ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g01 8/7 стр. 3-4
  • Лицето на современата војна

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Лицето на современата војна
  • Разбудете се! 2001
  • Сличен материјал
  • Лесно оружје, тешки проблеми
    Разбудете се! 2001
  • Војната го промени својот лик
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Помагај им на „дојденците“ радосно да му служат на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Луѓето во потрага по сигурност
    Разбудете се! 2002
Повеќе
Разбудете се! 2001
g01 8/7 стр. 3-4

Лицето на современата војна

НАБРЗИНА се подигна логор за бегалци за потребите на 1.548 бегалци што неочекувано пристигнаа од една соседна африканска земја. Сини и светло кафеави шатори стоеја подигнати на една каллива чистинка во една шума од палми. Немаше струја и постелнина, а немаше ни чешми ниту тоалети. Врнеше. Бегалците земаа стапови и копаа мали ровови за водата да не ги поплави шаторите. Две меѓународни агенции за хуманитарна помош избезумено работеа на тоа да ги подобрат условите за живот.

Претходно, бегалците искористија прилика да се качат на еден дотраен товарен брод за да избегаат од граѓанската војна што со години беснее во нивната земја. Таа војна не се водеше со колони тенкови или со тешки бомбардери. Започна тогаш кога 150-тина војници вооружени со автоматски пушки надуено се рашетаа низ земјата. Во текот на следните години, војниците пљачкаа од село во село, барајќи данок од цивилното население, регрутирајќи уште војници и убивајќи го секого што ќе им се спротивставеше. На крајот ја освоија целата земја.

Една од бегалците во кампот беше една млада жена, Естер. „Најтешкото нешто што го доживеав во животот беше загубата на мојот сопруг во војната“, рече таа. „Го убија. Луѓето многу се плашат. Слушаш како некој вика и мислиш дека некој доаѓа да те убие. Секогаш кога ќе видиш некого со пушка, мислиш дека ќе те убие. Никогаш не бев опуштена. Само овде можам да спијам ноќе. Дома не можев да заспијам. Овде спијам како бебе.“

„Дури и во овие влажни шатори?“, праша дописникот на Разбудете се!

Естер се насмеа. „Дури и ако треба да спијам во калта, ќе спијам подобро отколку што спиев таму од каде што доаѓам.“

Десетгодишниот Амброз поминал поголем дел од својот живот бегајќи од воените зони заедно со своето семејство. „Би сакал да доживеам да има мир и повторно да одам на училиште“, рекол тој. „Јас, сепак, веќе пораснав.“

Кпана има девет години и прекрасни кафеави очи. Кога ја запрашавме што е првото нешто на што се сеќава, таа без двоумење одговори: „Војна! Борби!“

Војната од која избегале овие луѓе е нешто вообичаено во изминативе години. Според еден извор, од 49 поголеми конфликти што беснееја од 1990, 46 се водени само со лесно оружје. За разлика од мечот и копјето, кои бараат вештина и сила за да се користат ефикасно во војна, рачното оружје им овозможува да водат војна и на аматерот и на професионалецот.a Честопати се регрутирани тинејџери и деца, кои потоа се присилени да пљачкаат, да осакатуваат и да убиваат.

Голем број од овие конфликти не се водат меѓу неколку земји туку внатре во нив. Не ги водат обучени војници на бојното поле туку, во најголем дел, цивилите во градовите, гратчињата и селата. Бидејќи голем дел од борбите ги водат оние што немаат воена обука, тие не покажуваат голема грижа на совеста при прекршувањето на традиционалните правила на војување. Како резултат на тоа, секојдневно доаѓа до жестоки напади врз невооружени мажи, жени и деца. Се верува дека во денешните војни, повеќе од 90 проценти од жртвите се цивили. Во таквите војни, рачното и лесното оружје играат главна улога.

Се разбира, конфликтите не ги предизвикува директно оружјето — луѓето се бореле долго време пред да се измисли барутот. Меѓутоа, резервите од оружје можат да охрабрат на борба наместо на преговори. Оружјето може да придонесе војните да траат подолго и да има поголемо крвопролевање.

Иако оружјето што се користи во денешните војни е лесно оружје, тоа носи тешки последици. Во текот на 1990-тите, од такво оружје загинале повеќе од четири милиони луѓе. Повеќе од 40 милиони други станале бегалци или се раселиле на други места. Рачното оружје ги осакатило завојуваните заедници во политички, социјален, економски и еколошки поглед. Трошокот на меѓународната заедница во поглед на прва помош во итни случаи, грижа за бегалците, одржување на мирот и воени интервенции достигна десетици милијарди долари.

Зошто рачното оружје игра толку голема улога во современите конфликти? Од каде доаѓа? Што може да се направи за да се ограничи или да се отстрани неговиот смртоносен ефект? Овие прашања ќе ги разгледаме во следните статии.

[Фуснота]

a Терминот „рачно оружје“ се однесува на пушки и пиштоли — оружје што може да го држи едно лице; изразот „лесно оружје“ вклучува и митралези, минофрлачки и фрлачки на гранати, со кои понекогаш треба да ракуваат две лица.

[Извор на слика на страница 3]

ФОТОГРАФИЈА НА ОН 186797/J. Isaac

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели