ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g01 8/2 стр. 20-25
  • Се соочував со испитите со сила од Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се соочував со испитите со сила од Бог
  • Разбудете се! 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Мојата борба да останам неутрален
  • Ја одлежувам казната
  • Збрка околу Римјаните 13. поглавје
  • Дејствување во тајност
  • Способна жена
  • Во поново време
  • Мојата главна грижа — да останам лојален
    Разбудете се! 2001
  • Ветување кое сум одлучен да го одржам
    Разбудете се! 1998
  • Во фокусот на советскиот напад
    Разбудете се! 2001
  • Над 40 години под комунистичка забрана
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Повеќе
Разбудете се! 2001
g01 8/2 стр. 20-25

Се соочував со испитите со сила од Бог

РАСКАЖАЛ СТЕПАН КОЖЕМБА

Една ноќ, во почетокот на април 1951, камиони натоварени со советски трупи пристигнаа во Стенјатин, нашето село во Украина. Вооружени војници опколија некои домови што ги беа избрале однапред, одведоа цели семејства Јеховини сведоци и ги пренесоа во Сибир. Како 12-годишно момче на кое сѐ му оставаше силен впечаток, се прашував зошто со нив се постапуваше на таков начин и како можеа да поднесат такво страдање.

РОДЕН сум во селото Стенјатин, во октомври 1938. Мајка ми умрела две седмици откако сум се родил, а татко ми го убиле во 1944 додека се борел во советската армија против Германија. Моите тетки, Олена и Ана, ме зедоа кај себе и ме пораснаа.

Како дете, познавав неколку Јеховини сведоци од нашето гратче. Секогаш кога ќе се укажеше прилика, тие ми зборуваа мене и на другите за месијанското Царство. Со текот на времето се спријателив со некои од тие млади Сведоци. Кога советските трупи ги одведоа и ги депортираа во Сибир, бев многу изненаден.

Но, не беа протерани сите Сведоци. На Степан, еден Сведок кој живееше во моето соседство, му беше дозволено да остане затоа што неговите домашни не беа Сведоци. Беше шест години постар од мене и кога завршив со школувањето, работев заедно со него како дрводелец. Тој ја проучуваше Библијата со мене користејќи ги примероците од Стражарска кула кои стоеја на располагање. Степан, кој сега му служи на вистинскиот Бог, Јехова, во Естонија, беше воодушевен кога се крстив, во јули 1956.

Противењето беше дел од животот на кој и да било слуга на Јехова во Украина. Властите вршеа претреси во домовите за да најдат библиска литература па затоа имав неколку скришни места. Моите тетки Олена и Ана, кои беа грчки католици, не ги одобруваа моите врски со Сведоците. Се обидоа дури и да влијаат врз мене да престанам да се дружам со нив. Слично на апостол Павле, понекогаш се чувствував како да сум ‚под крајно голем притисок над мојата сила‘. Но, мојот однос со Јехова Бог ме зајакна да ги издржам сите испити (2. Коринќаните 1:8; Филипјаните 4:13).

Мојата борба да останам неутрален

Службата во Советската војска беше задолжителна за младите машки лица на 18-годишна возраст. Заради она што го знаев од Библијата, бев одлучен да останам неутрален во поглед на работите на светот, што значеше дека одбивам да ѝ се придружам на советската армија (Исаија 2:4; Јован 17:14—16). Олена и Ана ме охрабруваа да станам војник, иако нивниот брат, мојот татко, беше убиен во војната.

Откако добив документи за регрутација, отидов во воениот штаб во нашата област и им го објаснив мојот став. Веднаш ме уапсија и потоа ме држеа во притвор додека се подготвуваа обвиненија против мене. Судењето се одвиваше зад затворени врати; ни моите тетки не беа известени за датумот. Им дадов темелно сведоштво на судијата, на обвинителот и на поротата која се состоеше од двајца мажи. По 20 минути сѐ беше готово. Пресудата гласеше — пет години затвор плус пет години во кои ќе ми бидат одземени некои граѓански права.

Ја одлежувам казната

По судењето бев одведен во затвор во Лавов. Во текот на трите месеци од моето апсење па до префрлањето во работен логор не бев во христијанско друштво и немав Библија ниту библиска литература. Меѓутоа, останав духовно активен, сведочејќи им на другите затвореници, на кои им беше тешко да разберат зошто сум одбил да служам војска. Во текот на тие месеци се потпирав на личната студија што ја имав пред да бидам одведен в затвор. Ова искуство ме научи на една скапоцена лекција: Личната библиска студија ни помага да си создадеме духовна резерва која ќе нѐ одржува кога ќе дојдат испити (Јован 14:26).

Во април 1958 бев префрлен во работниот логор 21, во близина на Днепропетровск, повеќе од 700 километри од дома, за да го одлежам преостанатиот дел од казната. Таму станувавме во 6.00 часот наутро и по појадокот нѐ качуваа на камиони и нѐ носеа околу 50 километри до нашето работно место надвор од логорот. Осум часа работевме на едно градилиште, а потоа нѐ враќаа во логорот каде што ја минувавме ноќта.

Нашите преноќевалишта беа бараки и во секоја од нив беа сместени по стотина души. Имавме слаба исхрана и бедни услови за живеење; но барем го имав друштвото на двајца други Сведоци во бараките каде што бев сместен. Секој од нас совесно се трудеше да ги охрабри другите двајца. Ова е уште еден начин на кој Јехова им дава сила на своите слуги кога се во неволја — преку дружењето со соверниците (2. Коринќаните 7:6).

Во работниот логор имаше вкупно 12 Сведоци. Некои од нив имаа роднини надвор од логорот и тие ни криумчареа страници од Стражарска кула скриени во пакетите со храна. Повеќето пакети беа отворани од чуварите, кои проверуваа што има внатре пред да ни ги дадат. Но, за да се избегне да се открие нешто, страниците од Стражарска кула беа завиткани во најлон и ставени во конзерви со мармалад, кои чуварите не водеа многу сметка да ги отвораат. Штом ќе ги добиевме статиите, рачно ги препишувавме и си ги разделувавме меѓу себе.

Исто така, дававме сѐ од себе за да проповедаме за Божјето Царство и Јехова ги благослови нашите напори. На пример, се запознав со еден затвореник, Сергеј, кој работел како сметководител во едно државно претпријатие во источна Украина. Кога била откриена проневера во неговата работна организација, тој бил обвинет и осуден на десет години затвор. Во затворот со него проучуваа неколку Сведоци, користејќи ги сите списанија што можевме да ги набавиме. Сергеј реагираше позитивно и на крајот ми рече: „Кога ќе излезам од логоров, сакам да се крстам како Јеховин сведок!“ Сергеј го одржа својот збор и се крсти кратко време откако беше пуштен на слобода и лојално му служеше на Јехова сѐ до својата смрт.

Збрка околу Римјаните 13. поглавје

Бев ослободен од затвор во јануари 1963 и се вратив во моето родно село, Стенјатин. Речиси веднаш почувствував дека нешто не е во ред во локалното собрание во Сокал. Меѓу браќата владееше напната атмосфера. Во што беше проблемот? Што довело до една ваква ситуација на несигурност?

Со години советските власти се обидуваа да посеат неединство меѓу Јеховиниот народ на тој начин што апсеа браќа за сослушување и им сугерираа дека Сведоците се користени за да ги унапредуваат интересите на Соединетите Американски Држави. Службените лица препорачуваа Сведоците од Советскиот сојуз да формираат своја одвоена организација, додавајќи дека тогаш ќе можат да имаат мирољубиви односи со Државата и ќе им биде дозволено да ја практикуваат својата религија без да бидат прогонувани. Службениците направија сето тоа да звучи привлечно.

Потоа, во Стражарска кула од 15 ноември 1962, која подоцна излезе во украинското издание од 1 јули 1964, беше изнесено едно ново разбирање за Римјаните 13. поглавје. Дотогаш имавме разбирање дека „вишите власти“ спомнати во 1. стих се Јехова Бог и Исус Христос, но Стражарска кула забележа дека „вишите власти“, всушност, ги претставуваат земните влади и дека тие се „поставени од Бог на своите релативни положби“ (Римјаните 13:1).

На некои од Сведоците им беше тешко да веруваат во ова преиначено гледиште бидејќи лидерите на земната влада на Советскиот сојуз беа премногу сурови во своите обиди да го збришат вистинското обожавање на Бог. Затоа, тие Сведоци мислеа дека изданието на Стражарска кула во која се наоѓаше новото разбирање не доаѓа од официјалната организација на Јеховините сведоци. Наместо тоа, тие мислеа дека тие информации ги измислиле оние кои направиле компромис со властите за да ги натераат Сведоците да бидат попослушни на Советската држава.

Затоа, секој слуга на Јехова во Украина се соочуваше со прашањето: ‚Која група е во право, а која не е во право?‘ Ги набљудував Сведоците кои ги поддржуваа различните страни во оваа расправија и се прашував: ‚Какви се нивните мотиви?‘ Наскоро можев да увидам јасна разлика помеѓу двете страни.

Повеќето од Јеховините сведоци сакаа лојално да останат со Јехова и неговата организација, иако некои од нив можеби не го разбираа целосно новото објаснување од Римјаните 13. поглавје. Меѓутоа, други почнаа да се сомневаат дека најновите публикации на Watch Tower Bible and Tract Society сѐ уште доаѓаат од официјалната организација на Јеховините сведоци. Тие имаа екстремни гледишта и за други работи. На пример, мислеа дека не е исправно невестата да носи бел фустан на свадбата и дека брачните партнери не треба да носат бурма. Некои ја напуштија организацијата. Меѓутоа, со текот на времето приличен број од нив ја увидоа својата грешка и почнаа повторно да му служат на Јехова.

Дејствување во тајност

Иако нашите христијански активности беа забранети, секогаш кога беше можно ги одржувавме нашите седмични состаноци во групи од 10 до 15 души. Од состаноците извлекувавме духовна сила, како од нашето проучување на Библијата така и од дружењето после проучувањето. Ги споредувавме нашите искуства и тоа ни помогна да сфатиме дека секој од нас ја води истата борба. Го зедовме при срце она што го напишал апостол Павле: „Што се однесува до страдањата, истите работи ја снаоѓаат целата заедница од ваши браќа по светот“ (1. Петрово 5:9).

Статиите од Стражарска кула беа темел врз кој ги водевме нашите дискусии. Како доаѓаа до нас овие списанија? Сведоци кои служеа како курири пренесуваа преку граница микрофилмови во Украина. Овие филмови минуваа низ една претходно договорена рута од еден Сведок до друг. Потоа, секој од нив правеше доволно копии за своето собрание. Понекогаш имав удел во правењето вакви копии. Работев по цел ден и бев зафатен во Јеховината служба ноќе, подготвувајќи списанија и вршејќи други работи. Беше предизвик да се биде во чекор со овој распоред, но оние од нас кои ја носеа одговорноста во организацијата научија дека Јехова „на заморениот му ја враќа силата“ (Исаија 40:29).

Создававме прилики да разговараме за Библијата со луѓето што ги сретнувавме. Многумина од нас го правеа тоа додека се возеа во средствата за јавен превоз. Еден вообичаен метод на започнување разговор беше едноставно да се чита дневниот весник и ненападно да му се спомнат најновите вести на сопатникот. Штом ќе започневме разговор, го насочувавме кон некоја библиска тема. На овој начин ја ширевме добрата вест во нашиот крај.

Способна жена

Во 1965 се оженив со Тамара, која пораснала како слуга на вистинскиот Бог и која знаеше што значи тоа да се заземе став за својата вера под испит. Брат ѝ, Сергеј, трипати бил затворан и осудуван заради неговите активности како Сведок. Последниот пат кај него биле пронајдени примероци на Стражарска кула и бил осуден на десет години затвор. Властите ја зедоа и Тамара во нивниот штаб за да ја сослушуваат и ѝ се закануваа со затвор.

Не ни беше лесно да најдеме место за живеење откако се венчавме, но едно семејство од Сокал, кое беше пријателски настроено кон Сведоците, ни понуди една мала собичка во нивниот дом за пониска цена. Семејството ни гарантираше дека Тамара може и понатаму да живее во собата ако ме уапсат и повторно отидам во затвор. Мојата сопруга и јас му бевме благодарни на Јехова за неговиот благослов и на семејството за нивната љубезност. Подоцна, кога во семејството имаше смртен случај, Тамара искористи прилика да ѝ ја објасни надежта во воскресение на ќерката, Галина. Семето на библиската вистина даде плод и Галина го засака нашиот Творец. Се крсти и сега му служи на Јехова заедно со својот сопруг.

Повеќето викенди во 1970-тите патував во различни делови на Украина, во Молдавија и на Карпатите, состанувајќи се со оние кои преземаа водство во Јеховината организација и охрабрувајќи ги. Обично заминував в петок навечер и се враќав дома доцна во недела. Тамара ретко знаеше каде одам и понекогаш дури не беше сигурна ни дали ќе се вратам. Оваа ситуација траеше со години. Можам само да го потврдам она што го вели Библијата за една способна жена: „Таа вреди повеќе од бисери“ (Пословици 31:10).

Во тоа време, секаква активност како Јеховин сведок носеше ризик. Можевме да продолжиме само со силата што ја дава Јехова. Безброј пати се соочив со тешки ситуации и не знаев што да правам. Затоа кажував тивка молитва и се потпирав на Јехова за сила. Тоа стана наш начин на живот (Дела 4:29).

Во поново време

Со текот на времето, за Јеховините слуги во Украина животот стана полесен. Прогонството се намали и затворските казни беа заменети со парични казни. Во 1980-тите, властите сфатија дека Јеховините сведоци навистина се меѓународна организација. Затоа, со тоа што ги ставаше в затвор Сведоците во Украина и на другите места низ Советскиот Сојуз, државата си го рушеше угледот што го имаше пред другите земји. Се сеќавам кога еден службеник кој ме сослушуваше ми рече: „Сега сфаќаме дека не мора да значи дека религијата е лоша. Главно сме заинтересирани некоја религиозна група да не ѝ наштети на државата“.

Во Источна Европа, железната завеса почна да се крева кон крајот на 1980-тите и оттогаш имаме поголема слобода во Украина. Во 1991 беше легализирано нашето проповедничко дело. Потоа, во септември 1998, Watch Tower Society отвори канцеларија на подружницата во Лавов. На почетокот на 1999 започна изградба на еден нов објект на подружницата, во кој ќе бидат сместени повеќе од 170 работници. Сега во Украина има повеќе од 112.000 лица кои учествуваат во проповедничкото дело и повеќе од 250.000 кои присуствуваа на Меморијалот во 2000. Највпечатлив е бројот на млади луѓе во нашите редови. На еден конгрес во Киев во 1991, репортерката од еден весник ме праша:

„Од каде доаѓаат сите овие луѓе? Мислев дека во Советскиот Сојуз нема Сведоци, а одеднаш гледам илјадници!“

„Не се појавивме одеднаш, преку ноќ“, ѝ реков. „Веќе многу години ние му служиме на Јехова овде“.

„Како успевате да привлечете толку многу млади луѓе во вашата религија?“, сакаше да знае таа.

„Најдобро е да ги прашате нив лично. Тие нека Ви кажат зошто сакаат да му служат на Јехова“.

„Веќе ги прашав“, рече репортерката. „Ми рекоа дека уживаат во тоа“.

„Е па тогаш, тоа е причината“, додадов јас. „Ако така велат нашите млади, тогаш тоа е објаснувањето“.

Младите не се единствените кои уживаат да му служат на Јехова. Тамара и јас заедно му служиме на Јехова вкупно повеќе од 80 години и за ништо не би сакале да ја промениме нашата вера. Иако сме Јеховини сведоци, сѐ уште имаме проблеми. Сфаќаме дека, сѐ додека трае овој стар систем, сите постојано ќе се соочуваме со тешкотии. Но, ние сме подобро опремени да се соочиме со испитите отколку која и да било друга група луѓе на Земјата. И понатаму сме одлучни да се соочуваме со овие испити исто како што правевме и во минатото, со сила од нашиот семоќен Бог, Јехова. Се чувствуваме исто како Мојсеј кога ја пеел победничката песна: „Моја сила, моја песна е Господ, зашто стана мој Избавител“ (Излез 15:2).

[Слика на страница 22]

Со другите Сведоци во работниот логор 21

[Слика на страница 22]

Микрофилм со украинска „Стражарска кула“ (вистинска големина)

[Слика на страница 23]

Со мојата сопруга, Тамара

[Слика на страници 24 и 25]

Уметнички приказ на новиот комплекс на подружницата која е во изградба во Лавов

[Слики на страница 25]

Зошто толку многу млади луѓе во Украина му служат на Јехова?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели