ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g01 8/10 стр. 31
  • Љубовната песна на штурецот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Љубовната песна на штурецот
  • Разбудете се! 2001
  • Сличен материјал
  • Нова песна
    Пеј му од срце на Јехова
  • Нова песна
    Пејте му на Јехова
  • Откриена тајната на минијатурното уво
    Разбудете се! 2003
  • Нова песна
    Пејте му фалби на Јехова
Повеќе
Разбудете се! 2001
g01 8/10 стр. 31

Љубовната песна на штурецот

СО ДОЛЖИНА од најмногу пет сантиметри, штурецот можеби не изгледа многу импресивно. Сепак, песната на овој штурец го пленува вниманието на милиони луѓе во светот. Како пее ова мало суштество и со каква цел?

Интересно, од приближно 2.400 видови штурци, само мажјаците пеат, односно цврчат. Наместо да пеат со грлото, мажјаците на штурецот создаваат музика со своите крилца. Една енциклопедија објаснува дека мажјаците цврчат на тој начин што тријат дел од едно предно крилце наспроти еден ред од околу 50 до 250 запци на спротивното предно крилце. Фреквенцијата на цврчењето зависи од бројот на запци што ги удира во секунда. Вибрациите го исполнуваат воздухот со карактеристичната песна на штурецот.

Но, сигурно дека мажјакот штурец не пее само за да им биде забавно на луѓето што го слушаат! Навистина не! Планираната публика на овој музичар е потенцијалниот партнер. Книгата Exploring the Secrets of Nature (Истражување на тајните на природата) објаснува: „Во својата потрага по партнер, мажјакот штурец, вешт комуникатор, пее три различни песни: една за да го разгласи своето присуство, една за да се додворува и една за да ги истера непожелните соперници“. Некои штурци не престануваат да пеат за да го разгласат своето присуство сѐ додека не се заинтересира некоја женка. Кога ќе ја чуе песната со „ушите“ што ги има на предните нозе, женката не е задоволна само со додворување од далеку. Кога ќе се приближи до изворот на цврчењето, мажјакот ќе почне да пее со едно непрекинато цврчење — додворувачката песна. Оваа серенада ја намамува женката кон нејзиниот кандидат и двата штурци се парат.

Во Источна Азија, некои луѓе чуваат штурци како домашни миленичиња затоа што се забавуваат со нивната песна. Други, пак, повеќе сакаат да уживаат во таа музика во природното живеалиште на штурецот. Каде и да е, песната на штурчето ги восхитува луѓето што ја слушаат во целиот свет и му носи фалба на својот Конструктор.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели