ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g01 8/8 стр. 8-12
  • Како преживеа религијата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како преживеа религијата
  • Разбудете се! 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Високо ценети од КГБ“
  • Слугинка на советската држава
  • Како преживеале Сведоците
  • Како се промениле околностите
  • Советскиот напад на религијата
    Разбудете се! 2001
  • Во фокусот на советскиот напад
    Разбудете се! 2001
  • Каква е иднината на религијата?
    Разбудете се! 2001
  • Русите ја ценат слободата на обожавање
    Разбудете се! 2000
Повеќе
Разбудете се! 2001
g01 8/8 стр. 8-12

Како преживеа религијата

КОГА во јуни 1941 нацистичка Германија ја нападна Русија, Советите практично ја уништија руската православна црква. Но, по нацистичката инвазија, Советите почнаа да го менуваат својот став кон религијата. Што го предизвика ова?

Ричард Овери, професор по современа историја на Кралскиот колеџ (Лондон), објаснил во својата книга Russia’s War—Blood Upon the Snow (Руската војна — крв врз снегот): „На самиот ден на германската инвазија, митрополитот Сергеј, поглавар на Црквата, упати повик до верниците да сторат сѐ што е можно за да се освои победа. Тој објави најмалку дваесет и три посланија во текот на следните две години, повикувајќи го своето стадо да се бори за безбожната држава во која живееја“. Затоа, продолжува Овери, ‚Сталин дозволи религијата повторно да цвета‘.

Во 1943, Сталин конечно се согласи да ја признае православната црква поставувајќи го Сергеј за нејзин нов патријарх. „Црковните власти одговорија собирајќи пари од верниците за да се финансира советската оклопна колона“, забележал Овери. „Свештениците и епископите ги повикаа своите собранија да ја запазат верата, Божјата и онаа на Сталин.“

Опишувајќи го овој период на руската историја, рускиот религиозен изучувач Сергеј Иваненко напишал: ‚Официјалната публикација на руската православна црква, Весник на московската патријаршија, го фалеше Сталин како најголем водач и учител на сите времиња и нации, испратен од Бог да ја спаси нацијата од угнетување, од земјопоседниците и од капиталистите. Таа ги повика верниците да ја пролеат дури и последната капка крв за да го одбранат СССР од непријателите и да дадат сѐ од себе за да се изгради комунизмот‘.

„Високо ценети од КГБ“

Дури и откако заврши II светска војна во 1945, православната црква продолжи да им користи на комунистите. Публикацијата The Soviet Union: The Fifty Years (Педесетте години на Советскиот Сојуз), издадена од Харисон Салисбери, откри зошто е тоа така: „Со крајот на војната, црковните водачи попуштија на барањата на Студената војна што ги наметна надворешната политика на Сталин“.

Најновата книга Мечот и штитот опишува како црковните водачи им служеле на советските интереси. Таа објаснува дека патријархот Алексеј I, кој го наследил Сергеј како патријарх во 1945, „се приклучил на Светскиот совет за мир, советска организација основана во 1949, која служела како параван“. Оваа книга исто така забележува дека тој и митрополитот Николај „биле многу ценети од КГБ [Разузнавачка служба на Советскиот сојуз] како агенти со големо влијание“.

Значајно е тоа што во 1955, патријархот Алексеј I изјавил: „Руската православна црква ја поддржува целосно мирољубивата надворешна политика на нашата влада, не затоа што на црквата наводно ѝ недостига слобода туку затоа што советската политика е праведна и се совпаѓа со христијанските идеали што ги проповеда Црквата“.

На 22 јануари 2000, во изданието на The Guardian од Лондон (Англија), цитиран е отпадничкиот православен свештеник Ѓорѓиј Еделштајн: „Сите епископи беа внимателно избрани за да соработуваат со советската влада. Сите беа агенти на КГБ. Добро е познато дека патријархот Алексеј беше ангажиран од КГБ, под псевдонимот Дроздов. Денес, тие ја зачувуваат истата политика што ја водеа пред 20 или 30 години“.

Слугинка на советската држава

Во врска со односот помеѓу православната црква и Советите, списанието Life од 14 септември 1959 забележа: „Сталин направи некои отстапки за религијата, и религијата го третираше како цар. Соработката на православието е осигурана со едно посебно владино министерство и оттогаш комунистите ја користат црквата како продолжена рака на советската држава“.

Метју Спинка, авторитет на полето на руските црковни работи, го потврдил постоењето на тесна врска помеѓу црквата и државата во својата книга од 1956, The Church in Soviet Russia (Црквата во советска Русија). „Сегашниот патријарх Алексеј“, напишал тој, „намерно ја направи својата Црква алатка на владата.“ Навистина, православната црква, всушност, преживеа со тоа што стана слугинка на Државата. ‚Но, дали тоа заслужува таков прекор?‘, можеби ќе прашате. Па, размислете како гледаат на оваа работа Бог и Христос.

За своите вистински ученици, Исус Христос рекол: „Не сте дел од светот, туку јас ве избрав од светот“. А Божјата реч остро прашува: „Прељубници, зарем не знаете дека пријателството со светот е непријателство со Бог?“ (Јован 15:19; Јаков 4:4). На тој начин, како што Библијата го прикажува тоа, црквата направила од себе религиозна блудница со која „царевите на земјата извршија блуд“. Таа се покажала како дел од она што Библијата го нарекува „Големиот Вавилон, мајката на блудниците и на одвратните земни работи“ (Откровение 17:1—6).

Како преживеале Сведоците

За разлика од тоа, Исус Христос открил по што ќе бидат познати неговите вистински следбеници, велејќи: „По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе“ (Јован 13:35). Оваа љубов била клучен фактор во преживувањето на Сведоците во поранешниот Советски Сојуз, како што се гледа од следниов извештај во Мечот и штитот. „Јеховистите во секој поглед им помагаат на своите соверници што се во [работните] логори или што се депортирани во внатрешноста, снабдувајќи ги со пари, храна и облека“.

Во „храната“ што им беше обезбедена на оние во затворските логори имаше и духовна храна — Библии и библиска литература. Библијата содржи ‚Божји изјави‘ што Исус рекол дека ни се потребни за да се одржиме духовно живи (Матеј 4:4). Оние што шверцуваа литература во логорите се изложуваа на голем ризик, бидејќи секој што ќе беше фатен да го прави тоа, беше строго казнуван.

Хелена Целмина, летонка, беше затворена во Потма, руски казнен логор, од 1962 до 1966. Таа ја напиша книгата Women in Soviet Prisons (Жените во советските затвори), каде што објаснува: „Многу Јеховини сведоци добиваат по десет години тешка работа само затоа што имале неколку примероци од списанието Стражарска кула во својот стан. Бидејќи луѓето се апсени заради тоа што ги поседуваат овие списи, разбирлива е вознемиреноста и огорченоста на администрацијата заради присуството на ваква литература во логорот“.

Сигурно, ризикувањето на личната слобода и безбедност за да се обезбеди духовна помош беше доказ за христијанска љубов! Но, иако тоа беше еден важен фактор во преживувањето на Сведоците, имаше еден уште поважен фактор. „Никој не можеше да сфати“, забележала Хелена Целмина, „како можеше во оваа земја на бодликава жица и ограничени контакти со луѓе да продре забранета литература.“ Тоа изгледало невозможно, бидејќи се вршел детален претрес на секој што ќе влезел во затворот. „Се чинеше како ноќе да долетале ангели и ја фрлиле внатре“, напишала оваа авторка.

Впрочем, Бог ветил дека нема да го остави, односно напушти, својот народ. Затоа, Јеховините сведоци во поранешниот Советски Сојуз спремно признаваат, како што признал и библискиот псалмист: „Ете, Бог ми помага“ (Псалм 54:4; Исус Навин 1:5). Навистина, ваквата помош била важна за преживувањето на Сведоците во поранешниот Советски Сојуз!

Како се промениле околностите

На 27 март 1991, Јеховините сведоци станаа законски призната организација во Советскиот Сојуз, кога се потпиша една законска повелба што ја содржи и следнава декларација: „Целта на оваа религиозна организација е да го извршува религиозното дело на објавување на името на Јехова Бог и неговите љубезни подготовки за човештвото преку неговото небесно Царство со кое владее Исус Христос“.

Некои од начините за да се изврши ова религиозно дело што беа наведени во повелбата се јавното проповедање и одење во домовите на луѓето, поучување за библиските вистини на оние што се спремни да слушаат, водење бесплатни библиски студии со помош на публикациите за проучување на Библијата и дистрибуирање Библии.

Откако беше потпишан овој документ, пред повеќе од десет години, Советскиот Сојуз се распадна, а положбата на религијата суштински се промени во 15-те поранешни советски републики. Што може да се каже за иднината на религијата таму, како и во целиот свет?

[Рамка на страница 11]

Соработката меѓу црквата и Советите

Во својата книга Russia Is No Riddle (Русија не е загатка), објавена во 1945, Едмунд Стивенс пишува: „Црквата многу внимаваше да не ја касне раката што ја хранеше. Таа сосема добро сфати дека за возврат за услугите што ѝ беа направени, Државата очекува Црквата да му даде цврста поддршка на системот и да дејствува во рамките на определени граници“.

Стивенс понатаму објаснува: „Многувековната традиција на службена државна религија беше длабоко вкоренета во православната црква и затоа таа сосема природно се вклопи во својата нова улога на тесна соработка со Советската влада“.

Институтот Кестон темелно ја истражи соработката што во минатото постоела помеѓу Советите и Алексеј II, денешниот патријарх на руската православна црква. Заклучокот на неговиот извештај гласеше: „Соработката на Алексеј воопшто не беше исклучок — речиси сите високи поглавари на сите официјално признати религиозни вери — вклучувајќи ги католиците, баптистите, адвентистите, муслиманите и будистите — беа ангажирани агенти на КГБ. Впрочем, годишниот извештај што го опишува ангажирањето на Алексеј опфаќа и многу други агенти, некои од нив од естонската лутеранска црква“.

[Рамка/слика на страница 12]

Да се дојде до оние што се во логорите

Викторс Калнинс, литвански новинар, го поминал поголемиот дел од својата десетгодишна затворска казна (1962—1972) во мордовскиот логорски комплекс, околу 400 километри југоисточно од Москва. Во едно интервју за дописникот на Разбудете се! во март 1979, Калнинс бил запрашан: „Дали интернираните Сведоци знаат што се случува во Соединетите Држави или во другите земји во поглед на организацијата?“

„Знаат“, одговорил Калнинс, „и тоа преку литературата што ја добиваат . . . Тие дури и ми ги покажаа своите списанија. Никогаш не знаев каде е скриена литературата; одвреме навреме тоа се менуваше. Но, сите знаеја дека во логорот има литература . . . Стражарите и Јеховините сведоци беа како Том и Џери — едните се обидуваа да ја скријат литературата додека другите се обидуваа да ја најдат!“

На прашањето: „Дали Јеховините сведоци се обидуваа да Ви зборуваат за своите верувања?“, Калнинс одговорил: „О да! Тие се добро познати. Знаеме сѐ за Армагедон . . . Тие многу зборуваа дека ќе им дојде крај на болестите“.

[Слика]

Сведоците во мордовските логори храбро ги споделуваа библиските вистини

[Слика на страници 8 и 9]

Вовчукови беа депортирани во Иркутск (Сибир), во 1951 и денес сѐ уште се верни христијани

[Слика на страница 10]

Заради поддршката од црквата во текот на II светска војна, Сталин дозволи религијата привремено да цвета

[Извор на слика]

Фотографија на армијата на САД

[Слика на страница 10]

Патријархот Алексеј I (1945—1970) рекол: ‚Советската политика се совпаѓа со христијанските идеали што ги проповеда Црквата‘

[Извор на слика]

Централната државна архива во врска со филмски/фотографски/фонографски документи во Санкт Петербург

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели