ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/12 стр. 20-21
  • Медитирање кое е корисно

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Медитирање кое е корисно
  • Разбудете се! 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Медитацијата значи нешто повеќе
  • Медитирањето денес
  • Нашите мисли
    Разбудете се! 2014
  • Продолжи да размислуваш за духовните работи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Длабокото размислување — неопходно за да бидеме ревносни
    Нашата служба за Царството 2010
  • Размислувањето на моето срце
    Пеј му од срце на Јехова
Повеќе
Разбудете се! 2000
g00 8/12 стр. 20-21

Гледиште на Библијата

Медитирање кое е корисно

„ЗБОРОВИТЕ НА МОЈАТА УСТА И РАЗМИСЛУВАЊАТА [МЕДИТИРАЊЕТО, NW] НА МОЕТО СРЦЕ, НЕКА БИДАТ УГОДНИ ПРЕД ТЕБЕ, ГОСПОДИ, ТВРДИНО МОЈА И ИЗБАВИТЕЛУ МОЈ“ (ПСАЛМ 19:14).

ШТО значи „медитирањето“ за Вас? Ако ги следите учењата на некоја од источните религии, можеби верувате дека тоа е нешто што води до побистро размислување или до некое посебно просветлување. Медитирањето кое се практикува во будизмот поттикнува да се испразни умот од сите мисли. Се вели дека други облици на медитирање поттикнуваат на полнење на умот со „универзални вистини на мудрост“.

Библиското гледиште за медитирањето се разликува од ваквите гледишта. Во кој поглед? Разгледајте го библискиот пример за еден човек по име Исак, кој на 40-годишна возраст имал да медитира за многу нешта. Во Битие 24:63 (NW) стои: „Кога се спушти вечерта, Исак се шеташе надвор за да медитира во полето“. Нема причина да се верува дека Исак го празнел од мисли својот ум или дека едноставно размислувал за некаква неодредена ‚универзална вистина на мудроста‘. Исак веројатно размислувал за конкретни работи, како што се неговата иднина, загубата на неговата мајка или, пак, за тоа која ќе му биде сопруга. Навечер, кога бил сам, тој го користел времето за да медитира, веројатно за овие животни прашања. Во Библијата, медитирањето е нешто повеќе од сонување со отворени очи.

Медитацијата значи нешто повеќе

Да го разгледаме примерот на псалмистот Давид. Тој се соочил со низа навидум несовладливи проблеми и добро знаел дека, како несовршен човек, му треба помош од Бог за да постапува исправно. Што го зајакнало Давид во тие тешки околности? Како што е запишано во Псалм 19:14, Давид рекол: „Зборовите на мојата уста и размислувањата [медитирањето, NW] на моето срце, нека бидат угодни пред Тебе, Господи, Тврдино моја и Избавителу мој“. Хебрејскиот збор кој овде е преведен со „медитирање“ доаѓа од еден корен кој дословно значи „зборува со себе“. Да, Давид ‚зборувал со себе‘ за Јехова, за неговата активност, дела, закони и праведност (Псалм 143:5).

И раните христијани сметале дека е дел од вистинското обожавање да одвојат време за да медитираат за духовните работи. Апостол Павле опоменал: „Сѐ што е вистинито, сѐ што заслужува сериозно внимание, сѐ што е праведно, сѐ што е чесно, сѐ што е вредно за сакање, за кое добро се зборува, секоја доблест што постои и сѐ што е вредно за фалба, за тоа размислувајте и понатаму“ (Филипјаните 4:8). Се разбира, за да размислуваме за изградувачки мисли, она „сѐ“ за кое зборувал Павле ќе треба да влезе во нашиот ум. На кој начин?

Псалмистот ни го дава одговорот. Во Псалм 1:1, 2 стои: „Блажен е човекот кој не оди по советот на нечесните . . . туку волјата му е во Господовиот Закон и размислува [со придушен глас чита од неговиот закон, NW] дење и ноќе“. Да, псалмистот редовно го читал Божјиот закон. Тогаш можел да медитира за она што го научил во врска со Творецот.

Медитирањето денес

Читањето на Библијата е од непроценлива вредност, но откако ќе читаме, мора да медитираме, длабоко да размислуваме, односно „да зборуваме со себе“ за она што сме го прочитале. Исто како што е потребно хранливите состојки да се сварат за да извлечеме целосна корист од храната што ја јадеме, така е потребно и да медитираме за да го впиеме она што го читаме од Библијата. Со исправното медитирање се постигнува нешто повеќе отколку само отстранување на негативните мисли. Тоа ни овозможува и да размислуваме за библиските решенија за нашите проблеми. Таквото медитирање може да ни помогне успешно да се справиме со тегобните грижи на секојдневниот живот (Матеј 6:25—32).

Псалмистот Давид сфатил каква улога игра медитацијата во угодувањето на Бог. Тој рекол: „Устата на праведникот кажува мудрост со придушен глас“ (Псалм 37:30, NW). Да, медитацијата е знак за препознавање на верниот обожавател. Да се биде сметан за праведен од Бог е вистински благослов кој донесува духовни користи. На пример, Библијата вели дека „праведничката патека е како светлината на разденувањето, што е сѐ појасна до полниот ден“ (Пословици 4:18). Значи, послушниот христијанин кој „кажува мудрост со придушен глас“ може да очекува да стекне поголемо разбирање за Библијата.

Исто така, Библијата ги опоменува христијаните да медитираат за своите библиски одговорности. Апостол Павле му рекол на Тимотеј: „Длабоко размислувај за овие работи; биди задлабочен во нив, за твојот напредок да им биде видлив на сите. Обрнувај постојано внимание на себе и на своето поучување. Остани во овие работи, зашто правејќи го ова ќе се спасиш и себеси и оние кои те слушаат“ (1. Тимотеј 4:15, 16). Да, она што го зборуваме и она што го правиме може длабоко да влијае врз другите.

Јасно, имаме многу причини да се зафатиме со длабоко, концентрирано размислување за важни работи. Животоважно е да размислуваме за нашите искуства во минатото, длабоко да размислуваме за тековните работи и сериозно да мислиме на нашата иднина. Но, над сѐ, медитирањето ќе ни донесе најголемо просветлување ако нашите мисли се сосредоточат на мудроста која доаѓа од нашиот Творец, Јехова Бог.

[Слика на страница 20]

„Мислителот“ од Роден

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели