ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g01 8/6 стр. 8-11
  • Библијата — автентична историја?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Библијата — автентична историја?
  • Разбудете се! 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Динамична историја со силни лекции
  • Навремени лекции од еден древен расказ
  • Историска лекција за преживувањето
  • Историја што никогаш нема да се повтори
  • Дали Библијата навистина потекнува од Бог?
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Книга во која можеш да имаш доверба — шести дел
    Разбудете се! 2011
  • Што можеш да научиш за Творецот од една книга?
    Постои ли Творец кој се грижи за тебе?
  • Книга во која можеш да имаш доверба — трет дел
    Разбудете се! 2011
Повеќе
Разбудете се! 2001
g01 8/6 стр. 8-11

Библијата — автентична историја?

ТИЕ осудувале владетели. Критикувале свештеници. Го прекорувале обичниот народ заради неговата злоба. Ги запишале дури и сопствените пропусти и гревови. Биле гонети и прогонувани, а некои дури и убивани заради тоа што ја зборувале и ја запишувале вистината. За кого станува збор? За библиските пророци, од кои голем дел придонеле да се напише Светото писмо (Матеј 23:35—37).

Во својата книга The Historian and History (Историчарот и историјата), Пејџ Смит пишува: „[Евреите] биле подеднакво немилосрдни кон хероите како и кон никаквеците, кон себеси како и кон своите непријатели, затоа што пишувале под Божји надзор и немале да добијат ништо а ќе изгубеле многу ако прикриеле нешто“. Освен тоа, Смит напишал дека „во споредба со здодевните хронологии на воинствените цареви на Сирија и Египет, извештајот за неволјите и триумфот на Божјиот избран народ . . . претставува занесна приказна. Хебрејските хроничари откриле еден од најбитните елементи на историјата — тоа дека учесниците во неа се вистински луѓе, со сите нивни недостатоци и маани“.

Освен тоа, библиските писатели биле точни во детали. Откако писателот Вернер Келер ја анализирал Библијата во светло на историјата и археологијата, во воведот на својата книга The Bible as History (Библијата како историја) го рекол следново: „Со оглед на огромното мноштво автентични и добро посведочени докази со кои располагаме сега . . . во главата постојано ми одѕвонува оваа реченица: ‚Библијата сепак е во право!‘“

Динамична историја со силни лекции

Во најголем дел, библиските писатели биле обични луѓе — земјоделци, овчари, рибари. Сепак, она што го запишале во период од околу 1.600 години влијаело врз повеќе луѓе од кое и да е друго дело, древно или современо. Освен тоа, нивните записи биле напаѓани од сите страни, но напразно (Исаија 40:8; 1. Петрово 1:25). Денес Библијата може да се чита во целост или делумно на околу 2.200 јазици — многу повеќе од која и да е друга книга! Зошто Библијата е толку посебна? Следниве референции ни помагаат да одговориме на тоа прашање.

„Целото Писмо е инспирирано од Бог и корисно за поучување, за укорување, за исправање на работите, за дисциплина во праведност, за Божјиот човек да биде потполно способен, целосно опремен за секое добро дело“ (2. Тимотеј 3:16, 17).

„Сѐ што беше напишано порано, напишано беше за наша поука, за преку својата истрајност и преку утехата од Писмото да имаме надеж“ (Римјаните 15:4).

„Овие работи им се случуваа ним [на Израелците] како примери, и напишани се како предупредување за нас [христијаните] на кои дојдоа краевите на системите на работи“ (1. Коринќаните 10:11).

Да, како божествено инспириран и зачуван запис за вистински луѓе — од кои некои му биле угодни на Бог а некои не — Библијата се воздигнува над сите други книги. Таа воопшто не е ладнокрвен список на дозволени и забранети работи ниту, пак, збирка од симпатични куси приказни за разонода на децата. Точно е дека Бог употребил луѓе како запишувачи, но тоа само ја збогатило Библијата, давајќи ѝ срдечна привлечност што ги допира срцата на читателите од генерација на генерација. Археологот Вилијам Олбрајт изјавил: „Длабокиот морален и духовен увид на Библијата, кој сочинува едно уникатно откровение за Бог што луѓето го добиле преку човечкото искуство, е подеднакво веродостоен денес како што бил пред две или три илјади години“.

За да ја илустрираме неминливата важност на Библијата, да се вратиме на самиот почеток на човечката историја — каде што може да нѐ одведе само Библијата — и да разгледаме некои клучни лекции од книгата Битие.

Навремени лекции од еден древен расказ

Меѓу другото, книгата Битие го открива почетокот на човечката фамилија — имиња и сѐ друго. На оваа тема ниедно друго историско дело не е толку конкретно. ‚Но, од каква вредност е денес да ги знаеме нашите први предци?‘, можеби ќе прашате. Тоа има огромна вредност, бидејќи, со тоа што открива дека сите луѓе — без оглед на бојата, племето или нацијата — потекнуваат од истите родители, Битие отстранува секаква основа за расизам (Дела 17:26).

Битие ни дава водство и за моралот. Го содржи извештајот за Содом и Гомора и за нивните соседни градови, кои Бог ги уништил заради големата сексуална перверзија на нивните жители (Битие 18:20—19:29). Стих 7 од библиската книга Јуда гласи: „Содом и Гомора и градовите околу нив, откако . . . претерано вршеа блуд и тргнаа по тело заради неприродна употреба, поставени се пред нас како предупредувачки пример“. Народот на Содом и Гомора не добил никакви морални закони од Бог; меѓутоа, како и сите луѓе, тие поседувале совест дадена од Бог. Затоа, Бог можел со право да ги повика тие луѓе на одговорност за нивните дела (Римјаните 1:26, 27; 2:14, 15). Исто и денес, Бог ќе ги повика сите луѓе на одговорност за нивните дела, сеедно дали ја прифаќаат неговата Реч, Библијата, или не (2. Солуњаните 1:8, 9).

Историска лекција за преживувањето

Еден релјеф на триумфалната порта на Тит во Рим прикажува римски војници кои ги изнесуваат светите садови од храмот во Ерусалим по уништувањето на градот во 70 н.е. Загинале повеќе од еден милион Евреи. Меѓутоа, послушните христијани преживеале, благодарение на тоа што Исус однапред ги предупредил: „Кога ќе го видите Ерусалим опколен од улогорени војски, тогаш знајте дека неговото запустување се приближило. Тогаш оние кои се во Јудеја нека почнат да бегаат по горите, а оние кои се среде него нека излезат, и оние кои се во селата нека не влегуваат во него; бидејќи тоа се денови за извршување на правда“ (Лука 21:20—22).

Далеку од тоа да биде само древна историја, неволјата на Ерусалим навестувала аспекти на една поголема неволја која наскоро ќе го зафати целиот свет. Но, повторно, ќе има преживеани. Тие се опишани како „големо мноштво . . . од сите нации и племиња и народи и јазици“. Тие „доаѓаат од големата неволја“ заради нивната вера во Исусовата пролеана крв — вера која има цврсти темели во библиската историја и пророштва (Откровение 7:9, 14).

Историја што никогаш нема да се повтори

Денес живееме во времето на превласт на англо-американската светска сила, последната од библиското пророштво. Шаблонот по кој се одвива историјата вели дека, како што било случај и со другите сили пред неа, треба да ѝ дојде крајот. Но, како? Според Библијата, крајот на оваа сила навистина ќе биде нешто посебно. Укажувајќи однапред на 1914 н.е., Даниел 2:44 го вели следново во врска со владејачките политички сили, односно „царства“: „Во времето на овие цареви Небесниот Бог ќе подигне Царство кое никогаш нема да пропадне и не ќе помине врз некој друг народ. Тоа ќе ги разбие и ќе ги уништи сите оние царства, а самото ќе стои довека“.

Да, Божјето Царство — неговата небесна влада на чело со Христос Исус — ќе ја избрише секоја трага од угнетувачкото човечко владеење во Армагедон, кулминацијата на претходно спомнатата „голема неволја“. Потоа, ова Царство „не ќе помине врз некој друг народ“, што значи дека никогаш нема да биде соборено или срушено со гласање. Неговата власт ќе биде „до границите на светот“ (Псалм 72:8).

Конечно, овој суров циклус на доминација на лажната религија, угнетувачката политика и алчната трговија ќе биде прекинат. Псалм 72:7 ветува: „Ќе цветаат правдата и големиот мир — сѐ додека постои месечината“. Оваа планета ќе биде исполнета со Божјата доминантна особина љубов, а не со себичност и гордост (1. Јованово 4:8). Исус рекол: ‚Љубете се еден со друг‘. Во врска со ова, историчарот Вил Дјурант изјавил: „Мојата конечна лекција по историја е иста како и Исусовата . . . Љубовта е најпрактичното нешто на светот“.

Љубовта кон луѓето го поттикнала Бог да го инспирира пишувањето на Библијата. Само таа вистински го осветлува минатото, сегашноста и иднината. Ве молиме, прифатете ја нејзината животодавна порака посветувајќи малку време за да имате библиска студија. За таа цел и од послушност на Исусовата заповед, Јеховините сведоци ја споделуваат ‚добрата вест за царството‘ со своите ближни. Оваа добра вест наскоро ќе биде повеќе од пророштво. Таа ќе стане жива историја (Матеј 24:14).

[Истакната мисла на страница 9]

„Библијата сепак е во право!“ (ВЕРНЕР КЕЛЕР)

[Истакната мисла на страница 11]

„Длабокиот морален и духовен увид на Библијата . . . е подеднакво веродостоен денес како што бил пред две или три илјади години“ (ВИЛИЈАМ ОЛБРАЈТ, АРХЕОЛОГ)

[Слики на страница 9]

Моавски камен: Ја содржи верзијата на царот Моса за конфликтот помеѓу Моав и Израел (2. Цареви 3:4—27), имињата на различни библиски места и Божјето име во древните хебрејски писма.

[Извор на слика]

Музеј Лувр, Париз.

Сребрена монета на денариј: Репродукцијата носи слика и натпис на ќесарот Тибериј (Марко 12:15—17).

Набонидова хроника: Плоча со клинесто писмо што го потврдува ненадејниот пад на Вавилон под власта на Кир (Даниел, 5. поглавје).

[Извор на слика]

Фотографирано со љубезна дозвола на Британскиот музеј.

Камена плоча: На неа стои името на Понтиј Пилат на латински.

[Извор на слика]

Фотографија © Израелски музеј (Ерусалим); со љубезна дозвола на Израелската управа за антиквитети.

Свитокот од Мртвото Море во заднината: Со проучување на текстот на Исаија е докажано дека оваа книга останала практично непроменета во период од 1.000 години рачно препишување.

[Извор на слика]

Светилиште на Книгата, Израелски музеј (Ерусалим).

[Слики на страница 10]

Еден релјеф на триумфалната порта на Тит го потврдува уништувањето на Ерусалим во 70 н.е.

[Извор на слика]

Soprintendenza Archeologica di Roma

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели