ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/12 стр. 8-9
  • Остварување на идеалите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Остварување на идеалите
  • Разбудете се! 2000
  • Сличен материјал
  • Олимписките идеали во криза
    Разбудете се! 2000
  • Од Олимпија до Сиднеј
    Разбудете се! 2000
  • Дали Олимписките игри навистина можат да ги обединат луѓето? Што вели Библијата?
    Разно
  • Содржина
    Разбудете се! 2000
Повеќе
Разбудете се! 2000
g00 8/12 стр. 8-9

Остварување на идеалите

МЕЃУНАРОДНА добра волја, братство, мир — кој не би ги пофалил ваквите благородни идеали? Обновувачот на Олимписките игри, барон Пјер де Кубертен, верувал дека овие игри ќе го совладаат соперништвото меѓу народите со тоа што ќе унапредат голема почит кон натпреварувачите без оглед на нивната раса, религија или пол. Тој сметал дека „подобар свет може да се постигне само со подобри луѓе“. Но, дали спортот навистина може да донесе светски мир? Судејќи според неговото минато досие, ќе мора да одговориме со „не“.

Иако и спортот има свое место, поуката од Библијата е клуч за унапредување на вистински мир. Всушност, библиските начела можат да создадат „подобри луѓе“, како што се изразил Кубертен. Да разгледаме неколку библиски стихови што унапредуваат мир меѓу луѓето кои ги применуваат, без оглед на тоа на која нација ѝ припаѓаат.

„По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе“ (Јован 13:35).

„Ако е можно, колку што зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе“ (Римјаните 12:18).

„Сѐ додека имаме погодно време за тоа, да им правиме добро на сите“ (Галатите 6:10).

„Не правејќи ништо од кавгаџиство ниту од егоизам, туку со понизност на умот сметајте ги другите за повисоки од себе“ (Филипјаните 2:3).

„Телесното вежбање е корисно за малку; а побожната оддаденост е корисна за сѐ, зашто има ветување за сегашниот живот и за оној кој ќе дојде“ (1. Тимотеј 4:8).

Дали идеалите што се изнесени во овие стихови се навистина делотворни? Размислете за она што се случило во Минхен (Германија). Во 1974, само две години откако Олимписките игри што се одржаа во овој град беа извалкани со тероризам и убиство, Јеховините сведоци одржаа меѓународен конгрес на Олимпискиот стадион. Меѓу другите присутни имаше и групи од Грција и Турција — земји кои беа завојувани. Всушност, истото лето, грчки и турски трупи беа вмешани во еден конфликт заради островот Кипар. Дали тоа влијаеше врз христијаните кои присуствуваа на овој конгрес? Не! Колку само беше трогателно кога набљудувачите видоа како Грци и Турци се прегрнуваат и се нарекуваат браќа и сестри!

Јеховините сведоци се познати низ целиот свет по тоа што имаат мирољубиви односи кои ги надминуваат националните, етничките и племенските бариери. Се разбира, тие не тврдат дека совршено го оствариле идеалот на светско единство и соработка. Како и сите други луѓе, и тие мораат напорно да се трудат да го следат советот што го дал христијанскиот апостол Павле: „Соблечете ја старата личност со нејзините постапки и облечете ја новата личност“ (Колошаните 3:9, 10). Меѓутоа, тие цврсто веруваат дека следењето на библиските начела може да им помогне на луѓето ‚да бараат мир и да тежнеат кон него‘ (1. Петрово 3:11).

За жал, Олимписките игри — и покрај нивните возвишени идеали — го извлекуваат најлошото од многумина. За разлика од тоа, моќната Божја реч го извлекува најдоброто од луѓето, унапредувајќи добра волја и мир меѓу народите.

[Слики на страница 8]

Олимписките игри унапредуваат натпреварување

[Извор на слика]

Aus dem Fundus der MÜNCHNER OLYMPIAPARK GMBH, München

[Слики на страница 9]

Библијата унапредува мир

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели