле, „дополнителна религија“ која постои „паралелно со христијанството“. Ситуацијата со религијата во Бразил е еден таков пример.

Во Бразил има најголем број римокатолици во светот, но, како што вели авторот Сол Бидерман, „милиони верници палат свеќи пред повеќе олтари и мислат дека во тоа нема ништо лошо“. Всушност, бразилскиот седмичен весник Veja известил дека 80 проценти од оние кои посетуваат спиритистички центри во Бразил се крстени католици кои присуствуваат и на миса. Ако на ова го додадеме фактот дека дури и некои свештени лица одат на спиритистички собири, може да се сфати зошто многу верници мислат дека Бог го одобрува контактирањето со духовите за да се добие утеха и водство. Но, дали е така?

[Рамка/слики на страница 3]

Различни облици на спиритизам

Практикувањето спиритизам може да се состои од обраќање на спиритистички медиум, прашување на мртвите или барање предзнаци. Еден популарен облик на спиритизам е гатањето — обид да се дознае иднината или непознатото со помош на духови. Некои облици на гатање се астрологија, гледање во кристална топка, толкување соништа, читање од дланка и претскажување со помош на тарот карти.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели